^Чим е проверено во речник, најверојатно е така ,но и таму знаат да направат грешки. Ај и јас ќе проверам па ќе ти кажам . Да не бидеш каша попара
Се работи за едначење по звучност, правилно е чаршав, само кога се изговара се слуша како Ф, тоа е целата разлика
Едначење по звучност?! Леле ама се расфрлате со поими... Кога се слуша Ф место В на крајот станува збор за обезвучување на согласките на крајот на зборот... Значи, кој како сака нека пишува, по познавањето на правописот ПРАВИЛНО е чаршаф. И патем, во Правописниот речник на МЛЈ згрешиле, ама вие не грешите?!
Toчно чаршаф е правилно, но и еФтино со Ф а не со В, тоа се исклучоци од обезвучувањето на согласкитe edit можеби не е логично да има такви исклучоци, но тоа е друго прашање веќе дали има пропуст во создавањето на македонската граматика
Сега забележав овде имам згрешено кај болдираново, не мислам на отстапување од обезвучување, туку на отстапување од едначењето по звучност
Едначење по звучност настанува кога безвучна со звучна согласка ќе се најдат во непосредна близина, тоа ќе се согласиме нели? Град - гратче, леб - лепче, заб - запче, чоколадо - чоколатце итн. Во случајов, чаршав не е случај на едначење по звучност, но В-то на крај се слуша при изговор како Ф. А сепак се пишува В јас мислам. Чаршаф е на бугарски, не на македонски Мореее ме замисливте. Одам да свртам по некое бројче и да разјасниме чаршавиве и евтинииве
Евтино со В! И пред да тврдите нешто, отворете Правопис на МЛЈ, Речник на МЈ или Правописен речник на МЛЈ, а не ќе е лошо и некоја граматика. Тука нема пазарење, фактите се факти. И FYI, провери на стр. 98 од Правописниот речник... И навистина не ми е јасно бламирањето со непроверени тврдења, ама тоа е за друга тема
Другарка ми тврди дека е детаљ и виљушка со љ, а јас мислам дека е детал и вилушка со л...може некој да ми каже како е правилно?
Уште една тема за дилема , но колку и да звучи чудно, правилно е виЉушка (И за да нема пак непотребни објаснувања, видете во Правописниот речник на МЛЈ ). Инаку, Правописниот речник на МЛЈ е најрелевантниот извор кога станува збор за правилното пишување на зборовите во македонскиот стандарден јазик. Нема толковна функција, туку, како и што му кажува името, дава конкретни и непроменливи упатства како се пишуваат зборовите во нашиот стандарден јазик. За сите нејаснотии треба да се консултира со Правописот на МЛЈ и со Правописниот речник на МЛЈ. ...Или да му верувате на оној кој ќе ви каже дека така е наведено во нив
Зима или зимо? Мислам дека е зима, ама низ форумов се’ почесто и почесто сретнувам „зимо“. И како е правилно, се’ или се‘ ?