Мене ми останаа неразрешена мистерија добровечер и добредојде - дали треба заедно или посебно, и како точно се пишувац(добро/добра...) Исто така комбинациите како на пример -без+сознание. Не можам да се стам на други, ќе пишам ако се сетам. Кој знае, нека помогне
добравечер, добредојде - заедно се пишувааат. А за -без+сознание мислам дека исто така заедно се пишуваат, безсознание .
Их, за џабе ли сум јас студент тука, ви ги освежувам на сите сеќавањата. Ако е добра, е вечер. Добра вечер. Ако е добро, е добровечер. Може и добредојде, и добре дојде. Мислам дека повеќе зависи како ќе го изговориш. Пример, на аеродром во Скопје, беше напишано Добре дојде. Мене повеќе ми одговара добредојде, изговорено како целина, но ајде. Веројатно срушено тоа сега, па не знам што ставиле на новиов аеродром. За тие таквите, без+с, обично се испушта едно од нив. Бесознание, безвучен, бесрамен, бесмртен, бесплатен... п.с. Матуранти, купувајте сите по еден Правопис, не бива така да одите на матура, па после и на факултет.
Добровечер се пишува слеано, но исто така може да се употребува и добра вечер (одвоено). затоа што и двете форми се прифатени во правописот и во правоговорот. А добредојде се пишува слеано, инаку по некоја логика би требало да стои добро дојде што не звучи баш соодветно. Додека бессознание е правилно, затоа што треба да се внимава на едначењето по звучност, префиксот "без" не смее да стои до безвучна согласка, во случајов С.
- добра вечер (поздрав) и добровечер - добре дојде (поздрав) и добредојде (пр. Му посакавме добредојде) Спојлер Кирил Конески - „Правописен речник на македонскиот јазик“, Издавач: Просветно дело, Скопје 1999, стр. 81: Звучните и безвучните согласки се едначат по звучност кога ќе се најдат во непосреден допир. Едначењето се врши спрема втората согласка. Звучните согласки пред безвучните се менуваат во безвучни. Што значи бессознание е правилниот збор. Преѓе или преѓеска (барем така го имам сретнато во Големиот речник на чичко Зозе
А сигурно ли ова со бессознаниево е вака, гугл ми го преведува и со едно С и со две С... Мене и во тетратчето ми е запишано со едно, ама не викам дека не ми е грешка.
Е со Зозе тек допрва ќе се сретнам, сега со чика Блаже се дружам. Тип на денот - обЅир. Не е обзир, туку обЅир.
Doozy, не е само овој збор... како сите да ја заборавија буквата Ѕ во нашиот јазик... многу често среќавам зид наместо ѕид, звони, звонче наместо ѕвони, ѕвонче, ѕвонец... ете и твојот пример тука може да се вброи... а колку што знам, тоа е и една од посебните одлики на нашиот јазик, што не' прави различни од соседите со кои имаме слични јазици.
Обѕир, проѕирно, ѕирка, ѕуница... сите се со Ѕ. Многу честа грешка - бурекЏилница, наместо правилното бурекЧилница, со Ч. Треба да се земе в/во предвид. Погрешно. Не постои в или во пред зборот предвид. Си стои самиот независен - треба да се земе предвид... Гледам дека и многумина прават грешки при пишување на поздрави. Правилно е: добар ден добро утро добра ноќ добре дојде добре ми дојде до видување до гледање (иако поголемиот дел, а и јас ја правам таа грешка и ги пишувам слеано, а треба разделено) со здравје, НО, добровечер (слеано е правилно). Слеано се пишуваат и следниве сложени прилози: првпат, вторпат, третпат, трипати, четирипати, петпати, стопати, секојпат, никојпат, многупати, повеќепати, неколкупати итн.
Да, стварно поточно, навистина Србизмите си го направија своето и влијанието на српскиот јазик - обзир, зид, звони...сето тоа се српски верзии а јас баш ја сакам буквата Ѕ и затоа си го употребувам зборот ѕенѕа, ѕуница и слично затоа што ми се преубави И ѕ’ма, ѕ’ма, ѕ’м си ја пеам Еј, ете и јас отсекогаш сум си мислела дека е бурекџилница! Веројатно чајџилницата ме буни но ете на пример постои и - ќебапЧилница, и не ми текнало. Трендафилке, по што се знае дали е Ч или Џ? Знаеш вака на кратко, стручно, да објасниш затоа што јас лично се бунам кај овие зборчиња. Сега ко за беља не ми текнува на други вакви дуќани.
Се работи за едначење по звучност: ќебап+џилница, п е безвучна согласка, џ е звучна, се едначат и џ поминува во ч. Истото е и кај бурек+џилница, к е безвучна, џ звучна и затоа се врши едначење.
знам дека е страмота што ке го поставам следното прашање, но ете не научив, устварност, бидејки ми беше страм да го прашам и професорот за објаснување па и моите дома, мене ми е сеуште нејасно кога треба да пишувам Ч а кога Ќ на пример: куЌа јас често пишувам куЧа или наместо Ќе јас пишивам Че. и ова се зборови што знам каде треба да напишам Ч или Ќ , но што е со останатите? постојано грешам...
За почеток СТРАМОТА се пишува без т, срам, срамота. А кога треба ч/ќ, најискрено не знам да одговорам, мајчин јазик не знам како може да не знаеш, природно треба да ти иде. Че е прилепски, ама пак, секој би требало да знае да пишува и говори стандарден наспроти дијалект.