А зошто во последно време читам ИстаМбул ?? Нели правилно е ИстаНбул ?? 100 % сум сигурна дека е Истанбул, него ме зачуди затоа што како ИстаМбул го сретнав и во книгата за матура.
Грешкава најчесто се прави од причина што старите Македонци ИстаНбул го викале СтаМбол, па оттаму и ИстаМбул... Мислам дека по тој пат е дојдена таа грешка кај нас... А во книгата за матура е веројатно само печатна грешка...
Се извинувам што се повторувам пост под пост, ама пред да заборавам.... Често пати ја среќавам дилемата помеѓу: обожава и обожува чести и части Спојлер подвлечените се точни
Да не ги заборавиме и интерпукциските знаци (точка, запирка, прашалник, извичник...) , бидејќи без нив постот е непрегледен и потешко се разбира.
Феминкиии ... Правилно е ИСКРЕНО или ИСКРЕЈНО ?! Од секогаш сум го пишувала без Ј, но сега ме збунија.. Што велите вие ?!
Мене ме иритира лошо читање/изговарање на странски зборови од типот на Гарниер, Лиска, Лакосте/а. Со најдобрата другарка чим сум скарана за ова, значи ептен ме нервира. Или Ци Ес Ај (CSI), шо буква е бе тоа ци? ЕсприТ исто... Врвот беше кога една шо не ја варам кажа некоја уберлоша варијација на Пежо, не знам ни да го напишам тоа.
најчести грешки - бидеќи, сеуште, неможам/несакам , мајками/таткоми/братми, кинескиња, арокрем или аерокрем, одвнатре, пиејне/јадејне/викајне и др. Да гледаш и да се чудиш на нивната сопствена креативност како можат вакви грешки да се прават
И доколку сакам да напишам во текст с’клет, со кој збор да го опишам? И уште нешто, предходно не е правилен збор така?