Aлнасер или анласер? Анласер го знам како литературен израз ,ама сите го користат алнасер. Во дилема сум
Мислам дека и дватта зборови, ама во малку различни значења. Детски, а не децки! На едно внуче професорката им напишала на табла децки!
Анласер, . Инаку оваа пермутирана да ја наречам онародена кованица ме потсетува на „случајот„ - инфаркт, повеќе од половина од населението кај нас го користи инфракт.
Малку ме збуна.... Не е со две Т ? Ама изгледа го помешав со: ПРОЛЕТТА....(Пр. Пролетта бев на шетање в планина)
Македонисти ајде помош Постои ли македонски збор за бувљак? Знаете, flea market. Јас си го знам само вака, ко србизам а сигурно мора да има и некаков македонски еквивалент на истиот
Ете за ова искрено не знаев.. па нас и професори и сѐ ни пишуваат со 0 во денот.. ама сега си знаам и благодарам за истото!
Пијалак и Скорпија. Секогаш сум мислела дека е пијалок и шкорпија, ама ајде. Нека им биде така. Ако Фемина оди по правописот, треба да биде Храна и Пијалаци и во делот со хороскоп, Скорпија.
Комуникациски е правилно Ова второво е погрешно од communication, значи како што се чита комуникацион но со додадено и на крајот (па испаѓа комуникациони) и не би требало да се употребува
Можеби сум прашала, ама ќе прашам пак. Нели именките љубов, крв, лаптоп... немаат множинска форма? Или јас сум грешка? Зар може љубови, крвови, лаптопи/лаптопови... Првиве две ги има во учебникот по македонски јазик во текст, а лаптопови/лаптопи сум го слушнала на реклама на тв.
Значи тоа лаптоп е вид на компјутер, па за множина би требало да се употребува пр: Има 10 лаптоп компјутери. Тоа лаптопи и јас сум го слушнала и нормално се употребува во муабет но не е правилно. А од крв и љубов нема множина.
Јас ова љубови, крвови и слични такви ,кованици, среќавам кај одредени автори. Употребено чисто колку да се збогати текстот, да се исшара. За лаптоп, множината ти е лаптопи. Не е македонски збор, нема правилно, го користиме како ни легнал во јазикот. Лаптопови, малку чудно звучи. Едит - Сега се замислив, ами и десет лаптопа, на пример. Хмм....
Многу се нервирам. Хулахопките се ДЕЗЕНИРАНИ (што значи имаат дезен, не се обични без никакви шари), не ДИЗАЈНИРАНИ. И ХУЛАХОПКИ се, а не холохопки, хулохопки, халахопки...
seksi за љубов има множина колку што знам. по книгиве што сум ги читала пр.Човекот имаше многу љубови од кои..