1. Ако речеш мора да одам, тоа значи дека некој друг ти го дал тоа како обврска. 2. Aко речеш морам да одам, сама си задаваш обврска да одиш. Така што, зависи кое од овие две сценарија важи.
Нема никакви чаеви, само случаи. Луѓето своеволно си го додаваат тоа ЕВИ, специфична форма за множина. Значи тоа ЕВИ се среќава во многу, многу ретки моменти. Се почесто веќе се употребува ОВИ, кај нови зборови. пр. фајл - фајлови
Пак јас овде. Конечно, се расчисти мојата дилема дали е еВтин или еФтин. Дефинитивно, е еВтин. Проверено во лексиконот на македонски јазик. Е, дојдов јас да ве прашам, дали некој знае каде можам да го најдам тој лексикон и колку пари е ? Ми треба многу, затоа што во Правописот не секогаш ги има сите зборови. Срам ми е да се избрукам и да згрешам некој збор, сепак, како иден преведувач/толкувач, морам да си го знам прво мајчиниот јазик. Да се зачуди човек колку само ненамерни грешки си прават. Ако, битно е да се знае дека е згрешено и од каде да се поправи грешката. Жално е кога не знаат од каде да видат и да се поправат.
1. Надреден знак не се пишува над негација, туку кога не е кратка заменска форма. пр. Нас не не' повика. 2. Било каква, било кои, и било кога е карактеристика за српскиот јазик! Според македонскиот литературен треба да биде: каква било, кои било, кога било!
Не е прабаба, или прадедо, ами прЕбаба и прЕдедо. Озбилно ова, сега прочитав од Правописот. Се прифаќа и тЕнко и тАнко, но не е долЕ, туку долУ. - ветАр и ветЕр, соодветно на ова, ветрот и ветерот. - огАн и огИн, мн. се огнови. Сите зборови од турско потекло се пишуваат со а: касмет, саклет, чорбаџилак... Црковен, а не црквен; Е ова е многу интересно, лично јас до утре можам да забегам со правописни правила. Кога има вокално ,,р,, во збор, нели, на почетокот од зборот се бележи со апостроф. Пример, 'ржи, 'рѓа... Ако има префикс во таков збор, не се пишува секогаш апостроф. Доколку префиксот завршува на вокал, тогаш се пишува. Пример, за'рѓа, за'ржи. Ама ако префиксот завршува на консонант, тогаш нема апостроф. Пример, сржи.
Може ли да на научите да зборувате како што треба? АМАН ВЕЌЕ ВЕ ЧИТАМ, ВЕ ЧИТАМ ... И ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ВЕЌЕ ОД: фЛизер (фризер), реЛна (рерна), ПО дома (низ дома или дома), Чешки да беше (иако е турцизам, правилно е кешки), Тешки да беше (-I, ФИНџал (филџан), траса (тераса), гража (гаража), образУвана девојка (образована девојка, инаку ќе помислам дека некој направил фигура од девојка па ја образувал) а да не зборуваме за тоа дека е МОРАЛНО (задолжително) да го направите тоа, и тоа СЕКУНДАРНО (веднаш, во моментот или одма)!!!!! Не зборувам за жаргони и дијалекти, зборувам конкретно за грешно изговорени зборови и зборови кои не значат тоа што мислите вие дека значат, не ми важно на кој дијалект ќе пишувате, каков жаргон ќе употребувате, ама ова што го наведов горе ми го гори мозокот! И јас и сите тука користиме жаргони ама ова горенаведеново е одвратно... А да, заборавив на прекрасниот збор кој ми ја наелектризирува косата, лабАраторија, шпѓ? се вика лабораторија.
Можеби прашањето не ми е на место ама незнаев кај да прашам. Надредното знакче кое треба да стои над „е“ во „се“ каде на тастатурата го има? Ми требаше го барав незнаев како да го ставам? Едит: Се мислев дали да прашам во компјутерски проблеми ама го ставив овде дека е поврзано со правописот.
Исто и годишните времиња - пролет, лето, есен, зима и деновите во неделата. Сѐ се пишува со мала почетна буква. Инаку, кого го интересира, според правописната норма, датумите во македонскиот јазик, кога станува збор за денови или месеци со редни броеви од 1-9, се пишуваат без таа нула претходно. Пример, за први мај - 1.5.2011 наместо 01.05.2011 или седми октомври 7.10.2011, наместо 07.10.2011 Ваквите одбележувања со нули пред едноцифрени броеви се дозволени само во банкарството и книговодството, не и во остатокот од Правописот. За жал, ретко кој се придржува кон ова правило.
Баш сега сретнав за множина имаше напишано "мој се"... треба "мои се" Не знам зошто толку се греши баш на ова што не се разликува дали треба да се стави мои/мој, кој/кои и.т.н.
Еве некои од најчесто употребуваните скратеници: и така натаму - итн. господин - г. (не се допушта г-дин, иако сите го пишуваме така) година - г. или год. село, страница - с. своерачно - с.р. то ест - т.е. таканаречениот - т.н. и убедливо најпогрешуваната скратеница за доктор значи нема др. д-р. , туку правилната скратеница е д-р (без никаква точка)