И јас мислам дека е со З, ама понекогаш мојата професорка по филозофија изговара ФИЛОЗОФИЈА со С, и ФИЛОЗОФ со С така да...
Не велам дека неможе согласка помеѓу две самогласки, но како и да ја свртиш работава некако не ми иде. Можеби пак така се слуша бидејќи најголем процент од професорите зборуваат неразбирливо што ме вади од кожа. А може и навистина така изговараат и ако станува збор за последново тогаш незнам што да кажам Па после ние погрешно сме говореле.. Марш бре таму
Прашувам затоа што многу често го имам сретнато философија со С во литература, а и професорката по филозофија ја прашавме ни рече дека и со С и со З ја употребувале, додека пак наставничката по македонски од основно кажуваше дека е со С па затоа дојде до збунка па си реков да прашам
Па нели филос значи љубов а софија значи мудрост, наука , од тука потекнува значењето на поимот филозофија ( филос+софија) А двете с се беззвучни и поради полесен изговор се слеваат во звучната согласка з. Ама и философија е точно затоа што поради полесен изговор едното с се брише. Односно има два начини и мислам дека и двата збора се точни. Зависи од тоа на кој начин се приспособува зборот на македонскоит изговор и правопис, бидејќи е интернационализам. Од друга страна можеби ние сме го преземале терминот од англиското philosophy па не буни тоа што не се чита онака како што се пишува Во секој случај, факултетот во Скопје е ФИЛОЗОФСКИ, а македонската Википедија го користи терминот ФИЛОСОФИЈА. Ако има некој што студира на филозофски може да ни ја разреши дилемата
Да, па на учебникот пишува филозофија, ама баш сега читав книга и гледам философија и тоа повеќе пати спомнато и ми текна дека имам слушнато и порано философија почудно е за изговор ама да си прашам што си е сигурно сигурно си е. Ај, ако знае некој постручен нека објасни
Сега гледав во правописот (книгата) пишува вака: филозофија (но и философија) што значи и тоа и тоа се точни.
Прво, болдираново врска нема... Две С се слеваат во едно З? Нити било, нити некогаш ќе биде. Второ, Φιλοσοφία е оригиналното грчко име и составено е од Φιλο+σοφία. Кај нас за науката се користи терминот Филозофија, иако и на Филозофски факултет ќе најдете на пр. Институт за философија.
Колку што знам правилно е филозофски, е сега правилно е и философија , арно ама нема Институт за философија
Ова е предмет на дискусија и на факултет беше исто, еден професор вели вака, друг онака, јас лично си употребувам филозофија и филозоф и филозофски, затоа што ми е поприродно при изговорот.
Секоја реченица започнува со голема буква и точка. Уште кога луѓето би го почитувале оваа најосновно правило...