Комбилизон е глупост, комбинезон се вика. Пошто у Јуник видов Манго комбилизон пишано и ми се стемни, морав да пишам.
Бикините.Ако добро памтам правилото е дека членувањето на множина е со наставка -те.Пр. панталони-панталоните, патики-патиките...
Мрзи и мрази не е исто! Точно: 1. Јас го/ја МРАЗАМ него/неа. 2. Ме МРЗИ да излезам. Неточно од кое ми се крева косата 1. Јас го/ја МРЗАМ него/неа.
Ова и не се однесува баш на правописот, ама стварно ми боде уши кога ќе слушнам морално а се мисли на задолжително. Морално си е поврзано со етика, а не е изведено од мора.
Се’ уште е правилно, и за жал во последно време се’ почесто е погрешно напишано во медиуми, дури и во книги, па правилното изгледа чудно.
Кирија или ќирија? МаскеНбал или маскеМбал? Луѓе или Љуѓе? Тамам или таман? Јас гласам за првата колона - ама можеби не сум во право. Плус што е финтата со вметнување на премногу Ќ и Ѓ во јазикот? Сега конкретно на пример не ми текнува ама забележувам по форумов - Ѓи гледам, Ѓи видов итн...
МОабет, тамО... Аманте. И се вика интелигенција, не интелегенција. А за морално во смисла задолжително, па нема нешто поодвратно. Исто и за секундарен лепак, ретко кој знае ама ајде.
Абе луѓе што им е на сите базент?! Базен е без т. И да прашам како е правилно хармоника или `армоника
Правилно е кирија, маскенбал,луѓе,таман; додека за Ќ и Ѓ финтата е што се работи за едначење по звучност; пример, правилно е - Ги гледам,Ги видов итн., а не е правилно - Ѓи гледам,Ѓи видов.
Мојава забелешка се однесува на изговорот на името на сајтов. Слушам Фемина (акцентот на и), била супер. Се вели Фемина (акцентот на е). Фемина е збор составен од три слога, а во трисложните зборови ацентот паѓа на третиот слог од назад (граматика за трето)
Хармоника. Да се надоврзам на ставањто Т на крајот од зборот, не е ресторанТ, туку ресторан [за жал сум видела ресторанТ "некое именце" на реклами (и телевизиски и на табла пред влезот)]
Понекогаш ги читам внимателно постовите на сајтов и ловам граматички грешки. Не зборувам за лапсуси, испуштени букви, тоа може секому да му се случи, сепак ова не е писмена по македонски јазик. Пишувањето на дијалект и користење на жаргонизми (на пример нашиот скопски сленг) ми е симпатично, па дури сметам дека е и пожелно за ваков тип на сајт. Но, ми пречат некои основни граматички грешки кои не се направени од невнимание туку од незнаење. На пример - отидоф, сфатиф и да не набројувам. На крајот од зборот звучната согласка се слуша како безвучна но треба да се напуше како звучна (граф-грав).
И јас така го знаев и на школа не знам требаше да набројуваме нешто на х(не знам граматика што учевме тогаш изговор многу знам) и јас реков хармоника и професорката ми рече не,јас ваква останав.