Готово, решено е - ЧАРШАФ е Само што ми пиша пораче другарка на која и верувам, пошто предава овај македонски на факс, и не се сомневам во нејзините знаења Ц ц ц колку што сум постара, толку повеќе се двоумам.
Бре бре, се отепав од барање во правописот, нема чаршаФ/В. Ај, ќе ви верувам, нека биде чаршаф. Инаку за синоќа, не знам колку е литературен збор... Мислам, сите го користиме ама кога би зборувала најправилно попрво би рекла сношти отколку синоќа. Моја логика.
Како што јас знам, во реченица после сврзник и нема запирка. И стварно незнам зошо секаде сретнувам. Книги, телевизии... Едит: и пред И неможе. Сум заборавила да пишам
^^^НЕМА никако заперка, ама јас имам сретнато на на пр. на форумов и се користи како апостров затоа што во мак, фонд нема опција апостров. Аман во книги и филмови ли
НЕМА никако запирка, ама јас имам сретнато на пр. на форумов и се користи како апостроф зашто со македонската поддршка нема опција апостроф. Вака добро е професорке Не сум дипломирала Македонски правопис а моите познавања се доооста солидни. Освен тоа не се зачленив на форумов само да поправам вакви грешки туку само сакав да ја укажам суштината на таа запирка после "и" Се извинувам на грешките од брзо пишување и постојана промена од мак. во лат. поддршка и обратно.
Девојки, и многу на официјалниот правопис да се потпирате не чини. Aко се погледнат сите негови изданија ќе се најдат многу контрадикторности. Читам некои препирки околу чаршаф/чаршав или сфати/свати и сл., и колку што сум запознаена, Блаже Конески конкретно за глаголот с В/Ф аќа инсистирал да биде со В и така и го вметнал во правописот, но повеќето негови колеги-филолози уште тогаш го отфрлале ова, затоа и во стручна литература се среќава различно, можеби и со право затоа што ако се навлезе во коренот на зборот и во неговото потекло пологично е тој да биде со Ф (истото важи и за еФ/Втино. Во фонотактологијата на македонскиот јазик Конески негодува на неприфаќањето од страна на другите граматичари, но јас мислам дека да попуштел малку за ваквите случаи, денес нашата граматика и правопис не би биле толку контрoверзни, сепак не бил само тој компетентен за ова прашање, имало и други... Затоа велам, кога не успеале тие да се договорат, нема да успееме и ние, па да не се препукуваме околу вакви ситници и да се потсмеваме едни на други, зашто има луѓе кои немаат ни основни правописни познавања, а ова ефтино или евтино, апострoв или апостроф е ништо во споредба со тоа... едит што се однесува на чаршаФ (чинам така дека е признаен во правописот), имам читано дека е турски збор по потекло и во турскиот јазик се пишува со В, но кај нас обично во ваквиот тип на турцизми В се заменува со Ф, а во српскиот правопис пак (и во срп. и во бугарскиот не бил јасен овој збор) прочитав дека во српскиот јазик е прифатливо и В и Ф, така што - уживајте, не мора за се да се препукуваме ние Македонците
Исто многу често во говорот ги употребуваме зборовите: новчаник(паричник), помаранџи(портокали), хитно(итно) патлиџан(домат).... И многу луѓе се уште не разликуваат кога е "мој"-еднина а кога "мои"-множина -.-
"Мазноста на патот.." "Мазнината на патот.. " Според мене ова првово, но не ме фаќај за збор. Инаку, иако не е литературен збор, ќе ве прашам за еден жаргонизам кој често се користи, ама никогаш не ми текнало како се пишува. Суќна или Сукња? ии.. Одкако или откако?
Не спаѓа во нормата на стандарден македонски литературен јазик, ама сепак како жаргонизам поправилно е СУКЊА. Инаку литературниот збор би бил здолниште. Откако е правилно. Откако те сретнав, го изгубив паметот по тебе. Од кога ти зборувам за тоа - Откако ти зборувам за тоа. Едначење д->т. Првото се пишува разделно, второто заедно. Тоа дека пред И, не може да стои запирка е сосем неточно. При набројување и искажување емоции во литературни текстови, зарем не сте сретнале запирки? Запирката е многу заборавена и потценета кај нас. Ако не знаете каде точно да ја употребите, прочитајте го текстот во себе, полека и внимателно. Таму каде што земате воздух, т.е. правите пауза во читањето, природно доаѓа запирката. Ја олеснува и дикцијата и убавото зборување, т.е. ораторството. И кога ти реков дека не сакам повеќе да те видам, и кога те замолив да не ми се јавуваш, и кога убаво ти кажав дека повеќе не си ми потребен, повторно ми се јави на сон. Ете ви пример, со запирки пред И. Интерпункција: апостроф (’) , надреден знак (`) Апостроф (’) 1. Како правописен знак, апострофот се пишува на местото на изоставен глас во зборот. На пр.: м’гла, с’нце. 2. На почетокот од зборот пред самогласното р. На пр.: ’рж, ’рти, ’ржи. Надреден знак (`) Надреден знак се пишува само во три случаи: 1. Над самогласката е во кратката заменска форма од нас нè, за да се разликува од негацијата не. На пр.: Кога влеговме не нè забележаа веднаш. 2. Над самогласката е во прилогот сè за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се која често ја употребуваме со повратните глаголи. На пр.: Сè се случи многу брзо. 3. Над самогласката и кај кратката заменска форма од нејзе ù за да се разликува од сврзникот и. На пр.: Не ù рече ништо и не ù дозволи да зборува. едит: Има причина зошто сФати е со Ф. сват - сваќа. Таа сваќа сака многу да се меша во работите. Таа сфаќа дека животот воопшто не е мед и млеко. Не може сФати да се употребува со В, потполно различен збор е, со различно значење.
Не верувам ова некој да не го знаеше , како и да е Конески не збуни со тоа сВаќање наместо сФаќање Мене нешто друго ме нервира: рачуна наместо смета ; језиво наместо морничаво ; јадно наместо бедно ; дим наместо чад и сите останати србизми кои ги третираме како македонски зборови дури и кога зборуваме " литературно " .
Во спортот за личните грешки кај нас викаат „фаул“ а на тв коментаторот вика „фол“. ме интересира дали „фаул“ е само жаргонски или така е правилно
Македонски коментатор рекол " фол " или странски ? Во македонскиот литературен јазик правилно е " фаул "
Во нашиот јазик прифатено е " фаул " наместо " фол " , коментаторот е во грешка или се обидува Американец да изигрува