Дали некој знае нешто за зборот ПАМПУР? Нели е шпорет, или ќумбе. Ме интересира неговото потекло, кога почнал да се користи во Македонскиот јазик
Дечки, пак јас Инспирирана од една статија на Фемина каде ептен ја забележав реченицата - „бебето на Бијонсе ќе се капИ...“ 3 лице еднина, нели е се капЕ? Ова капи некако ми удира на битолски дијалект, барем мислам. А литературно мислам дека би требало да биде се капе, јас се капам, ти се капеш, тој се капе, ние се капеме...итн. М? Ајде помош ептен се испобунив
Со овој збор често се прават правописни грешки. Значи правилно се пишува пејзаж а не пејсаж. С се користи само кога е зборот во множина. Пр. Пејсажи. Phyramide воопшто не се двоуми, во право си. Капе е за трето лице еднина. Значи детето се капе , од каде произлегува множина: Децата се капеа.
Зима, а не зимо. Храна, а не храни. - Ова го забележав во една статија на Фемина. Именката храна е употребена во множина. Јас колку што знам таа е небројна и има само еднинска форма, а тоа е храна. Доколку сакаме да ја употребиме во множина користиме некои изрази кои ќе укажат дека се работи за множина: различни видови на храна, други видови на храна итн.
ФРИЗЕР-Не Флизер и Флизура Еспресо-не експресо Друго што приметувам дека дали под влијание на ФБ-то и кисс4е,мисс4е....заборавивте да ставате Ч,а најстрашно се нервирам кога место В ставате Ф Колокфиум,видоф,беф.......страшна работа
Мене многу ме нервира што дел од скопјаните додаваат В таму каде што нема потреба... одеВа, дојдеВа, купуваВа . . . зошто бре , зошто? Исто, не знам поради кои причини сите го одбегнуваат зборот ЗАШТО. Значи легитимно зборче си е. Скратеница од затоа што = зашто. Зошто е прашално, а зашто одговара на тоа.
Јас сеуште најмногу ама навистина најмногу се прашувам, кога ќе сФатат луѓето дека сВаќата веќе одамна сФатила дека сФаќање е со Ф а сВаќата е со В. Не знам до кога со ова мешање?! И еден куп такви зборчиња каде што се меша В и Ф. Џабе се фалиме дека владееме значителна листа на други јазици кога сопствениот не си го владееме. Мислам, и јас се двоумам некогаш и веројатно правам грешки, ама кога треба да пишам нешто официјално сто пати си го препрочитувам текстот, прашувам за второ мислење, барем некој друг да ми го редактира, затоа што еден пар очи не се доволни, барам по правописи и слично. Срам ми е бре, срам. Дали станавме мрзливи онака општо или навистина не направи неписмени ова интернетов, не знам. Едно знам, не чини.
Мислам дека така е правилно. Инаку, на живци ми оди кога читам чуство наместо чувство и дизајнирани, наместо дезенирани (хулахопки).
Ќе почнам да плачам, жими се ќе почнам, а ќе почнам и да тепам. К О Л О К В И У М!!!!!!! Аман заман, зошто го вештачите јазикот, се изговара колоквиум. Нит колокФиум, нит колоквиЈум. Чисто, јасно, гласно се слуша КОЛОКВИУУУУУУУУУУМ!!!! Бреее, бре, ова ме натера да решам дека отсега за секој роденден ќе подарувам книги. Да читаат малку луѓево. Срамота, голема срамота.
Совет за тие што имаат проблеми со правописот. :geek: Обрнете им внимание на преводите кога гледате тв! Превод не ми треба и никогаш не го читам преводот, но така научив дека се пишува сФати, а не сВати-јас си знам колку време ми требаше да го запамтам тоа. И чуВства се пишува... иако малку потешко да се изговори. Се извинувам за другите правописни грешки што сум ги направила. Пак повторувам, доколку примети некој некоја грешка, и не ве мрзи, одма ЛП!
Jас денес прочитав прфпат И СЕ ЗАПРЕПАСТИВ! Добро бе, да стигнеш до факултет, ајде и средно, и да напишеш прфпат?! Па тоа е неписменост на ниво! Не сфаќам, како ставаат Ф наместо В во некои зборови?! Со кој памет?! Беф, видоф, кажаф, остафиф ?! Ајде беееееееее, имајте жал малку!
^Јас пред некое време тука на форумов бев информирана дека младината така пишувала, модерно било, тоа со ставање ф наместо в. Не дека не знаеле како се пишува, ама ете, така мода. Ах бре деца деца, неписменост си е неписменост, па со што сакате вадете се.
Како модерно, тоа е огромен срам и неписменост... И кога гледам дека на на форумов така пишуваат, имам таква желба да им кажам се директно, ама само скрол... Ем гледаат како сите други пишуваат, нормално, литературно, и пак така и така...