http://www.makedonski.info/show/%D1%86% ... 0%B8%D0%BB еве ви го дигиталниот речник, не знам дал се’ има, што ќе ти затреба белким ќе ви користи, ете ти го и зборот инаку целокупно или севкупно
Значи,не е ОТЦЕНКИ, туку ОЦЕНКИ. Не знам зошто некои феминки постојано така го пишуваат,ама поправете се.
Јас денеска открив како правилно се пишува инженер, што ме мачеше долго време, бидејќи го гледав најразлично: инжењер,инжинер,инжињер, па дури го имав сретнато и како инжениер Ама ете инженер било, ако има уште некој што го мачело ова
Чисто информативно ќе си прашам дали има некаква врска во извично прашални или прашално извични реченици кој знак ќе стои прв? -?! или !?.
Фрекфенција или фреквенција? аххх тие две букви ретко кога да ги погодам! свакам/сфакам на секоја писмена ги грешев во средно и секој пат ми се поправани и пак не запамтив како беше, најверојатно ф
Е јас мислам дека, кога сакаш на пример да нагласиш дека реченицата ти е повеќе извична неголи прашална, тогаш прво !?, и обратно во другиот случај. Моја логика, мислам дека некој некогаш ми има кажувано за ова.
Речениците кои сакам да ги напишам се следниве. А поцртаните делови се тие што ме интересираат дали се точно напишани: А сите знаеја дека сега ќе сум мирна. Мирна, во смисла, ќе знам дека тоа што сум го посакувала долго време, сум го добила.
Сите знаеа дека сега ќе сум мирна. Мирна, во смисол дека ќе знам дека тоа што сум го посакувала долго време, сум го добила. Не знам дали е точно. Ова е мое мислење.
Прашајте ѓи моите комшивки ќе ви кажат дали имаат згоден комшија Морав да реагирам на оваа изјава ископирана од форумов. Често ја сретнувам оваа грешка, се повторува во постови од исти луѓе. Значи, со најдобри намери мора да потсетам дека кратката заменска форма е ГИ значи со Г, НИКАКО ЃИ. знаеја се пишува со Ј. Кога три самогласки ќе се најдат една до друга на крајот на зборот, меѓу последните две секогаш се пишува Ј. Тоа е правописно правило . Смисла си е коректно напишан литературен македонски збор. И уште нешто, не се пишува поцртани (делови) туку поТцртан(и).
Еве пробај вака да запомниш - сваќа - е она што е/ќе и биде твојата сверква на мајка ти и обратно - сфаќа - е глагол, кој е синоним на зборот разбира
Си ја прочитав темата од почеток до крај. Корисна тема во секој случај, а и ќе ми треба доста оваа година. Полагаме матура па не смеам да си дозволам правописни грешки во есејот.
Тоа само покажува дека книгата не е лекторирана (или не е лекторирана како што треба), не и дека така се пишува правилно зборот
Човек ни на учебниците не може да им верува, а сакаме писмена младина. Во некои учебници и сфаќа е со в.
Баш така, јас порано по учебниците и книгите го среќавав сфаќа со в ... и колку што паметам и така не учеа дека се пишува со в а при изговор само се слуша ф. Затоа ми падна чудно кога сега гледам дека треба да е сфаќа. И за фреквенција колку знам се пишува со в ... ама ете може смениле. Ни самите лектори верувам не се сигурни изгледа...
Фреквенција си е со в. Јас цело основно го знаев сфаќа како сваќа, па во средно професорот мака мачеше додека не оправи дека е со ф.