Кај чаршав се среќава Обезвучување на согласките на крајот од зборот (се слуша ф - безвучна, а се пишува в - звучна согласка). пр: леб (п), град (т), мраз (с), роб (п), грав (ф) итн. Спојлер Мислам.
Еве јас со факти докажувам дека е правилно виЉушка со Љ, купи си Правописен речник па прочитај. Ти како докажуваш дека е со Л?! Имајте во предвид дека на форумов не се сите полуписмени деца, и дека некои работи нема да ви поминат... Извини, остра сум, ама многу ме нервира кога се глуми писменост. Писменоста или се познава или не се познава, тука глума не поминува. Ни фолирање, ни терање инает, ни други детски финти... Би требало да го има во Просветно дело, мислам дека е нивно издание. И не ми е јасно уште некои упорно твдрат дека чаршаф е со в дека е виЛушка, дека е детал... а не виделе Правопис, да не зборувам да го отворат, а веројатно не им паднало да памет да прочитаат и да проверат пред да тврдат нешто... смајли што се крсти е малку за ова.
Наједноставно и (веројатно) непропишано правило според кое може да се водиме кај Удвојувањето на зборовите е: кога согласката се наоѓа пред самогласка се удвојува, а кога се наоѓа пред согласка не се удвојува. Пр: бессони; беззаконие; бесцелен; безмилосен итн.
Тоа е само наше размислување кое секој има право да си го истакне, а не значи дека е и точно. За тоа сме тука, да се корегираме и преку грешките да се научиме. Доколку молчиме, не прашуваме и не го изразиме нашиот став не би можеле да согледаме дека сме во заблуда. Оние кои повеќе прочитале и кои знаат со 100% сигурност како е правилно, нека ни бидат достапни во секое време и нека ни помогнат наместо да не' критикуваат (во овој случај - ти). Патем, во македонскиот правопис скоро и ништо да не е со 100% сигурност (некогаш и самите професори доаѓаат во заблуда по однос на одредени прашања. Во еден учебник пишува едно, во друг - друго. Секој пишува што и како сака). Не секој планира да станува книжевник па да има дома некој си речник. Тоа што сакаме да научиме е од општа култура, а не дека некогаш ќе имаме потреба од тоа дали да напишеме чаршаф или чаршав (последново го зедов само како пример).
Прво, се извинувам за offtopic Сигурно не критикувам кога некој ќе праша, туку критикувам кога некој ќе праша, ќе добие одговор поткрепен со факти (дури и број на страница) и после пак тврди дека не е така... А инаку, не тврди ни ти на памет нешто, сега ти мене ме критикуваш без факти.
Јас не те критикувам, само ти сугестирам па ти како сакаш. Од друга страна, не сите сфаќаат толку брзо (некогаш е потребно да им нацрташ за да те разберат – Ништо лично за никој, но постојат и такви личности). Број на страница, за мене не е факт, доколку го немам Речникот дома. Кога ќе видам со сопствени очи, тогаш. Веројатно личностите кои не те разбрале и после кажаниот број на страница, мислеле на истото. Како и да е, секој сам за себе одлучува на што ќе верува, како ќе си го збогатува знаењето, какви факти и каде ќе изнесува итн.
па мислам дека во библиотека може да се најде, ин аче јас го имам дома ама е од мајками од некогаш....
Точно, поради тоа може и поинаку да се протолкува,не е еден македонски правопис, а колку е нивната точност, тоа е прашање, сепак и тој е напишан од некого и нормално е да дојде до забуни.
1.http://www.scribd.com/doc/25227994/Македонски-правопис 2. http://damj.manu.edu.mk/materijali.html Овде го има правописот на Конески и Крум Тошев како и граматиката на Круме Кепески, само што изданието е старо, од 1950, како и да е ѕирнете, да нема потреба од расправање и од "бламирање" како што би рекле некои, а колку се нејасни, контроверзни и комплицирани iмакедонската граматика и правопис и кој е виновен за тоа да не навлегуваме
Следново не е работа на правопис, но бидејќи решивме дека јазичните грешки ќе ги пишуваме во истата тема, еве: Збор волку во македонскиот јазик не постои. На форумов и не ми пречи бидејќи разбирам дека се провлекуваат зборови од дијалектите, ама кога ќе го прочитам во весник или ќе го чујам на телевизија се вадам од памет. Пречесто е застапен и во преводи на филмови.
Извини, а зошто воопшто би се удвојувале согласки во бесцелен и безмилосен??? Согласките с и з се пишуваат удвоено во префиксирани зборови кога основниот збор почнува со с или з, а префиксот е: из-, без- или раз-.Значи, како пример за неудвојување би можела да го посочиш зборот бесмртен, или бесрамен, а не бесцелен и безмилосен. И не е непропишано, туку непишано правило. Девојче, од каде ги вадиш теорииве??? Чаршаф е, не чаршав. И гледам во еден пост си пишала "сугестирам".Таков збор вo македонскиот јазик не постои, претпоставувам сакаше да кажеш дека "сугерираш". И те молам отвори правопис или барем некој речник пред да постираш на темава.
^Па убаво пишува Д Креб, сигурна сум дека е запознаена затоа што сега и двете го учевме истото за матура, така да сигурно не ги вади од памет теориите. Инаку, на темава, чаршав. Затоа што кога ќе кажете чаршаВот, се слуша јасното В. Исто и кај був. БуВот. Најлесен и проверен начин.
А бе ајде остајте го веќе тој чарша(ф/в) душата му ја извадивте Туку ме буни синоќа, сношти или некој трет збор е правилен .