Србизмите се многу присутни особено во скопскиот дијалект односно сленг и се почесто застапени. Да признаам јас самата ги употребувам во секојдневниот говор со другарите, но тоа е сленг. Веројатно што и да правиме не можеме да го спречиме. Секад, некад, никад, али, у, одма, убацува, дужи итн итн. Битното е дали знаеме да зборуваме и (пред се) литературно. Жално е кога некој веќе не знае да зборува поинаку отколку на дијалект односно со сленг. Што и да правиме, секогаш луѓето ќе си зборуваат на свој сленг. Секоја чест на исклучоците. Имам еден другар од Скопје, толку беспрекорно зборува чисто литературно, алал да му е. Ама мислам дека е баш исклучок
Вака во пишувана форма се трудам да се изразувам литературно, значи внимавам на замара - заморува, стварно - навистина, некад - некогаш, секад - секогаш... ама друга е ситуацијата во говорен јазик. Башка што си мешам и дијалекти од западно и источно подрачје, па ќе се слушне некое Дека си бе? K'j (кеј) си мори? итн... Ама ако, дијалектите се нашето богатство, колку повеќе, толку подобро, треба да се чуваат и негуваат. Истото го мислам и за турцизми и србизми. Неминовни се, јазикот ни бил и ќе остане под нивно влијание до некоја мера. Мене ме нервираат друг тип на кованици и неологизми - некој имаше напишано - Ќе се митнеме на стритот , Спикаш ли инглиш? и др. Мислам навистина звучат глупаво и ваквите помодарски изрази никогаш, под никој основ нема да влезат во СМЈ.
Ова звучи ко дел од нашите иселеници во Австралија - а ониЈа вашине се јузани или нејузани (Теодоро ова сега благодарение на тебе постојано ќе го спомнувам) Денес за ручек се стаписав, кажав една максимално плавушкаста и глупава реченица. - Типот не е available утре ама како и да е дедлајнот ни е до наредниот петок така да ќе успееме нешто да средиме до тогаш. Ми идеше да си опнам шамар од проста причина што и мене ме нервираат овие англиски кованици и неологизми ли како да ги наречам. Се е во ред и акцептирам дека во време на рапиден технолошки развој почнавме и англицизми да прифаќаме, ама овој начин на зборување ме ежи. Лајкнувам, лајкнуваш, што од зафрканција што сериозно е се повеќе употребуван како израз. Што ли ќе биде за некоја година?! Станувам, тажна Многу повеќе искрено ме нервира кога некој во пишувана форма, еве дали овде или на други социјални мрежи, не употребува ни голема буква, ни интерпункциски знаци, за нов ред да не зборуваме. Веднаш немам сила ниту воља да го читам тој човек, од проста причина што тешко го следам. Знам дека и тука еднаш забележав за таквиот начин на пишување, но ете сепак, за мене - се брзам, не е изговор. Кај да се брзаме сега кога се е многу побрзо од порано?!
Јас не зборувам за секојдневниот говор или жаргон , уште помалку за начинот на изразување овде на форумот , туку со грешки од непознавањето на македонскиот јазик сме секојдневно бомбардирани од медиумите , значи телевизијата , интернетот , па дури и весниците а и во учебниците ги има , желудников ми се превртува кога ќе чујам или прочитам : " особа " , " пролазно " , " битно " , " дотичните " , ( е ова дотични веќе си го присвоивме за наш збор , ретко кој знае дека зборов нема врска со нашиот јазик , не ме чуди и во речник да го сретнам ) и т . н , па уште како да се фалат со широката палета на зборови со кои располагаат , мислат попаметни се кога се расфрлаат со српско - хрватска терминологија на македонско поднебје ... И не се само србизмите во прашање , тука е и погрешното акцентирање на клитиките , да , претежно од Скопјани , поиритирачки звучи дури и од србизмите ... Ете тоа сакав да кажам , а не како Скопјани или луѓето од другите градови си комуницираат на улица или на форум ...
Јасно ми е те сфатив И тука се согласувам со тебе, во вакви случаи треба да се избегнуваат србизмите.
Апсолутно де сложувам овде. Секој нека зборува на својот дијалект, ама ако не знае ниту еден збор литературен е жалосно и срамота! Пр. На факултет некои студенти на професорите им се обраќаа со дијалект, и никој не можевме да разбериме што се зборува. Си дошол до највисоката образовна институција и да не го знаеш мајчиниот јазик е навистина срамота. Пс. Да не се навредат некои од источна Мк, Спојлер ама пред се` тие не знаат да зборуваат литературно, и попрво ќе разбериш некој од Бугарија што зборува, отколку нашиот!
Од секогаш сум се прашувала следново: Како можеме ние (од Источната ни Македонија) да ги разбираме сите останати дијалекти, на пример кумановски, тиквешки, охридски, тетовски, струмички.... а нас тешко дека некој не разбира. Сериозно, да не имаме нешто плус во слухот
Ова е повеќе правоговор отколку правопис, ама морав да изреагирам . Ако постои нешто такво како правоговор на жаргон барем да знаеме дека СЕКАД не е ни србизам. СЕКАД е некоја зборовна мутација измислена во МК, врска нема со српскиот јазик. Србите убаво си кажуваат УВЕК кога мислат на СЕКОГАШ. Веројатно затоа што македонскиот литературен јазик е создаден врз основа на централните и западните македонски говори, па лексиката на централните и западните говори е лесно препознатлива за сите кои го изучувале МЛЈ. Од друга страна, источномакедонските говори не се застапени во МЛЈ, лексиката, акцентот и синтаксата се поспецифични и затоа се потешко разбирливи за оние од другите делови на Македонија. Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
Хехе, Не радувајте се со тоа. Затоа што ние сме мнооогу поблиску до литературниот јазик, затоа не` разбирате. А, вие зборувате на некој чуден, испревртен јазик со кој го `унаказувате` Мкд јазик. Полесно ќе разбериш што зборуваат во Бугарија, Србија, дури и во Словенија, отколку вас.
Не знам за другите, јас потешко ги разбирам бидејќи многу брзо зборуваат 99% од луѓето од Источна Македонија Можеби ако зборуваат поспоро нема да има никаков проблем, но претпоставувам дека брзото зборување е дел од карактеристиките на тој дел и тоа подрачје.
Велиш полесно ќе разбереш Бугарски? хм...не знам баш. Богатството на еден народ е во различностите. И во културата и во обичаите и во дијалектите. Во сите институции треба да се зборува на македонски јазик, посебно во образовните, но тоа не значи дека не треба да си го чуваме и одржуваме дијалектот. А за УНАКАЖУВАЊЕ не коментирам Како што реков, со примена на дијалектие се збогатува јазикот кој, нели е дел од културата на еден народ. Инаку да, можеби е до брзината на зборување
Кога зборуваат струмичани треба да се успори снимката и доле титл да се стави Спојлер Ако сакаат некој да ги разбере
Зошто срамота, кога во еден учебник пишува со с, во друг со з?!Еден професор изговара вака, еден онака.Ниту јас се уште не знам како е вистинското, кога со години различни професори различно ни кажувале.
Јас секаде го имам сретнато со З па затоа ми дојде така. И како може некој да го изговара со с? И да сака не е возможно. Пробај изговори го на глас и ќе видиш