Пресмеа дефинитивно не е во нормата на стандардниот литературен јазик. Имаме ме изнасмеа, се изнасмеавме ... итн. И јас за прв пат го слушнав и прочитав изразов тука, на форумот. И не ми се допаѓа, воопшто. Ако си употребувам веќе жаргонизми или сленг, си пишувам - се згазив од смеење, се убив од смеење, итн.
Не е пресмеа правилно, доаѓа од српсиот јазик- пресмејала. Многу луѓе зборуваат така. И не само тоа, се користат многу зборови така, не само во уличниот разговор, туку дури и во формалниот. Јас многу често употребувам српски зборови, но, по потекло сум од србија и колку и да се трудиш грешиш. Повторно странува збор за еден вид на дијалект. Во овој случај од друга држава.
Брајт извини сега што ти го крадам постов,но морам да кажам за поедноставно глаголите од Е група редовно се пишуваат со Ј на пример глаголот пие = пиеја ,а глаголите од а група редовно се пишуваат со две А на пример глаголот копа= копаа. Инаку вакви грешки се многу чести па ме нервира вакви глупости да гледам кога ова се учи во 5то одделение. Исто така ме нервира кога некои пишуваат на дијалект па не ги разбирам да пишуваме литературно, да се разбереме. И зборовите како не можам кога некои ги пишуваат неможам. И Енца да ти одговорам на прашањето за тоа пресмеја мислам дека не е литературно или и да е не звучи убаво па не се користи на пример наместо ме пресмеја може да се користи многу ме насмеја или изнасмеја.
Ај кога сме на овој муабет да си се пожалам и јас Често се греши кај пеач и пеачка, значи како што кажа веќе Саншајн555 = пејач и пејачка Исто сакам да ги нагласам зборовите: пијалак (не пијалок) стапало (не стопало) бонбона (не бомбона) интелигенција (не интелегенција) чувство (не чуство) одбранбен (не одбрамбен) како и станбен (не стамбен) нешто што вистински ме вади од кожа е флизура... Ете на толку ми текнува сега
Се тоа е спомнато поназад во постовите. А за ова за пресмеа одамна се користи, изгледа не се го сретнале. мене дури и нормално ми е кога ќе го прочитам. Посилна варијанта е од ме изнасмеа.
ијам - имам пошо - Зашто, затоа што шо - што коа - кога потсеќавам - потсетува (м) у - во иначе - инаку попраив - поправив сеа - сега помегу - помеѓу секад - секогаш 4 валентни - четиривалентни нешо - нешто незнам - не знам наопачки - наопаку Мала исправка
Не знам дали има во ''Правила на форумот'' спомнато за пишување литературен македонски јазик, сепак и да нема - доста боде во очи нечиј пост напишан на дијалект (освен во темата за дијалект)
Спојлер Вистина, постот си е сосема коректно напишан, рековме дијалекти и жаргони нема да опоменуваме сепак тие ни го збогатуваат јазикот... Јас имам друга забелешка - *по убаво* се пишува заедно. Компаратив, суперлатив, веќе неколку пати напоменавме дека се пишува заедно. Е сега на дилемата што беше за пресмеја и изнасмеја и двата поими се стандардни, само искажуваат различен став на говорителот (се прејадов vs се изнајадов; ме претепа vs ме изнатепа итн итн итн итн итн)
Да,но Тами како звучи поубаво пресмејав или изнасмејав. Пример: Беше интересно утро, тој ја носеше својата секојдневна облека. Отидовме на прошетка во паркот од некаде изваде една прекрасна роза беше толку романтичен. Потоа кажувавме шеги, ме изнасмеја(ме пресмеја). Што звучи поубаво? И овие реченици се мои тоа моментално ми текна, да не ме исправувате зошто не сум го ставила во наводници.
Па во тој контекст не иде нормално. Повеќе иде вака Леле ќе умрам, ме пресмеа Сепак, мене ова некако изнасилено ми делува.
Види, кажувам од гледна точка на јазикот, дали е стандардизиран зборот или не, не давав личен став Зависи од контекстот, а во твојот вистина е дека подобро изгледа „ме изнасмеја“. Меѓутоа, кога кажуваме „се пукнав од смеење“; „ме умре од смеење“ (и уште се‘ што не ми текнува во моментов), тоа е некоја фразеологија, додека пак кога би сакала литературно да се изразиш, ќе кажеш „ме пресмеја“... И јас не го користам, ама ете, само да ја решиме дилемата дали е стандарден збор или не.
Прво, пресмеа воопшто не е стандарден збор. Стандардите не ги определуваме по свој избор, затоа и се стандарди. Изнасмеа, пак, е дел од стандардната лексика. Второ, изнасмеа се пишува без „ј“ (исто како што смеа се пишува без ј, или како „се насмеав“ -не „се насмејав“). Според Правописот на МЛЈ ј не се пишува во зборови како греалка, смеа, насмеа, изветреан, живеам и сл. Некој погоре напишал дека во МЛЈ секогаш се пишува ј меѓу е и а, што воопшто не е точно. Се пишува во некои случаи, како што се: пејач, пејачка, грејач (кај именки (изведени од глаголи), кои завршуваат на -ач/-ачка, поточно). Во врска со СТРАСТ-страстно или страсно се пишува без Т-страсно. Кај групите стн, штн се испушта Т при зборообразувањето како: пакост-пакостно-пакосно страст-страстно-страсно училиште-училиштна-училишна пост-постно-посно итн итн...
Иако македонскиот јазик не е мојот мајчин јазик, сепак многу ги сакам јазиците, и сакам поубаво да знам да се изразувам. Тоа е и причината зошто порано не пишував мислења, се срамев дека некој ќе ме исмее, исмејува-ете, пак не сум сигурна како треба -.- Ама сепак си собрав храброст, и сакам да знам како поубаво да се иразувам. Гледам на пример Trendafilka i Aisha, колку убаво пишуваат на македонски -.- Ако имам некоја грешка, би сакала сите во форумов да ме поправат
Епа честито, конкретно овој пост ти е одлично напишан. А за двоумењето, двата зборови се точни, со тоа што кај „исмее“ повеќе обрнуваш внимание на самиот чин, дека ќе се случи тоа, а кај „исмејува“ повеќе го потенцираш подолгото времетраење на чинот.
Евтин/Ефтин? Некои пишуваат со в, други со ф, како е по ѓаволите? Инаку максимално се трудам правилно да го употребувам македонскиот стандарден јазик, иако некогаш доаѓам во заблуда, па се консултирам со некоја литература, интернет или професор. Но, тоа не значи дека не правам грешки, правам и многу ми е мило кога ќе бидам корегирана во вистинскиот момент, сепак на грешките се учи.