аиииииииии Се извинувам за грешната информација од моја страна, ама ќе да е гревота правописно точно.. Бљаф, колку грдо ми звучи така
Најмногу ме иритира кога ќе прочитам: 1. Пост напишан на латиница; 2. Обезвучување на крајот од зборот (леп, граф, снек, брек); 3. Испуштање на последната согласка (градо, лебо, мирисо); 4. Кога ќе прочитам: играчЌи, техничЌи, Ѓи; 5. Зборови како - грацки, охрицки, децка, прецедател; 6. Последно, но не и најневажно - сТрам, сТреда, срав, срества (средства).
Некои од зборовите што ги имаш напишано се дел од некој дијалект, не може сите литературно СКОПСКИ да зборуваат.
MacaLove или јас и Штрумфетка не ти го разбираме сарказамот со тоа скопски, или пак ти стварно не знаеш дека како и други дијалекти, постои и скопски дијалект. Тој се вбројува во останатите, а на страна од него, битолскиот, прилепскиот и така натаму, постои литературен македонски јазик. Постои тема за зборување односно пишување на дијалект, така што нема да е лошо да се исчистат несфатливите зборови за нас останатите кои не ги разбираме сите дијалекти во Македонија. Сепак, да го негуваме литературниот јазик.
Кои зборови се дел од дијалект? Пр.леб = леб на било кој дијалект, а сум забележала дека го пишуваат „леп“ како што им се слуша Во случај да не забележавте, темата е правопис на македонскиот стандарден јазик, сигурно не на некој од дијалектите, па според правописот, сите зборови што ги наведов во постот се погрешно напишани. И уште нешто, не пишувам „литературно СКОПСКИ“ - не знам како е тоа, не сум Скопјанка
Градо, лебо, мирисо - Ова баба ми го вика,и не е неправилно,туку тие така го изговараат и пишуваат едноставно,исто како и други луѓе. СТрам, ова дечко ми го вика, кој е од Велес,исто и мајка му,татко му,и повеќето што ги знам од таму, и ми вика ние тука така го пишуваме. На ова мислев,и под СКОПСКИ мислев дека не често се случува да најдеш човек од друг град,што пишува литературно македонски.Сите пишуваат и изговараат како што се научени,или како што слушале, и за нив правилно си е страм или овие горе,отколку срам,градот,лебот...
Мислам дека сите добронамерно пишуваме тука и нема потреба да почнеме со препукување за глупости... Сакам само да ти кажам дека кога толку се бориш за правописно пишување на зборовите од стандардниот македонски јазик, треба да знаеш дека Скопјанка, како жителка на град се пишува со мала буква [/b]
Мене воопшто не ми личи на препукување, реплицирав ради тоа што се спомна скопски литературно, скопјани си зборуваат на дијалект а е далеку од литературно зборување. Некој ако мисли дека зборуваат литературно стандартно во грешка се
Мене искрено ми изгледаше дека се движи во тој правец, затоа и напишав така Супер што на некои луѓе им обајсни што е скопски дијалект, а што македонски литературен јазик.. затоа и сме на темава да си ги кажуваме грешките во правописот
Секогаш сум расположена за конструктивна критика, впрочем темата е наменета за тоа, за да научиме каде грешиме и се разбира, да ги поправиме грешките. MacaLove, не се разбираме! Јас велам дека наведените зборови не треба да се пишуваат така, како што ги изговараме кога зборуваме на дијалект. Преземено од Wikipedia: „Дијалект (грчки: διάλεκτος) или наречје е разновидност на еден јазик којашто се зборува на одредена географска област и којашто не е кодифицирана (за разлика од книжевниот јазик). Дијалектот се употребува при усно општење, а поретко и писмено.“ Се надевам дека разбра што сакав да кажам со постот.
Правилно е одвај и идеи, а кога сме кај еднина и множина се сетив на детаљ и детали Мислам дека не биле споменати досега