Еден најдобронамерен совет: никако немој да се потпираш на преводите на телевизија дека се точни и граматички и правописно , па посебно не на преводите во последните 7-8 години. Напротив-катастрофа се!!!! Чисто за илустрација (претпоставувам добро го владееш англискиот)-во еден филм кој го гледав не знаеле "it's raining cats and dogs" да го преведат, не сакаш да знаеш како го превеле Има еден куп вакви глупости, понекогаш преводот и неговата бесмисленост тотално ми го одвлекува вниманието од филмот, не дај Боже да се подзанесеш во преводот и ќе видиш што глупости ќе прочиташ.
^^ Со ниедно од овие кои си ги навела нема да погрешиш. Затоа што, бидејќи, зашто, поради тоа што........Имаш многу избор.
Точно, сакав истото да го напишам ама скроз заборавив, отидов со паметот. Што сакав да кажам... Кај нас, сакајќи да заштедат пари и да не платат професионални преведувачи, самопрогласени стручни лица преведуваат од српски, хрватски, бугарски. Па чуда е после преводот. Кога бев во кино, ме болеа очите од тоа колку непрофесионално беше преведено. Значи не е само да се ПРЕВЕДЕ, треба да се долови вистинското значење. Идиоми ?! Што е тоа бре, врнат мачики и кучики. Вистински преведувач наплаќа 1.50 евра за минута филм. Околу 100тина евра ти доаѓа тоа од филм, што ниеден газда нема да ги исплати. Плус лектор, охохо, не знам дали му се исплаќа, ама па мајка му стара, не вртат малку пари овие од телевизииве. Кога бев надвор од наша мила, мала, напатена Знаете-која држава, видов што всушност значи добар превод. Си има задолжено специјални лица, секоја телевизија, кино, и друг медиум од јавен карактер има солидни преведувачи и лектори, и си ја работат салам работата. Оди види дали ќе згрешат буква, а тек па збор да утнат.... Овде бате... Па кај сите ќорави и сакати завршија, кај го сакатат јазикот, младината и сите и се по список, па и професор од Филолошки ми дава да учам материјал во кој е напишано оБсерваторија, коЈ за множина и вербална нота е преведено нота Текст. Бруки, за црни срамови сме. Каде е Институтот за македонски јазик, ајде нека се заангажират и нека го заштитат јазикот малкуцка, срамота е. После сме го губеле идентитетот - еми ај да не, неписмен народ шета по улиците.
За ова потполно се согласувам, српскиот и хрватскиот се доста специфични, имам преведувано,покрај тоа што немаат сврзници, имаат зборови кои треба да се долови вистинското значење, не само да се преведе.Нашиот јазик е далеку подобар и побогат од овие што ги споменав, за да се преведе точно, посебно за телевизија или друго, потребно е некој што многу добро ги владее овие јазици, иначе не бива.А тоа што викаш за надвор од нашава државичка, во право си, згрешат ли одма летаат од работа или ќе добијат блага казна Нашите би можеле да организираат да може добро да се преведе некој филм пример, имаме лектори, но, ќе споменам има доста стручни книги по библиотекиве кои да речеме некои ќе се најдат пример на италијански, руски, германски итн., а истите си стојат така непреведени, не дека нема да се најдат на англиски пример, но, информациите се секаде различни, а сосем мал е фондот на преведени книги од српски и хрватски или заедно српско-хрватски.Не велам за сите книги, но, дел од нив или пак нови, значи има работа, само проблемот е што треба лекторите добро да се платени за да работат, со што и тука лежи проблемот околу ова.И имам забележано доста правописни грешки во преводи, но, работава е да земе човек и сам да анализира, па и научник во меѓувреме ќе стане покрај неговата професија.
Па баш ние и не викаме "Да живее долго" туку само "Да живее!" Спојлер Да живее Фемина, да живее Македонија!
Вака јас знам дека е преземе без в, така мислам дека ни кажале и во школо. А сега гледам на компјутеров: „Превземање на датотека...“ И ме интересира дали разно разни е правилно или само разни, различни?
Мислам правилно е преземање Додека правилно е колоквиум, не е колокфиум, претходно е споменато во темава
Преземање е правилно, гледајте на тоа како на зборот земање + префиксот пре. Во нашиот јазик нема префикс прев.
Или, со други зборови, групата ВЗ не постои во македонскиот јазик. Па од таму имаме заемно, преземање итн итн...
За да oнаму каде што е можно треба да се раздели. На пример Ќе ти се јавам за заедно да одиме.-точно Ќе ти се јавам за да одиме заедно.-неточно
Леле дете од каде го измисли ова?! Страшно! Во овој тип зависносложени реченици вообичаената конструкција е за+да+глагол во лична форма. Она што ти си го посочила како неточно е всушност апсолутно точно! Меѓу за и да може да се најдат зборови кои говорителот сака да ги истакне, ама и не мора. Инаку, во овие зависносложени реченици важно е да се внимава дека меѓу да и глаголот не може да стои ништо освен негација, кратка заменска форма од личните заменски и кратка заменска форма од повратната заменка. (или, како што го објаснував тоа, да и глаголот се големи другарчиња и не сакаат да се разделуваат ).
Сигурно не седев пред компјутер и го измислував, вака не учеше професорка во средно, воедно и доктор на науки.
Сеедно, севкупно, сеприсутен наспроти сè уште (колку сака пати нека е повторувано, МОРА да ни влезе во главите!). А за примеров над мене, мислам дека нема точно и неточно - двете се точни.
Ако ова го кажала професорка, пријави ја во Државен просветен инспекторат. И навистина сум сериозна. Ова ученик во основно да го каже ќе ми биде чудно. Поздрави ја професорката и кажи и да ја отвори барем граматиката пред да кажува нешто. Имаше една строга професорка на факултет, Лилјана Минова-Ѓуркова која убаво велеше дека секој неписмен кој ќе успее да заврши факултет ќе осакати генерации и генерации млади луѓе и тоа понатаму се шири со геометриска прогресија.