Евтин а не еФтин нели? Чаршав се вели а не чаршаФ? Само резимирам и сакам да се осигурам Туку, знам дека ова нема врска со правопис ама гледајќи по модните теми, и нешто што ми зуи ептен непријатно во уши од малецка, не се викаат старТки туку СТАРКИ без Т. Значи не стартувате нешто со патиките туку се викаат старки од марката на Converse - All Star - ки
јас колку што знам, еФтино е правилно, според правилото за едначење по звучност (кое не е кај сите зборови застапено бидејќи на пр. викаме глуВче а не глуФче). не знам, може тресам глупости ама се нешто мислам дека еФтино е правилно од друга страна - братучеД, братучеТка
Погрешни 98% . Отвори си го РМЛЈ и ќе видиш дека е еВтин . В не се едначи по звучност пред безвучна согласка (ова мислам уште во петто се учи). И уште нешто, во СФАТИВ нема едначење по звучност, каде ли го најде? Едначење по звучност е кога две согласи различни по звучност ќе се најдат една до друга во зборот, па за да се олесни изговорот се едначат по звучност според втората согласка (значи се менува првата). После Ф тука има А, а А е самогласка и нема врска со едначењето... А постои и сваќа (како жена на сват ) и сфаќа (како разбира). Сфаќаш?
многу добро знам што е едначење по звучност - бесмислен, бестрашен. а и правилото за В ми е јасно...а за еФтино оставив простор да сум грешка...и според мене има многу пострашни грешки од еФтино како на пример мајками, таткоми, неможам, сумљиво, итн.
Чаршав е со в на крај. Немам дилеми тука. Имам дилеми таму каде што има слевање, например бессони беше со едно или две „с“?