Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Инјекција.

    Инаку,имаше пост за употребата на кожна и кожена aма сега неможам да го најдам..

    Значи :!:

    Кожен, кожниот е односна придавка и означува нешто што се однесува на кожа, додека кожен, кожениот е материјална придавка и означува нешто направено од кожа.
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Инјекција.
    Додека, го изговараме инекција.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.130
    Пол:
    Женски
    Нели е гардЕроба, а не гардАроба? Или јас сум во некаква заблуда? Па не е гардаробер, туку гардеробер?
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас мислам дека е гардЕроба
     
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    ^Јас знам дека е гардЕроба, гардЕробер :)
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    И јас знам дека е гардЕроба,а не гардАроба.
    Така да,гардеробер е.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.016
    Допаѓања:
    81.358
    Пол:
    Женски
    и тоа ДИЗАЈНИРАНИ хулахопки е всушност ДЕЗЕНИРАНИ ХУЛАХОПКИ, затоа што имаат дезен (шара), а не дизајн како што заприметив низ постовите :)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    А јас пак се чудам за пијалок и стопало :wasntme: Јас ги изговарам како „пијалак“ и „стапало“, ама во повеќе книги ги имам сретнато како пијалок и стопало. Како е правилно? :wasntme:
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    однапред, а не од напред :!:

    Ве молам ова пишувајте го споено затоа што одделно звучи многу перверзно и ужасно иритира.

    Благодарам :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975

    Стапало, затоа што стапнуваш на него. Не ,,стопнуваш,,. :D

    А пијалаци, значи пијачка. :)
     
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Правилниот израз е стапало, па од таму и стапалка (на пр.).
    Стандардниот збор е пијалак, а пијачка која разговорно се користи место зборот пијалак всушност се употребува во изрази како на пр. „Имаше и јадачка и пијачка“ а се мисли, нели, на јадење и пиење.
     
  12. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Сакав да прашам, дали при користење на скратувањата за светците, се пишува мало или големо "с" ?
    Пр. св. Наум или Св. Наум? :?:
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Мислам правилно е со големо “с“, затоа што сепак станува збор за светител,тоа може и да се примети и кај имињата на црквите,било каде :)
     
  14. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
  15. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    И јас мислев така, но во повеќето книги се пишува со мала буква, а во еден од учебниците што ги разгледав има напишано и со мала и со голема... :^) Можно е и да е со мала, така најчесто се пишуваат скратувањата.
     
  16. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240

    Дефинитивно :)

    Најлитературно би било *Бојадисување на косата во идеална руса* :lol: или нешто слично :)
    Ама не сме до толку пуританци мислам :lol:
     
    На Linn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Кога се пишува името на светецот, се пишува со мала буква:
    свети Наум, свети Никола, свети Јован.
    Кога се пишува празник се пишува со голема буква. На пример: На Свети Наум ќе одиме во црква.
    Со голема буква се пишува и во имињата на црквите и манастирите: Во манастирот Свети Наум.
     
  18. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    Дали е целокупно или целовкупно?
     
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Целокупно :)
    Упс,може и целовкупно,изгледа првово се користи во српскиот јазик,и бугарскиот повеќе.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Ми се чини дека не е ниту целокупно, ниту целовкупно, туку севкупно, евентуално се‘ вкупно :)