Кога станува збор за Форум како овој, односно за неформален разговор нема потреба да се крева некоја огромна паника... Можеме да го користиме Форумов за едни од други да научиме нешта кои не ги знаеме, да дискутираме без да се навредуваме затоа што на тој начин покажуваме дека не само што не знаеме да пишуваме, туку и дека не сме интелектуалци какви што мислиме дека сме. Она што би требало да не загрижува најмногу, нам како нација е фактот дека голем број луѓе кои се декларираат како политички врв, како експерти за оваа или онаа област не знаат најобични зборови да ги изговараат така како што треба, а за пишување не сакам ни да знам. Да тргнеме од тоа дека таканаречените лектори на нашите таканаречени вести, квизови, емисии една обична најава за вест не знаат да ја состават како што треба. Еве на пример, лекторот на неколку наши телевизии треба да научи дека сеуште не се пишува заедно многу одамна, туку се пишува одделно и со акцент на се - сè уште. Да не набројувам многу други примери кои секојдневно ги забележувам. Јазикот е богатство за секоја нација кое мора да се негува, а не да се збогатува со некои банални транскрипции на странски јазици кои само би изгледале помодерно, а на крај се всушност голема глупост.
Кога станува збор за правописни грешки на форумов, ги приметувам ,ама не замерувам многу. Нешто што најмногу ме нервира е пишување на дијалект, значи полошо од тоа нема. Прво се мачиш да разбереш, тотално конфузно и непрегледно. И јас секојдневно си зборувам на дијалект, не сум од Скопје, ама на форум никогаш не сум пишувала на кумановски.
Поентата на оваа тема не беше да се забележува некому за грешките. Сите правиме грешки при куцање, и кога некој пишува на дијалект, се гледа дека е на дијалект. Најмалку намерата ми беше да цитираме постови, и да бараме правописни грешки низ постовите. Темата ја замислував како место на кое можеме да даваме некои генерални забелешки, но и да поставуваме прашања како се пишува некој збор, ако не сме сигурни. Сите сме учеле правопис, но се' се заборава. Грешки се прават насекаде околу нас, па лесно може да се случи да прифатиме одредени погрешни зборови, мислејќи дека се точни. Темата ја отворив откако забележав дека ни јас сама не сум сигурна како се пишуваат одредени зборови, а со оглед на тоа што има многу филолози на форумов, некој ќе може да ми даде одговор на прашањата.
Луѓе тука сме да си помогнеме една на друга, доколку некој има потреба од некаков совет или слично, а не да се осудуваме една со друга за правописот, дијалектот итн... На форумов ќе се сретнеме со луѓе со високо интелектуално ниво, со ниско, но сеедно, секој од нас заслужува да му се помогне, доколку е тоа можно. Свесни сте дека со ова наше изјаснување во врска со правописните грешки на форумџиките можеме да постигнеме само негативен ефект, наместо на некого да му помогнеме, ние уште однапред ги осудуваме на молк во врска со нивните проблеми поради тоа што тие не се од Скопје, зборуваат на некој дијалект или пак немаат богат речник?! Секој има право да се логира на овој сајт и да побара наша помош или мислење на некоја тема без да биде осуден за начинот на изразување, да биде понижен или сл. Крај краева, ова не е некој форум каде што се разговара за правописни и литературни грешки, ова е женски форум каде што треба да ги споделиме нашите брачни, сексуални и ред други искуства од секојдневниот ни наш мил и напатен женски живот Искрено мислам дека оваа тема треба да се затвори, или пак, да не се осудуваат форумџиките кои во момент на лутина, нервоза или што ли уште не пишале "неможам" или "не можам", "љубомора" или "јубомора"... сосема не битно! Имајте во предвид дека тука има девојки, жени, девојчиња, на секаква возраст, образувани и не образовани, но сите тие имаат подеднакво право на совет, помош и по некој убав збор. Би ве замолила оваа тема да се затвори или избрише, ако е можно, а ако не, бар да се избришат коментарите каде што се реплицирани некои мислења, посочени како пример на погрешно напишани зборови и слично. Поздрав и не ме сфаќајте погрешно, но навистина мислам нема потреба од ова.
Хаха, навистина повеќето од коментарите се на место Кога веќе го спомнуваш „сфаќа“ морам да го нагласам и ефтино! А не евтино! На реклами на ТВ го грешат, на големи супер маркети испишано е грешно-мислам дека треба да се води сметка!
Не гледам зошто би се избришала оваа тема...Единственото нешто што треба да го правиме е да си помагаме за да научиме нешто ново, мислам дека никој од нас кој коментирал на оваа тема нема намера да навреди, но факт е дека правилниот правопис е многу важен за секој од нас, без разлика на ниво на образование, возраст или било која друга категорија, затоа што ние секојдневно мораме да се изразуваме правилно во безброј ситуации на кои наидуваме. Пополнуваме различни документи, формулари и сл. па никому не би му штетело да научи нешто што не го знаел или што го грешел. Напротив сметам дека темата е максимално корисна.
Јас некогаш не можам да се изначудам какви грешки прават луѓево. Едни од прилично БЕДНИТЕ грешки што сум ги прочитала: моабет, сварно (наместо стварно), женски те (наместо Женските) , добродојде, чешал (наместо чешел)... Типот од свати-сфати, незнам-не знам итн. ке поминат ама овие овде.... немам коментар едноставно :\
јас никаде никого не осудив, го посочив примерот бидејќи така ми дојде. постот беше веднаш под мојот и затоа и беше цвеќенцето а за употреба на голема буква - па според мене, нема смисла да ја почнувам секоја реченица со голема буква во постови како и да е, офтопик сум ама нема веза, сакав да се дообјаснам
Лелеее навистина кревате прашина околу ништо, дајте луѓе сме па ова е форум за да се дружиме а не да се критикуваме а и плус тоа секој си има свое право како сака да пишува, например кај мене може да најдете еден куп правописни грешки ама немам намера да обраќам внимание на тоа, поздрав
Знчи никој не крева прашина. Само си кажуваме забелешки. И не е работата до грешките на форумов, туку тоа што пола младина е неписмена и прави основни грешки.
Jас пак Libellula не се согласувам со тебе дека младината е неписмена, донекаде добро не викам не, има некои млади што не знаат убаво да се изразат и незнаат да поврзат како што треба една реченица или не убаво читаат или пак прават правописни грешки кога пишуваат, ама не е таков случајот со сите. Jас не се сметам за неписмена, многу добро знам македонски и граматика ми оди па затоа слободно се сметам за писмена туку сакав да кажам тие што незнаат правилно да пишуваат можеби не посветиле доволно внимание во основно училиште кога се учело основното после е се надополнување, а и да додадам ако не го знаеме нашиот јазик и нашата граматика нема да може да научиме друг странски јазик.Добро, не викам дека се знам, нормално и јас уште треба да се надополнувам , некои работи во граматиката се уште ги немам учено , но има време и тие ќе ги научам со тек на време. Мене од секогаш ме нервирало кога некој ќе напише или рече прецедател место претседател или моркоф место морков ,ама тоа е ,се учи додека си жив ,па ако некој згреши или нешто погрешно каже да не му замеруваме, туку да се потрудиме на убав начин да му укажеме на грешката и убаво да му објасниме. Во врска со форумов најмногу ме нервира кога ќе прочитам мислење со латиница и не го ни читам дури- не е тешко да се стисне 2 пати на шифт или цтрл +алт , а за правописот нормално не ми е убаво кога ќе прочитам мислење со многу печатни грешки, важно ми е да сфатам што сака да каже со тоа и добро се прават грешки и од брзање во куцањето,ама не ми сметаат има тука кој да опомне за тоа, па се надевам дека во иднина сите ќе ја усовршиме граматиката на нашиот мил јазик и ќе се трудиме да не правиме никакви печатни грешки и на форумов и не само на него туку насекаде каде што пишуваме било на тест, писмена, некое писмо, некоја анкета, некоја молба, а да и ова го забележав на пример додека решаваме крстозбор, ако имаме печатна грешка- нема точно да го решиме крстозборот(тука во прашање се буквите- 1 буква менува се )
Додека ја читав темава, забележав дека секој ги посочува грешките на другите, а и самите не читате какви грешки(правописни) сте направиле. Јас мислам дека зборот -стварно- не треба да се употребува, мислам дека правилно би било да биде напишан зборот -навистина- Ако грешам, кажете НАВИСТИНА ме интересира И уште една забелешка за smile.for.life -------- моабет - тоа е печатна грешка 99% напишана од брзање. (бидејќи неразбирливо е додека зборуваме да кажеме : ---(пр.) јас правев моабет со тој и тој.. -------- чешал и чешел се 2 различни работи: прост пример-- можеби се чешал затоа што имал некој алергија; Чешел - тоа претставува предмет кој се употребува за косата :lol **Секаде постојат различни дијалекти, и тоа неможе да се промени, кај мене во Прилеп вака си зборуваме... па сега... ако имам грешки... поправете ме бидејќи јас во средно немав професор по македонски јазик што ме научи на правопис, туку стар професор што имаше проблем со ракија...
Lux една индивидуа не е доволна да се генерализира целата младина....Ок е тоа што ти тргнуваш од себе, но не можеш да убедуваш некој кој има искуство во работењето со цела една толпа млади како тебе ти зборувам од искуство така што ок би било да прифатите сугестии од некој кој знае повеќе од вас ...
На против , Либелула не планирав никого да убедувам само го изнесов она што го мислам во врска со тоа и кажав дека не се согласувам со тоа дека младината е неписмена, мислам неписмена многу грубо некако ми звучеше,баш навредлив Јас не сум неписмена и кажав за мене, а мислам дека и не е можно цела младина да е неписмена, па сепак ние сме иднината нели? Не смееме да бидеме неписмени , а инаку во светот постојат многу неписмени луѓе за жал. А сакам да слушнам сугестија од постар и поискусен , но нормално е во нешто да не се согласуваме,а ќе те прашам па ако сакаш одговори ,од каде искуство , по професија професор си или работиш нешто со млади?
Е не смее да биде неписмена, ама сепак е. Без разлика што ќе кажеш доказите постојат. И секако дека не е целата младина неписмена, секако има исклучоци. Но неписмените преовладуваат.
Океј рилекс а литл , не знам јас се , затоа сте постари да не поправите, но во неписмените колку што учев јас преовладуваат старите лица над 60 год, а не младата популација.