Земав е минато несвршено време. Зедов е минато свршено. Многу погрешно се заменува зедов со земав во последно време. Пр: Од кај го зема кучето? - многу погрешно. Правилно е: Од каде го зеде кучето?
Сфатив наместо сватив.И кога на ракописно Ш ставаат цртичка под буквата, а во правописот стои дека не се пишува цртичка. Ама проклета навика од основно кај повеќето.
Може ли да ми кажете кое е правилно: најјако или најако... мислам дека најако е поправилно, а другарка ми упорно ме убедува дека правилно е со две ј... Кој е во право?
Мене од секогаш ме збунувало дали е конструкција на телото или конституција ? Јас стално си велам конституција, конструкција ме асоцира на некоја зграда, не знам