А како би се обратила кога не знам што е? Мислам, која е општата форма/скратеница, госпоѓа или госпоѓица? Еве на Англиски кога пишувам користам Ms. дали и кај нас би било Г-ца? Извинете ако тупам ама морам еднаш засекогаш да го решам ова
Нема општа форма. Единствено да и се обратиш со пример: Почитувана/и, (и директно името и презимето без г-ѓа или г-ца) ------------------------------- ----------------------------------- ---------------------------------------- или, само да ставиш г.Трајка Трајковска (само вака не е правилно) У краен случај распрашај се дали е мажена
Често среќавам г-а, изгледа луѓево се унезгодуваат зошто не знаат доволно детали за животот на споменатата Во деловен протокол секоја полнолетна жена е г-ѓа, без разлика дали е мажена или не.
Правилните скратеници се г-ѓа госпоѓа г-ца госпоѓица и можеби една од најчесто погрешуваните скратеници г. господин. Според правописот на мак. литературен јазик, точната скратеница за година и господин е само г. Не се допушта г-дин.
Незнаев каде да го поставам прашањето, па ајде тука. Како се викаше она изразно средство(?) кога дејствата во делото одат во обратен редослед, односно започнува од крајот и потоа преку раскажување се враќа назад? Ако ме разбравте.
index a tergo - дејството почнува од моментот на збиднување (крајот), па се враќа наназад. Сигурна сум дека беше така. Инаку, не е изразно средство, принцип на раскажување, така некако беше.
- Ретроспекција не, туку ретроспектива е навраќање на некој настан од минатото. - воља е волја - незнаев е не знаев (негација се пишува одвоено од глаголот) - 25 годишен не, може 25-годишен - шестнаесет е дефинитивно шеснаесет
Јас знам за обарен зеленчук, а поим неам од кај знам, цел живот го слушам зборот. Не ми текнало никогаш да размислам зашто е и што е...