Oд моја лична грешка, за која дури сега открив сакам да споделам дека деновите од неделата и месеците се пишуваат со мала буква, а не како мене со голема Па добро бре девојки, зошто до сега никоја не ми кажа, барем немаше толку време да бидам во заблуда
Гледам сте си се поздравиле и сте си се почастеле со ПОЛИТАНКИ. Е сега јас знам дека се нарекуваат НАПОЛИТАНКИ. Во право сум или можеби не? Како е правилно? Ме замисливте
Сеси можда си ги збркала со англискиве, ма кој приметил тоа. Ти И дА пИшУвАш ЛиГаВеШкАтА вАкА нЕмА вЕзА, вАжНо Е тОа шТо Си гО нАпиШаЛа
Прочитав дека некои се бунеле дека тука не треба да се пишува правописно, затоа што е ова форум. Дека како форум има многу дијалекти и уличен говор и не знам си таму што ти не. Меѓутоа, мислам дека идејата е повеќе од одлична, бидејќи постои разлика помеѓу стандардниот (литературатурен) јазик и правописот. Никој не забранува, ниту советува, ниту замолува тука да разговараме на стандарден јазик, туку напротив, на кој дијалект, сленг, жаргон и да се пишува, сепак да биде правилно напишано, бидејќи НЕ САКАМ се пишува исто и на кумановски и на скопски и на уличен и во бирократскиот говор. Исто така, морам да ви кажам, ве молам не ми се лутете, не е навреда или нешто, само ме повреди и видно сум разочарана од тоа што најмногу се бунеа за оваа тема оние кои студираат филологија. И извинете уште еднаш, но јазикот се брани секаде, на форум, во јавност, дома... Слично како кога веруваш во нешто, на пример во Господ веруваш секаде, не само кога стоиш во црква (карикирам сега со примеров, меѓутоа не е толку голема разликата). И никој не го оспорува твојот 9 просек, но ако си го добила на испит и колоквиум, сите ќе бидеме посреќни ако го применуваш секаде, па дури и на форумов. Јас се обидувам да пишувам правописно, меѓутоа луѓе сме и нормално е да правиме грешки и додека сме живи да учиме. Наздравувам во име на темава
Значи еден апел. Како девојки срамота е да не знаеме како се пишува гинеколог Правописно е ГИНЕКОЛОГ, а не ГЕНИКОЛОГ, или ГИНИКОЛОГ
Зо6то? Јас пак од 6еС4иња. -.- Може да ми каже некој нешто за наводнициве, не ми се јасни.. Кои се кога пишувам наслов, кои за цитат и кои кога мислам нешто да ставам под наводници, во стил ако сум си поминала лошо ќе речам си поминав убаво и тоа убаво под наводници.
Факт е дека е убаво да се пишува правилно. И мислам дека никој не се буни за тоа. И јас се нервирам кога ќе прочитам некоја банална грешка. НО, целта е, дека колку и да сакаме не можеме баш секогаш правилно да напишеме ( зошто нели овде е во пишана верзија). Она што сакам да го кажам е дека сме некако послободни. Друга работа, што верувам дека ќе се согласат и сите кои студираат филологија, таму не се оценува само правопис, и таму нема дијалекти кога станува збор за граматика- таа е една. Правопис- Почеток на реченица со голема буква, запирки, две точки, значи интерпункциски знаци и сл. Да не е жалам место шалам. Што се сосема различни поими. А дали некој говорел(во сличајов пишувал) литературно, не би требало да замериме. За наводниците- за наслов се горе значи пред насловот и доле после насловот, а кога сакаме да искажеме нешто со обратно значење ги ставаме горе од двете страни. Ако грешам исправете ме.
Еве вака Јас и пред да почнам со муабетот се извинив, затоа што претпоставив дека ќе бидам сфатена во погрешна конотација и дека тотално нема да ме разберат некои луѓе. Не те нападнав, ниту тебе, ниту никој. Сепак никој од нас не е тука да се замара, туку да се одмори, да прочита нешто интересно, крај краева и да научи нешто. Мислам муабетот беше дека некои зборови едноставно е страшно да се грешат кога се пишуваат, а под тоа се подразбира: фторник Мај, Јуни леп оргинален сеуште одбрамбен взаемно чуство звони кључ детаљи интелегенција значи не од типот на: највише vs најмногу, туку разликата во највише vs нај више; најмногу vs нај многу ... Постои разлика, нели? и така натаму и така натаму и така натаму Сакав да кажам, дека овие правила како и многу други, треба да ги знаеме и во сон и будни и болни и здрави, ма дури и на форум. Вакви грешки не се прават, или знаеш или не знаеш, трето нема... а цело време да се прави една иста грешка не е возможно... Пак ќе се повторам, учиме додека сме живи, грешиме додека сме живи... Идејата на темава е да дознаеме каде се пишуваат наводници, каде голема буква, каде запирка... Никогаш не реков дека не грешам, а исто така се надевам дека не навредив некого. Мојата идеја на постот беше - некои работи, во случајов зборови едноставно или ги имаш во мозочниот речник или ги немаш. That's it Се надевам нема да ме разберете повторно погрешно, најдобронамерни ми се постовите
Тами не, не е навредливо или било што. И тие некои зборови како фторник, леп детаљи не се само правопис, луѓето ги пишуваат како што ги изговораат(не е изговаараат туку говорат-изговораат). Значи да се потрудиме на луѓево да им објасниме дека треба правилно да се зборува, мислам дека тогаш правилно и ќе пишуваат. И да точно е, треба сите да знаеме кажав за интерпункциски знаци, каде стојат и зошто. Само едно прашање, може сум јас грешка не знам. Што е погрешно во: взаемно и оригинален.
ХА хаха е сега се пресмеав, ја оригинален сум си го напишала точно, и се чудам што не е точно, реков ја глупа сум. А за заемно, искрено прв пат слушам.
мило ми е што конечно се пронајдовме на иста бранова должина Не напишав оригинален, туку оргинален*, веќе некој одговорил на тоа прашање... Група ВЗ во македонскиот јазик не постои, па затоа е заемно, а не взаемно и така натаму
А што е со се пресмеав, или ме пресмеа??? Не би требало се изнасмеав, ме изнасмеа? Или јас сум грешка? Ова ме иритира најмногу од се на форумов...а е толку често, дури и во секое второ мислење од темата ,,смешни мислења,, ќе го прочиташ...
Па тоа веќе не е за правопис, правилно е напишано и пресмеа и изнасмеа. Инаку, не верувам да е литературно "ме пресмеа", ама се користи многу често, исто како и многу други зборови што не се литературни.
Иако е темата правопис, не прашав од тој аспект, бидејќи низ темава се вртат и прашања кои не се поврзани со правописот, туку ме интересираше како збор, пре и смеа? , дали се употребува да речеме како се прејадов, или е грешка неговото користење, затоа што јас освен на форумов никаде на друго место го немам слушнато, а и не ми звучи воопшто логично, а тука е масивно применет, па чисто ме интересираше... Инаку знам дека не е со две с, со две р, итн