^или типичното охридско ќумрам! Дали може „ко“ да биде замена на „кога“? (Ко бев на пазар, ја сретнав неа.) Знам дека е кратенка од „како“...
Владее (владеат, владеј, владејте, владеев, владееја, владеел, владеен, владеејќи, владеење, владеав, владеаја, владеал, владеан) владејач владејачки владетел владетелска владетелски Ова се сите можни комбинации од глаголов. Правопис на македонскиот литературен јазик, Кирил Конески
Кратенка е и од "како" пр. Не сум како тебе. Не сум ко тебе. Значи може да биде кратенка и од "кога" и од "како" , ама не е литературно. Ајде, вака, некој што е поупатен или има литература при рака... Во последно време честопати слушам еден израз "пазарување" наместо "пазарење" што ми се чини дека е некоја нова кованица Прифатено ли е воопшто ова "пазарување" како литературен збор?
подржувам или поддржувам? Пример: Ги под/држувам вашите права. јас лично мислам дека е ова второво, ама сепак како е правилно ?
со две д е дефинитивно. еве слично: одеднаш или оддеднаш? Пример: Од ниедна, од/деднаш две подземни улици. И: одржува или оддржува? Пр.: Во Замбија се од/држува народно гласање. Кај ми се паѓаат се некои вакви зборчиња во проектнава, ќе ве изнамачам. и ќе ме умре Д-то!
Каша, еве начин да разрешиш некои дилеми околу единечната или двојна употреба на д кај некои зборови - ќе бараш Дигитален речник на македонскиот јазик, пробав да постирам линк ама пристапот беше забранет, како и да е... Инаку одеднаш е правилно.
За писменатата по македонски на синот имам дилема. Тениски рекет, тениска палка или поинаку. Како е правилно?
Офицер или официр? Јас цел живот го знам како офицер, ова официр е на српски колку што знам, но некој ме убедува дека е и на македонски, во литература го сретнувам и едното и другото. Па сега?