1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мене треба да ме убиете, на форумов, а и во вистинскиот живот секојдневно се повеќе и повеќе употребувам србизми, иако несакам, но паралелно ги зборувам и слушам и македонски и српско/босански, и понекогаш на македноската верзија на зборот не можам да се сетам, и полесно ми е да го пишам/кажам на српски.

    Иако благодарение на наставничката Ѓурѓица, од 5-8 одделение научив се што знам за македонскиот јазик, во средно таа беше е*и-ветар, ужас невиден, и тие што од основно немаа никакви познавања, ги отупе уште толку.

    Меѓутоа според мене „моите“ србизми не се толку лоши колку што се на пример изразите од типот секоја ден, јадеФ, звони и сл. Еве пример, бидејќи се споменува професорка најверојатно станува збор за некој средношколец http://www.facebook.com/pages/%D0%97%D0 ... 0170886962. Јас знам дека секоја ден не е, туку е секој ден, или јадев, или ѕвони и сл.
    И за ваквите и ред други грешки јас не ги обвинувам младите, виновни се наставниците и родителите подеднакво. Наставници поради се поголемата попустливост и родителите заради не вниманието, и не заинтересираноста за образованието на нивните деца.

    И јас не велам дека сум некој кој знае каков познавач на литературниот македонски јазик, но сепак имам барем основни познавања, тажно е што денешниве деца го немаат ни тоа.
    За дијалективе не сум против единствено во лична комуникација, меѓутоа во професионална кореспонденција многу не вкусно и не културно ми изгледа, нпр некој да напише „Барање до МВР за да ми издајт лична карта“.
    Сепак треба да се знае колку толку литературниот македонски јазик, барем за во вакви случаеви.

    По форумов не ми пречи, ниту пишувањето на дијалект, иако да бидам искрена понекогаш ми е малку потешко некои да ги разберам (кумановски, струмички, гевгелиски итн), но сепак не инсистирам да се пишува строго литературно.
    Но инсистирам на тоа секој човек кој има македонско државјанство да го познава јазикот, да го пишува и зборува течно, ова особено се однесува на Албанците кои, без навреда, ама уши ми параат кога ќе ги слушнам.


    И нешто што ужасно ме нервира е соственото плукање по јазикот, со ова мислам на тоа дека ако зборуваш или се трудиш да зборуваш литературно по некоја логика си лудак, глумиш начитан и паметен и сл.
    Еве пример, знам дека во претходната реченица говори е адекватен глагол, но сепак јас употребив непостоечки глагол збори. Зошто ако пишев говори реченицата ќе звучи и изгледа поинаку.
    И во ред други ситуации, ако употребиш литературен збор, не само изгледот, туку и изговорот изгледа поинаку, а така се добиваат вакви погледи :^) и претходно наброени етикети.

    И уште нешто дечки не е сваќа, туку е сфаќа. Сваќа е жена на сватот, од спротивната страна на свадба, а сфати е глагол, за нешто што го разбираш.
    Морав да редактирам и допишам, зошто често го среќавам по форумов во погрешна форма, и тоа кај форумџии за кои имам виско мислење.
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.141
    Допаѓања:
    56.472
    Пол:
    Женски
    Триаголник, а не тријаголник. :!:

    Во овој случај не важи правилото за буквата ј измеѓу и и а.
     
    На Annath и RainBow им се допаѓа ова.
  3. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Полјак/Полјакиња наместо Пољак/Пољакиња? :^)
    За Полјак ми е логично, ама Пољакиња сретнав во една книга :?:


    И на нешто морав да укажам, и онака деновиве само тој збор го сретнуваме...
    ВЕЛИЧЕСТВЕН треба, без Н никаде помеѓу.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Полјак, Полјачка, Полјаци, полски е правилно.

    Други грешки кои честопати се прават -
    правилно: првпат, вторпат, третпат, многупати, честопати... освен ако двата делови од оваа сложенка не се акцентираат посебно, па да имаме прв пат, втор пат, често пати... иако поретко се случува ова.
    Сепак, точно се и двете варијанти.

    Кај нас не постои во предвид или в предвид, едноставно правилото вели - треба да се земе предвид. Бев в/во, нема потреба од тоа.
     
    На Annath и antilla им се допаѓа ова.
  5. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Пекара и млекара или пекарница и млекарница?
    И жителка на Данска, жителка на Финска и жителка на Хрватска? Данка, Финка, Хрватка/Хрваткиња (Хрватица сигурно не е) или...? Како е правилно? :^) :)

    И треба ЗАШТО наместо ПОШТО, се имам забележано и себеси на форумов дека повеќе пати го употребувам ПОШТО иако знам дека не е литературно.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Пекарница, млекарница се точните називи.
    Според правописот се тежнее да се исфрли од употреба таа наставка - ара, иако е прилично популарна - пивара, железара.
    Значи по правило треба да оди - пиварница, железарница, иако тешко се искоренуваат.

    Данска, Данец, Данка, Данци, дански
    Финска, Финец, Финка, Финци, фински
    Хрватска, Хрват, Хрватка, хрватски
     
    На Annath, ana-banana, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Расеаност или рассеаност? :^)
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.187
    Пол:
    Женски
    Нешто што слушнав деновиве, а според мене погрешно:

    Наместо внук, се изговара фнук, знам дека кога се изговара В, се слуша како Ф, ама упорно тоа го слушав, не дека замерувам за вакви работи, но ете ми остана во главчево :D значит внук
     
  9. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Значи, макар и јас во изговор користам значит. ;)
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.187
    Пол:
    Женски
    Дијалектички е тоа ;)
     
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Вакви грешки со Ф наместо В нон стоп среќавам. Иако искрено мислам дека појќе заради чепост си ги користат овие ваквите изговори ...

    Ако ме разбра сФе што ти кажаФ :rofl:
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Прозирна или проѕирна? Мајка ми има две фолии за свежо дома и на двете различно пишува. :D
     
  13. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    Правописот и правоговорот на македонскиот јазик, познати како ортографија и ортоепија, се стандардните јазични норми на секој јазик со кои се наведува правилниот говор и праволното пишување. Под правопис се подразбира правилен начин на пишување т.е. правилна употреба на графичките знаци и на интерпукцијата во даден јазик, како и правилна примена на сите законитости според кои се утврдуваат правилата. Сето ова се сфаќа како унифициран збир на правила за пишување на зборовите. Правоговорот се дефинира како правилен изговор на напишаното и на кажаното. Правоговорот налага секој зборувач на еден јазик да ги почитува правоговорните норми. Правописот на македонскиот јазик од моментот на својата стандардизација претрпел неколку измени, односно имало мали измени во правописот во 1945, 1950, 1970 и 1998 година.Во лингвистиката, правописните правила се категоризираат во една од трите главни типови: фонетски или фонолошки, морфолошки и етимолошки правопис. Фонетскиот правопис се однесеува на гласот или се управува според гласот и таков вид на правопис има во македонскиот, српскиот, хрватскиот или албанскиот јазик. Со други зборови, во овој вид на правописи се пишува како што се чита. Во основа на морфолошкиот правопис лежи строежот на зборот т.е. без разлика како се изговара, секоја морфема си ја задржува основната форма и таков правопис е на пример бугарскиот. На крај, етимолошкиот правопис е правопис кој се базира на постара пишана форма на еден јазик, како што е англискиот или францускиот правопис. Важно е да се напомене дека нема ниту еден правопис кој е чист по природа, односно мора да има елементи од најмалку еден друг вид на правипис покрај основниот.[2]
    Правописот на македонскиот јазик се занимава со правописните правила, нивно изучивање, подобрување и одржување. Во склоп на македонскиот правопис спаѓа правописот на самогласките и согласките, употреба на голема буква, слеано и разделно пишување на зборовите, делење на зборови, скратеници, транскрипција, интерпукциски знаци и правописни знаци.
    Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за јазик и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.Азбука
    Нашата азбука има 31 буква, колку што има гласови во македонскиот литературен јазик.
    Аа, Бб, Вв, Гг, Дд, Ѓѓ, Ее, Жж, Зз, Sѕ, Ии, Јј, Кк, Лл, Љљ, Мм, Нн, Њњ, Оо, Пп, Рр, Сс, Тт, Ќќ, Уу, Фф, Хх, Цц, Чч, Џџ, Шш
    Едначење по звучност
    Главна статија: „Едначење по звучност“.
    Според звучноста, согласките се делат на безвучни, звучни и сонанти. Безвучните и звучните согласки образуваат корелативни парови.

    а) звучна + безвучна = две безвучни (пред + пријатие = претпријатие)
    б) безвучна + звучна = две звучни (сват + ба = свадба)
    Обезвучување на крајот на зборот
    При изговор, доаѓа до обезвучување на крајот на зборот, и покрај тоа што се пишуваат звучните (леб, град, мраз).
    Удвојување на согласки
    Во македонскиот јазик се среќаваат и удвоени согласки. Како удвоени се јавуваат согласките т, д, с, з, ј, л, м, в и р. За повеќе детали видете: Удвоени согласки во македонскиот јазик
    Елизија
    Елизија е испуштање на гласовите. Најчесто се случува во множински форми (петел - петли; добар - добри).
    е
    Кај именките:
    Кај именките на -ец
    старец, старецот - старци; скакулец, скакулецот - скакулци; големец, големецот - големци, но: подлец - подлеци; мудрец - мудреци
    Кај именките на -ел:
    котел, котелот - котли; кобел, кобелот - кобли; орел, орелот - орли, но жител - жители; истрел - истрели
    Кај именките на -ен:
    ражен, раженот - ражни;
    камен, каменот - камни, но и камења;
    скорен, скоренот - скорни
    но: остен, остенот - остени (и: остење)
    Кај други именки:
    јарем, јаремот - јарми (два јарема)
    пес, песот - пци (два песа)
    ден, денот - дни (два дена), но и: денови!
    Кај туѓи зборови на -ер:
    министер, министерот - министри итн.
    Кај придавките на -ен: гладен, гладна, гладниот итн.; радосен, радосниот итн., но: дрвен, дрвена итн. (но: дрвна индустрија)
    о
    Кај именките:
    Кај именките лакот - лактот, лакти; нокот - ноктот, нокти;
    Кај именките на -ок: потомок - потомци, но: четврток - четвртоци
    Кај придавките: редок - ретка; сладок - слатка; близок - блиска, но: висок - висока, широк - широка
    Во наспоредни форми: собере - збере
    а
    Кај туѓите зборови на -изам: комунизам - комунизмот, фашизам - фашизмот
    Кај придавките со наставка -ар: бодар - бодриот, добар - добриот итн.
    Кај именки на -ар: ветар - ветрот, ветрови. Кај туѓите именки на -ар: метар - метри итн.
    Со голема буква се пишуваат:
    Почетниот збор на реченицата.
    Имињата, презимињата и прекарите, имињата на животните и фамилиите.
    Посвојните придавки изведени од лични имиња со наставките -ов, -ев и -ин.
    Географските и топографските имиња. Ако се составени од повеќе зборови, сите се пишуваат со голема буква.
    Имињата на жители на континенти, држави, области, национална припадност, припадници на племиња.
    Имиња на институции, улици, кејови, плоштади, објекти, организации, фестивали, имиња на книги, уметнички творби, весници, списанија, написи, закони, прописи, документи, како и називите на востанијата, војните, битките и мировите. Голема е буквата само на првиот збор, освен ако не е лично име.
    Имиња на небесни тела.
    Кога по две точки :)) следува директен говор.
    Имиња на празници.
    Од почит, заменките „вие“ и „ваш“, како и други зборови.
    Со мала буква се пишуваат:
    Жители на населени места.
    Придавки изведени од лични имиња и географски поими.
    Имиња на месеци, денови во неделата, годишни времиња.
    Имиња на училишни предмети.
    Правопис на самогласно Р

    Гласот р врши служба на самогласка во случаите како: крв, дрво, срце,трн,прв,врв,трча,крт итн. Во почетокот на зборот: ’рж, ’рѓа, ’рска, ’рнка, ’рга, ’рбет. Овие зборови со префикс што завршува на самогласка: за’ржи, на’рга. Со префикс што завршува на согласка: сржи, срска. Значи буквата „р“ некогаш се јавува како самогласка.
    Правопис на Ј


    1. Ј секогаш се пишува меѓу И и А (исклучоци: заемки како алиас, прилогот иако, слеани зборови како триаголник итн.)
    Марија, историја, Македонија.
    2. Кога во зборот ќе се најдат три самогласки една до друга, меѓу последните две се пишува Ј.
    пееја, знаеја, умееја, успеаја.
    3. Кај именките изведени од глаголи со наставката -јач.
    пејач, сејач, скијач.
    4. Се пишува во формите на заповеден начин.
    пиј-пијте, пеј-пејте.
    5. Во наставката на глаголскиот прилог -јќи.
    одејќи, пеејќи, мислејќи.
    6. Ј се пишува во еднинските форми кај некои зборови.
    мој, кој, свој, твој, секој...
    7. Ј не се пишува меѓу две самогласки од кои втората е Е или И.
    мое, мои, бои, крои, шие.
    Правопис на Ќ и Ѓ


    1. Ќ се пишува во честичката за идно време ЌЕ.
    ќе одам, ќе учам
    2. Ќ се пишува во наставката -ЈЌИ.
    одејќи, спиејќи
    3. Ќ се пишува на почетокот од зборот.
    ќебе, ќерка, ќерамида
    4. Ќ не се пишува пред И кај туѓи зборови.
    кибрит, килим, килибар
    5. Ѓ не се пишува пред Е во туѓи зборови.
    ангел, Германија, генерал
    Правопис на Л и Љ

    Л се пишува во зборовите: лут, клун, клуч, лупи...
    Пред Ј не се пишува Љ: волја, фотелја, Билјана, неволја, крилја, илјада.
    Во еднина: детаљ; во множина: детали.
    Во почетокот на зборот, само во коренот љуб-: љуби, љубов, Љубе, Љубен, Љупка, Љубица, Љубојно итн. Во други случаи нема љ: лубеница, луѓе, клун, клуч итн.
    Во други случаи: вљубен, пљачка итн.; Иљо, Кољо; Иљка; фељтон, фељтонист.
    Правопис на Х

    Во литературниот јазик не е преземено од народните говори:
    хемија, хигиена, Хајнрих Хајне итн.; храброст, поход, доход итн.; Охрид, Пехчево.
    Во еден број случаи се создава двојство: дух, воздух, но: задув; поход, доход, но: оди, наоѓа; храна (за разлика од рана!), но: ранениче. Во други случаи не се изговара и пишува во почетокот на зборовите: леб, арно, ајдутин, армоника, убав, убавина итн.
    Во средината и на крајот на зборот х или се загубило или преминало во друг глас:
    в, ф < х:
    Од хв-: фрла, фали, фати, фрка;
    Од х: дојдов, бев, бевме, но: беа; нивни, јавне итн.; орев - оревот; пазува; мува; уво
    Правопис на В и Ф

    вистина, вистински; внатре; втор; внук (не: мнук); влезе (не: флезе), но: земе, зеде, зел, презема;
    ливче (од лисче), мовче од мост итн.
    Во некои дијалекти се загубило: тетоски место тетовски, чоек место човек итн., односно се претвора во ј: зборој место зборови итн.
    Правопис на Џ

    џ се развило од ж: џвака, џгура итн.
    Кај туѓите имиња: Риџвеј и сл. и кај туѓи зборови како се: џин, џигер итн.
    Се добива од ч пред звучна согласка: лиџба < *личба
    Кај наставката -џија: тутунџија, џамџија итн.
    Правопис на Њ

    На крајот на зборовите: коњ, сињ (и син) (боја)
    Во множината на именките на -ен: пламење, камење итн.
    Кај глаголските именки на -ње: барање, движење итн.
    Во неколку именки на -ња: бања, диња, свиња итн.
    Во збирните именки (место множина): ремен - ремење, корен - корење итн.
    Во наставката -иња за множина на некои именки во среден род на -е: име - имиња; прасе - прасиња итн.
    Кај некои несвршени глаголи: мени - мењава; се поклони - се клања итн.
    Правопис на броевите


    1. Бројот 6 се пишува со т на крајот: шест
    2. Кај десетките: 50 - педесет, 60 - шеесет, 90 - деведесет.
    3. Кај стотките: 100 - сто, 200 - двесте, 300 - триста, потоа сите стотки ја имаат наставката -стотини, 400 - четиристотини, 500 - петстотини, 600 - шестотини. Исто е и кај приближните: 600-700 - шест-седумстотини.
    4. Се пишува: илјада, но: милион, милијарда, билион.
    5. Сложените броеви што се поврзуваат со и се пишуваат одвоено.
    23 - дваесет и три, 174 - сто седумдесет и четири, 1266 - илјада двесте шеесет и шест.
    6. При членување: двата (двете), трите, петте, шесте, деветте; додека кај стотките е различно: стоте, двестето, тристата, па потоа: четирите стотини, петте стотини, шесте стотини итн.
    7. Кај бројноста за лица: двајца, тројца, четврорица, па потоа: петмина, шестмина, седуммина, осуммина, деветмина итн.
    Слеано и разделено пишување на зборовите

    Два или повеќе одделни збора добиваат ново значење откако ќе се спојат во еден сложен збор. Во зависност од степенот на срастување, овие зборови може да се пишуваат слеано или со цртичка меѓу компонентите.
    Слеано пишување

    1. Сложените именки и придавки поврзани со самогласките О и Е се пишуваат слеано.
    2. Именките и придавките со прв дел: пол-, полу-, се пишуваат слеано.
    3. Сложените именки или придавки кај кои првата компонента е број или бројна придавка.
    4. Сложените именки од кои првата компонента им е глагол во заповедна форма.
    5. Сложените именки и придавки на кои првата компонента им е заменска форма.
    6. Имињата на празниците во чиј состав влегува зборот „ден“.
    7. Сложените именки кај кои како прва компонента се јавуваат туѓите зборови: авио, авто, астро, хидро, микро.
    8. Сложените именки кај кои втора компонента се грам, литар, метар.
    9. Сложените придавки на кои првата компонента им е прилог.
    10. Слеано се пишуваат и зборовите чија втора компонента е -пат, -пати.
    11. Слеано се пишуваат и придавките: социјалдемократски, средновековен; како и сложените прилози: вчеравечер, едноподруго, отсега, напролет, предвид, претпладне, сосила, поинаку, понекогаш.
    12. Негацијата НЕ се пишува слеано со придавки, прилози и именки. Со глаголите, негацијата НЕ не се пишува заедно. Исто така, не се пишува заедно со глаголскиот прилог.
    13. Префиксите ПО- и НАЈ- за образување компаратив и суперлатив се пишуваат слеано.
    Разделено пишување

    1. Негацијата НЕ со глагол или глаголски прилог се пишува разделено.
    2. Кратките заменски форми зад именките со роднинско значење.
    3. Поздравите што се составени од два или повеќе збора (исклучок: добровечер).
    4. Разделно се пишуваат и: сѐ уште, на пример, од сѐ срце.
    Делење на зборот на крајот од редот

    Делењето се бележи со цртичка (-) во истиот ред, а во новиот го пишуваме остатокот од зборот.
    Слоговите можат да бидат отворени и затворени.
    а) Отворени се оние слогови што завршуваат на самогласка.
    ра-ка
    б) Затворени се оние што почнуваат и завршуваат со согласка.
    вер-ник
    Зборот го делиме онаму каде што завршува слогот.

    1. Кога ќе се најдат две самогласки една до друга, тие се разделуваат.
    бур-жо-а-зи-ја, пе-ат
    2. Кога ќе се најдат две согласки една до друга, тие се разделуваат.
    кос-ка, пот-тик-ну-ва.
    3. Наставките: -ски, -ство и -ствен, се пренесуваат целосно во новиот ред, без разлика дали слогот завршува на самогласка или согласка.
    тргов-ски, чув-ство
    4. Наставките: -штво, -шки, -чки, треба(не смеат да се делат)- да се пренесат целосно.
    чове-штво/, ма-шки/
    Интерпункција
    Точка (.)

    1. Точка се пишува на крајот од расказните реченици и на крајот од речениците со кои се искажува блага заповед;
    2. Правописно, точка се пишува кај скратениците;
    3. Кога набројуваме, зад редните броеви (ако се напишани со арапски цифри);
    4. Кај датумите, ако се напишани со арапски цифри, се пишува точка, а ако се напишани со римски не се пишува точка.
    Запирка (,)
    Запирка во проширена реченица

    1. Со запирка се одделуваат еднаквите делови во реченицата (подмети, предмети, атрибути), како набројување.
    Доматите, пиперките, морковите и компирите беа скапи оваа година.
    2. Апозицијата се одделува со запирка.
    Тони, мојот сосед, има убаво куче.
    3. Извиците се одделуваат со запирка.
    Оф, нешто ме боцна.
    4. Вметнатите зборови и изрази се одделуваат со запирка.
    Вие, се разбира, сте во право.
    5. Зборовите за обраќање се одделуваат со запирка.
    Мамо, јас ќе си легнам.
    6. Запирка се става и пред зборовите: то ест, односно, и тоа, како и; пред спротивните сврзници: а, ама, но, туку.
    Тој нема да дојде, т.е. не може да дојде. Јас го направив тоа, а не ти.
    7. Потврдната честица ДА и одречната НЕ, се одделуваат со запирка кога стојат на почетокот од реченицата.
    Да, ќе дојдам. Не, не доаѓам.
    Запирка во независносложената реченица

    1. Составните реченици се одделуваат со запирка, освен кога се поврзани со сврзникот И. Пред сврзникот И никогаш не се пишува запирка.
    Тој дојде, седна и почна да чита.
    2. Спротивните реченици редовно се одделуваат со запирка.
    Не зборувај, туку слушај.
    3. Разделните реченици не се одвојуваат со запирка, освен ако втората е особено истакната или реченицата е премногу долга.
    Или слушај ме, или ќе те истепам!
    4. Исклучните и заклучните реченици се одвојуваат со запирка.
    Сите дојдоа, само тој не дојде. Тој дојде, значи ме сака.
    апирка во зависносложената реченица

    1. Сите зависни реченици кога се во инверзија или се вметнати, се одделуваат со запирка.
    Кога ќе дојдеш, ќе учиме заедно.
    2. Кога се во обичен ред може, но и не мора да се одвојат со запирка. Тоа зависи од потесната или полабавата врска меѓу нив.
    3. Исказните и целните реченици никогаш не се одделуваат со запирка.
    Тој рече дека ќе дојде. Тој застана да купи леб.
    Прашалник (?)


    1. Прашалник се пишува на крајот од прашалната реченица.
    Ќе дојдеш ли утре кај мене?
    2. Се пишува зад прашални зборови и искази.
    Кога? Каде? Зошто?
    Извичник (!)


    1. Извичник се пишува на крајот од извичните реченици.
    2. На крајот од речениците со кои се искажува построга заповед.
    3. Во речениците со кои искажуваме силна возбуда.
    4. Зад извици со кои се искажуваат разни чувства или служат за имитирање звуци или животински гласови.
    Две точки :))


    1. Две точки се пишуваат пред набројување.
    Денес по распоред имаме: англиски, математика...
    2. За директен говор, пред туѓите зборови се пишуваат две точки.
    Томе рече: „Денес ќе си одиме порано“.
    Точка и запирка (;)


    1. Точка и запирка се пишува помеѓу проширени еднородни делови на реченицата, особено кога во нив има запирки.
    На состанокот ќе дојдат: Марко, претседателот на класот; Весна, заменикот и Милена, благајникот.
    2. Точка и запирка се пишува по зависни реченици кои се однесуваат на една главна.
    Кога ќе научиш; кога ќе си ја средиш собата; кога ќе ги напишеш домашните задачи; тогаш можеш да излезеш.
    3. Пред сврзниците: но, сепак, меѓутоа, може да се напише точка и запирка, особено ако во реченицата има многу запирки.
    Ние му зборувавме, му укажувавме, го молевме; но ништо не помага.
    4. Со точка и запирка се одделуваат и разни заклучоци, решенија и сл. кои се набројуваат под точки.
    1. -----;
    2. -----;
    3. -----.

    Надводници („ “)


    1. Надводници се пишуваат на почетокот и крајот на нечии туѓи зборови.
    Тој рече: „Денес добро се чувствувам“.
    Правописно, ако реченицата завршува со точка, се пишува: надводници - па точка (“.); ако завршува со прашалник, извичник, три точки, тогаш прво се пишуваат тие - па наводниците (?“)
    Тој праша: „Ќе дојдете кај мене?“
    2. Во надводници се пишуваат: наслови на книги, песни, раскази, весници, списанија, имиња на установи, претпријатија итн.
    3. Во надводници се пишуваат и зборовите кажани во спротивна смисла.
    Тој е многу „добар“. (лош)
    Загради ()


    1. Во загради се пишуваат оние зборови, изрази или цели реченици кои дообјаснуваат нешто.
    Тој бил во градот Малме (Шведска).
    2. Во загради се пишуваат забелешките (ремарките) во драмите.
    Лиле (влегува од левата страна): Добар ден!
    Црта (тире) (-)


    1. Црта се употребува наместо надводници при пренесувањето на туѓи зборови.
    - Каде си тргнала? - праша Марко. - Никаде, - одговори Каролина.
    2. Црта се пишува пред збор, израз или цела реченица што сакаме да ја истакнеме.
    Тој научи за денес, ама - попусто, професорот не го праша.
    3. Црта се става и на местото од испуштени зборови.
    Ние за волкот - а тој на врата.
    4. Црта се става пред показната заменка тоа кога се поврзуваат именскиот прирок и подметот.
    Зависта - тоа е најлошата особина на човекот.
    5. Пред показните честити еве, ене, ете и пред показните заменки тоа, ова, она се пишува црта кога со нив опфаќаме некое набројување.
    Чистиот воздух, прошетките и вежбите - тоа е мојот доручек.
    6. Меѓу броевите, наместо предлогот до може да се напише црта.
    Тие работат од 10-12 часот.
    7. Црта се пишува и меѓу две места за да се означи правецот на движењето од едното до другото место.
    Вечерва се случи сообраќајна несреќа на патниот правец Скопје - Велес.
    Цртичка

    8. Сложенките кои го чуваат своето самостојно значење се поврзуваат со цртичка.
    предлог-закон, жиро-сметка, охридско-преспански, три-четири
    9. Помеѓу двојни презимиња се пишува цртичка.
    Марија Матовска-Стојановска.
    10. При префрлување на зборовите во друг ред, пишуваме цртичка.
    Апостроф


    1. Како правописен знак, апострофот се пишува на местото на изоставен глас во зборот.
    м’гла, с’нце
    2. На почетокот од зборот пред самогласното р.
    ’рж, ’рти, ’ржи.
    Надреден знак


    1. Над самогласката е во кратката заменска форма нас нѐ, за да се разликува од негацијата не.
    Кога влеговме, не нѐ забележаа веднаш.
    2. Над самогласката е во прилогот сѐ за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се која често ја употребуваме со повратните глаголи.
    Сѐ се случи многу брзо.
    3. Над самогласката и кај кратката заменска форма од нејзе ѝ за да се разликува од сврзникот и.
    Не ѝ рече ништо и не ѝ дозволи да зборува.
    Правопис или ортографија на еден јазик е збир симболи (глифи и дијакритици) за запишување на еден јазик, како и збир правила за тоа како се запишуваат овие глифи, како спелинг (кај некои јазици) , интерпункција и капитализација.
    Во правописот спаѓа и писмото на еден јазик. Македонскиот јазик има многу помалку правописни правила од многу други јазици, од проста причина што тој, заедно со други јужнословенски правописи, е веројатно најсовршениот во светот. Англискиот јазик, од друга страна, со неговата азбука од 26 букви има согласки и самогласки, но нема глифи за нагласок. Меѓутоа секоја англиска буква може да претставува повеќе од еден звук, а секоја англиски звук (фонема) може да биде напишан со повеќе од една буква. На пример едно правописно правило за буквите е i пред e освен по c; друг пример е дека множината е пишува со буквата s без разлика дали се изговара како [ц], како во cats, или [з], како во dogs. Покрај ова, комбинациите од букви наречени диграфи, како th, всушност прествавувале еден едиствен звук во англискиот јазик. Други јазици со истата азбука може и да не ги користат истите диграфи.
    Еден од најкомплексните правописни системи се системот на јапонскиот јазик, кој користи комбинација на неколку илјади логографски знаци (кинески знаци ханце) наречени канџи, два слоговника наречени катакана и хирагана, и латиницата, ромаџи. Сите зборови можат да се напишат во речиси сите системи. Изборот на писмото зависи од ред фактори, како обичаи, читливост, и стилски избор.
    Еден правопис се смета за 'ефикасен' ако има еден глиф по звук (фонема) и обратно, но многу малку системи се волку совршени. Меѓу таквите екстремно ретки примери е македонскиот правопис.
    Правопосот кој не ги претставува сите звуци во јазикот, како оние кај италијанскиот, англискиот или арапскиот, е наречен 'дефектен'. Како неефикасните, така и дефектните правописи се потенцијален мотив за правописна реформа.
    Писма:
    Логограм
    Слоговник
    Азбука
    Абџад
    Абугида
    Правила за пишување и компоненти:
    Интерпункција
    Колација
    Големи и мали букви и капитализација
    Голема буква
    Мала буква
    Дијакритик
    Потезен редослед
    Осум јонговски принципи
    Клуч (кинеско писмо)
    ЕВЕ ВИ НЕКОИ СОВЕТИ ЗА ПРАВОПИС КОИ ЌЕ НИ ПОМОГНАТ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ
     
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Да и ја мислам дека е со Ѕ ;)
     
  15. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    ПроЅирна е сигурно. :) Нели би требало да произлегува од ѕирка, ѕиркање.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Инфаркт е правилно? :rofl:
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.141
    Допаѓања:
    56.472
    Пол:
    Женски
    Дали зборот сипува е литературен?

    Во контекст - и’ сипаше малку пиво во чашата.

    Постојано го среќавам во една книга и мене ми е чуден. :?:
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мислам дека сипа односно сипува не е литературно. Сипа е српски збор, а македонски литературен е стави.
    Пр. Јеси ли ми сипaо сок?-српски; Дали ми стави сок?-македонски.
    Очигледно преведувачот се користел со србизми :) .
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.709
    Допаѓања:
    80.859
    Пол:
    Женски
    "Инспирирана" (читај - изнервирана) од зачестеното користење на зборчево, морам да
    потенцирам:

    АТМОСФЕРА луѓе, АТ-МОС-ФЕ-РА, а не атмосвера.
    Остајте ја Вера на раат жити се'. |(
     
    На LilBaby, anneyy и Annath им се допаѓа ова.
  20. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е. Баш проверив и во учебникот по биологија, така пишува :)

    Макар во учебнициве полно грешки има :^)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.