Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Libellula

    Libellula Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Јас овде прекинувам со дискусијата со цел да не дојде до понатамошни недоразбирања... Поздрав ;)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.133
    Пол:
    Женски
    Па зошто до недоразбирања? Само дискутираме, верувам дека никој ништо лошо не мисли.
    Јас разбрав дека било модерно кај младината место В да се пишува Ф. Како на пример страф, праф и сл |(
     
  3. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    :lol: :lol: да,да rainbow во право си...често користиме наместо в - ф.... (валцер - фалцер) :rofl:
    Младост лудост :$
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    За почеток едно големо браво за темава. :clap:
    Мислам дека му недостигаше на форумов.Искрено и јас сфатив дека сум правела некои грешки и се трудам повеќе да не ги правам истите. :) Сепак,сеуште учам и не сме ги работеле сите правила. :)
    А за „трендот“ место буквата В да се користи Ф мислам дека звучи премногу глупаво.Воопшто не ми се допаѓа, посебно :!: кога ќе видам презиме напишано со Ф наместо В (уште и потенцирано со голема буква).
    Срамота ! :n:
    Поздрав :hai:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    да се надоврзам на претходниот коментар или
    замена на л или в со w?? одвратно :puke:
    Или на ч со 4? ш со 6?? Одвратно :puke:
    Ама ајде...човек учи додека е жив..
    Еве и јас се уште правам грешки :) иако се минимални пак се грешки
    Поздрав
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.227
    Допаѓања:
    140.074
    Мислев дека „денеска“ не е правилно да се користи, но ми кажаа дека „денеска“ се однесува на денешниот ден, а „денес“ значи во денешно време.
    Сепак се сомневам :) Има ли некој правопис да провериме? Или ако некој знае со сигурност нека каже. Не за друго, падна кладба (добро де, се обложив :D ).

    Исто така ме интересира како се викаат „лептир машна“ и „шишки“. Порано кога имаше „Говорете македонски“ лептир машна беше пеперушка, а шишките - кркми :rofl: . Ме интересира дали ги има во правопис. Се надевам не :)
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Читав едно списание и пишуваше „Кркмите повторно во мода“ - јас искрено не сфатив што значи „кркма“.
    (И еве додека пишувам кркма (и сите нејзини форми) автоматски под зборот се појавува црвена линија што означува дека зборот не е литературен. Истото би се случило ако наместо „што“ напишам „шо“)
    Значи литературно е шишка/и. ;)
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.227
    Допаѓања:
    140.074
    Добро е, сега ми е полесно :)
    И јас „кркми“ го видов во списание, и бидејќи пишуваше дека е лекторирано си помислив дека така е правилно.
    Благодарам за одговорот Брајт.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ариел, лекторот на списанието имал прилепски корени :lol: .
    Мене ми е многу смешно кога читам некоја книга од странски автор и среќавам некои зборови преведени на дијалект и после гледам кои се преведувачите и некогаш по презимето се познава од кој крај се и доаѓам до заклучок дека затоа несвесно преведуваат на дијалект некои зборови.
    Ама лекторите не смеат да дозволат такви грешки да бидат објавени.
    поздрав :hai:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.607
    Допаѓања:
    201.939
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на претходните постови, шишка/и не е македонски литературен збор, правилно е кркми. И колку што знам, така зборуваат во Битола и Прилеп. А основата на македонскиот литературен јазик е изградена од централните и југозападните македонски наречја (колку што се сеќавам на тоа што го учев пред повеќе од 10 години) - а во нив спаѓа битолско-прилепското наречје, велешкото и охридското наречје. Па и јас користам кркми во говорот, а Охриѓанка сум - во Охрид тој збор не се употребува. А поубаво ми звучи кркми отколку шишки. Сепак, зборувам за литературен јазик. А ми пречи што многу србизми и интернационализми имаат место во нашиот литературен јазик.


    А инаку, што се однесува до „денес“ и „денеска“ - денес може да го означува и денот денес или пак сегашноста - денес во ова време. А денеска се употребува само за да се означи денешниот ден, барем во Охрид е така. И мислам дека во македонскиот литературен јазик ги има и двата збора.
     
    На Lolo5 и glosipgirl им се допаѓа ова.
  11. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10

    Ау,исто и мене!
    И не само по овој форум,за жал на многу места постојат вакви грешки, а особено по популарниот Facebook. Уште по трагично е кога гледаш дека возрасен човек ги прави тие грешки. :)
     
  12. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Голем фанатик сум на правописот, му придавам значење и особено ценам луѓе кои го познаваат! Затоа, голем поздрав за креаторот на групава! :clap: Мислам дека е доста корисно што оваа група постои на форумов, затоа што меѓу другото, тука сме и да научиме едни од други. Како што бараме мислења и совети овде, а понекогаш дури и помош, сфатете ја на тој начин и оваа група. И запаметете, не е лошо да не знаеш, колку што е лошо да не сакаш да научиш!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Секакви грешки имам видено на форумов.И јас правам грешки,а се трудам да не ги правам-верувајте.Досега ништо ме нема извадено од такт како еден пост кој го прочитав пред 2 минути.Значи се литературно напишано во постов и туку читам да поврајчам.Многу се изнервирав :@ Можда и не е страшна грешкава.....Ама мораше да си олеснам. :$
     
  14. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
  15. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Во темата Просење наместо алкохол напишано е алхохл
     
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Се изнервирав во една тема наместо СРАМ девојката напишала СТРАМ. Не се случува прв пат да прочитам, многу луѓе го употребуваат така. И за зборчето СФАТИВ уште не научија некои правилно да го пишуваат.
     
  17. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    И мене ова многу ме нервира..Кога ќе слушнам или прочитам СТРАМ косата ми се ежи
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ме нервира зборот флизура(а правилно е фризура :!: ), приметив многу често го има. Исто така базенТ не се пишува со Т!
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Мислам дека си грешка Ким. Се пишува со Т.
     
  20. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Базен се пишува без Т !!!