"е вака пијам пивски квасец таблети поцнав скоро 1недела исто и рицинусово масло користам 1 недела...е сега утре ке идам во грат бидејки зивеам далеку од центарот на градодо и сакам да си земам и ампули со бресов сампон оној од 200мл доволно се 5ампули или малку или ногу се??? да не има некоја стета да се ногу? стварно не знам затоа сакав совет од вас...и после овие 3 работи пивски и рицинус па сега да си земам ампули..сто усте да земам?? мислев мерц дразеи али веке пијам таблети(пивски ква) да не претерам..кога ке заварсам со пивски ке земам мерц мозе вака? е ако не мерц да земам ли пантенол раствор?? или има несто др? ај ве молам совет стварно поцнав со косава да расте барем 10 цм ако се мозе до март или 1прил?.... ај писете сто да си земам утре-поз или некој спреј капки од коприва или било сто користите а ви помогналао..ве молам писете--поз" Јас не успеав да ги избројам точно сите правописни грешки, обидете се вие
СтарограДски а не старограТски За ова морав да изреагирам, зашто уште малку и старограцки ќе им испадне
Добро бе овие самопрогласениве водители и новинари некогаш ќе ги научат броевите во нашиов јазик? Нема ден на ТВ да не слушнам или да не прочитам: ПЕЕСЕТ, ДВЕСТА, ТРИСТОТИНИ, МИЛЈАРДА Правилно е: 50 - пеДесет 200 - двестЕ, (членуван е двестето) 300 - тристА (членуван е тристата) Сите останати стотки ја имаат наставката -стотини: четиристотини, петстотини... Милијарда. Толку. Ми олесна.
И многу, ама многу се користи зборот ПЛАВО, наместо СИНО. Србизам. И јас знам да направам грешки, и да велам плаво ама се одвикнувам полека, полека... И сакав да прашам, дали е правилно да се почнува реченица со И? Глупаво е прашањево, ама слушнав пред некое време така, дека не требало да се почнува, па да си прашам.
И јас многу често викам плаво, користам и други србизми, кога бев мала баба ми постојано на српски ми зборуваше и тоа е Ама сепак мене на пример не ми смета некој да користи вакви србизми, како и тој погоре на пример паковање, разговорно, пишувано е друго, ама неформално нормално е да не се трудиш секоја реченица да ти е на место.
Има ли разлика меѓу костум и костим? Костум - за 1ви Април (на пример) Костим - за свадба (на пример) Или е обратно? Или не е важно кое ќе стои?
Јас мислам дека нема разлика, т.е. единствената разлика е тоа што костум е правилно, правописно, додека костим мислам дека го нема во нашиот правопис, а значењето и на двата збора е исто.
Има разлика, и двете форми се точни и присутни во правописниот речник на македонскиот јазик. Костум (за маж) - се мисли на свечен костум. Костим - за сценска претстава, маскенбал итн. Оттука доаѓа и поимот костимограф, костимографија.
Одвоено. Спојлер Јас ги учев одвоени. Не знам дали е точно. Грешка. Како што напиша Ливинг е точно, моево е грешно.
Забелешка: Повратната заменка себе, поради експресивност, почесто се јавува во формата себеси, која се пишува слеано - не себе си. Разделено се пишуваат кратките заменски форми за директен и за индиректен објект: себеси се и себеси си. Примери: Себеси се виде во неговите очи. Себеси си рече дека тоа не е вистина. Извор: http://lektormk.blogspot.com/2011/03/blog-post_18.html