Сега прогуглав и прочитав дека навистина било без Т. Во заблуда сум била. Патем, немаше потреба од три извичници, како да се дереш
Страшна е грешкава бидејќи е на некој дијалект. Многу бисери се изначитав. Кога ќе видам таков пост не го читам. И јас можам да пишувам на мојот дијалект -но не пишувам. А има и посебна тема ,,Да зборуваме на дијалект,, па може слободно таму да си зборуваат Не се дерев Unfaithful , сакав само да потенцирам
За истото се ставив и јас во двоумица. Два ресторани еден до друг, едниот напишан со Т, другиот без Т. Ако има некој постручно да ни каже како е правилно ?
Почесто го имам слушано како ресторант и го имам прочитано како реклама, но не сум сигурна дали е 100% со Т.
Се чудам кај нас може да се сретне ресторан и ресторант. Некои мислат дека е ресторант, а тоа е веројатно затоа што англискиот збор restaurant завршува со т, па демек англицизам е.... ама не е. Како што кажа Трендафилка ресторан е, без Т. Исто и базен. И топло им препорачувам на сите членки да внимаваат на правописните грешки, затоа што во некои постови забележав зборови на кои не им го ни знам значењето.
Се вадам од кожа кога ќе видам нешто неправилно напишано. Ајде да се брзаш, па ќе разберам, ама една иста грешка милион пати да ја правиш - не бива. Најмногу се нервирам кога ќе поправам некој дека не се пишува така и ќе ми рече дека не сум во право. Инаку СЕКОГАШ ги поправам другите ако згрешат нешто и сите ги нервирам.
Во една тема за милениче кое би сакале да го чувате, но не можете (извинете заборавив на точниот наслов на темата): хмммм... риЗ? пувчиНа?
Базен се пишава без Т! За темава незнам што да мислам...и јас сум филолог па признавам дека некои работи сеуште не ми се јасни,никако да ги научам и постојано расправаме за нив со професорите,иако некои од тие работи се учат уште во основно А башка што не се замарам со правопис кога сум на форуми,фб и сл.Кој знае колку грешки сум на правила во овој пост,а не па во сите други што сум ги оставила И мене повеќе ми пречат дијалектите,дај или сите да пишуваме литературно или сите да си пишуваме на дијалект.Такој ли е кумановци?
Ми пречи многу што ретко кој на форумов почнува пост со голема буква. За точка или било каков интерпункциски знак не се ни слушнало
Мене ми пречи и неоставање празно место после точка или запирка, пренатрупано изгледа и тешко е за читање. И во ред е да пишуваме на дијалект, правопис е нешто сосем друго - и дијалектот треба правилно да се пишува . Пр: рис си е во секој дијалект рис, никаде не е риз
Сакам да и укажам на Гоу, а и на другите што ја прават истата грешка ( кај Гоу ја имам забележано повеќе пати) - не се вели фЛизура, туку фРизура
Еее ова ми е многу смешно.ФЛизери се оние кои ги стрижат овците,а луѓето одат на фРизер за да се шишаат.
Кога јас учев македонски на факултет, професорот Саздов ( душа од човек ) велеше дека има разлика помеѓу "Др." и "д-р" " д-р " се користи за титула доктор на науки " Др "се користи за доктор со значење лекар