Се користат и двата изрази бидејќи се работи за интернационализам, но тоа е збор кој е одомаќинет во нашиот јазик, така што почеста и поправилна е употребата на офицер.
Знаев дека е интернационализам, ама почнав да се двоумам дали во литературниот јазик употребата на еден од овие е погрешна. Изгледа дека не е.
Одомаќинет интернационализам. Офицер, офицерски, офицерство. Правописен речник на македонскиот литературен јазик, Кирил Конески (секој кој сака најлесно да си ги разреши овие недоумици и проблеми, може да си го купи речников. Чини 210 ден. во Детска Радост).
Пазарување можи да иди од бугарското пазаруване,во Бг тоа си е литературно,не знаев дека и кај нас почнале да го употребуваат.... А мене па,најглупаво зборче ми е ОПРАВАМ,ОПРАЈ СЕ( )е од кај сеа тоа? Нели е тоа поправам,па и опоравам,незнам како да го објаснам...
Да, и кај нас го употребуваат пазарување, и тоа при реклами и т.н. не само при муабет, затоа и го напишав на темава и прашав да не е прифатен тој збор како литературен случајно. Инаку далеку од тоа дека на форумов и во секојдневниот говор се изразуваме чисто литературно. Ама како и да е кованиците од типот на "опрај се", кои несакајќи сите ги прифаќаме навистина газат нерви дури и во неофицијална употреба, aјде ми текнало сега, ќе си измислам збор. Исто и со офицерите, знаев дека нема шанси да биде официр, официр е српски збор, но со оглед на тоа колку пати го имам сретнато во литература и после толку убедувања, почнав и во тоа да се сомневам, па си прашав тука на форумов некој поупатен дали е нормирана употребата на "србизмов". Зашто, нели, како што гледам, србизмите ги третираме како дел од мајчиниот јазик, а парадоксот е во тоа што ни во време на Југославија не биле толку застапени во литературата и медиумите како што се сега. Ама, изгледа ни тоа не им било доволно, па сега почнаа и со бугаризми, ете пример ПАЗАРУВАЊЕТО. И ајде да си немавме соодветни изрази па да прифаќавме туѓи, ама ги имаме бе.
Оснивач или основач? Подолго време се мислам за ова, но не сум се сетила да прашам. Го имам сретнато и на двата начина и затоа ме буни.
Оснивач?????? Прв пат го слушам тоа.Основач си е правилно.Колку што знам се вели пр. го основал своето кралство,а не го оснивал,или го оснивил(веќе и јас се измешав )
Основач е правилниот назив. Следуваат: основање, основачка, основачки. Глаголот е основе (глагол од Е група) сите негови форми: основат, основи, основете, основав, основаа, основан (ќе) основев, основеа, (ќе) основел.
Кога пишуваш кратенка од Приватно средно училиште се става точки после секоја буква или не? Односно ПСУ или П.С.У.?
Оценка или отценка? Јас мислам дека е оценка ама на една страна што е за симнување наслови пишува отценка и ме збуни ..
Дојдов во ситуација денес да објаснувам што ми значи скратеницата Г-а (неодредено кога не се знае дали личноста е Госпоѓа или Госпоѓица). Дали може да се користи оваа скратеница или грешам? Според тоа што најдов на нет, скратеници се прават и со поврзување на првата со последната буква или слог, што значи дека би требало да може и вака, но како пример не е наведена мојава. ХЕЛП!