Темава не ми се допаѓа толку многу, да убаво е да се негува македонскиот јазик, но тука има и феминки од други националности, а не секој од нив го владее македонскиот јазик толку добро. Мислам на точниот изговор-пишување на зборовите и слично.
Токму поради тоа е темата, за да се научат одредени работи. Кога веќе се живее тука срамота е да не се говори јазикот правилно, или барем да постои труд и желба за тоа нешто.
Длабоко се извинувам за ј-то, сега приметив и не знам зошто така сум ги напишала А за пресмеа, се консултирав и со професор, на кој му верувам безрезервно... За јамболлија, првпат слушам
Да да, јамболлија Исто и каЛЛиво. Кога сме веќе кај дуплите Л, гледам во математикава кај мене пишува ДЕЛИВ, нели би требало да биде ДЕЛЛИВ ??
Затоа што си во право . Се пишува со В-евтино, но при изговорот се слуша Ф (значи, само се изговара ефтино). Причина за тоа е што В не се едначи по звучност при пишувањето кога ќе се најде пред безвучна согласка (како што е Т), па затоа можеби се јавува забуна. Ист случај со В е и во примерите како мравка, овца, цевка, вторник... Се пишува В, но при изговорот се слуша Ф од многу едноставна причина-олеснување на изговорот.
Да де, се ова го знам дека е така, ама гледам прашуваат и една девојка тука кажува дека е со Ф?! .... Ама како што знам дека се нешто се менува се измислуваат други правописни правила, па да не им текнало и тука да сменат.
Во ред изгледа јас погрешно имам разбрано мислев дека се пишува со Ј бидејќи пресмеа се мисли на глаголот смее кој е од Е група. :geek:
Кога знаеш како се пишува правилно, погрешно напишаните зборови ти бодат во очи. Најчести грешки коишто се прават за жал и по медиумите се од типот: сВати, несака, кој што, кадешто итн.
Страсно или Страстно? нека каже некој со сигурност за да не ме напаѓаат сите за потписот,да го сменам ако е грешка
И јас пишувам страсТно, ама мислам дека е грешка. По правило не смеат да стојат три согласки една по друга , во таков случај се елиминира средната. Пр. ушилиште - училиштна - училишна страст- страстно- страсно Ако добро ме држи паметов, би требало да е вака
епа добро вие сте одговорни за мојот потпис,гледам замерки за зборо страсно па затоа сакав вака да с еконсултирам со вас ви благодарам