Јас мислев дека не е, ама штотуку проверив и го има како таков во Правописниот речник. сипе, сипат, сипи, сипете, сипев, сипеа, сипел, сипен, сипејќи, сипење, сипав, сипаа, сипал, сипан. Тоа се формите во кои се менува. Сега, јас лично не би рекла никогаш - му сипав пиво. Воопшто не ми звучи литературно. Но кога ќе слушнам - Беа бесни и сите ми се сипаа на мене, некако ми има логика. Ќе треба да проверам поубаво, иако мислам дека и двата примери се на место, т.е. точни.
Множина од квасец? Квасеци не ми оди ич... а и квасци ми е чудно. Два квасца? Два квасеца? Се мислев прееска како да го напишам на списокот за намирници.
Квасци во книгите ми пишуваше мене. И да, инфаркт е правилно, коса ми се крева од инфракт кога ќе видам напишано, а повеќе пати сум налетала.
Јас мислам дека нема множина од квасец, а од друга страна во множина на google translate го преведува како квасци. И да инфаркт е правилно.
За ова со квасецов, и јас неколку пати сум го сретнала како квасци. Многу не речито ми звучи, па кога се наоѓам во ситуација да морам да го употребам користам "2 мали коцки квасец", зошто незнам дали квасци е правилната множина, но и да е, многу лошо ми звучи. Трендафилке јас за "сипа" бев сигурна дека не е литературно, никако не ми одеше особено не во делот "сипање течности", ги прашав и домашниве и они рекоа дека е србизам. Јас се извинувам за ширењето дезинформации .
Е србизам, но јас колку што знам ни СТАВАЊЕ течности не е литературно. Да ставиш нешто друго да, но течност не! Мислам дека е СИПУВАЊЕ.
Ти благодарам што не просветли , ај сеа некое од овие правила применувај и помалку грешки прави во постовите Он топик Свидетелство или Сведителство ?
Ај нешто можеби глупаво. салвета / салветка / салветки или салфета / салфетка / салфетки Мене ова второво некако повеќе ми оди. Не мислам на паломи. х)
http://www.makedonski.info/search/%D1%8 ... 0%B5%D0%BD сексапилен сексапилна Вид збор: Придавка Кој е полова привлечен. Англиски: attractive Примери: сексапилна жена.
Расплакав треба, нели? А не расплачив како што напишав јас. Ама во тој момент не ми текнуваше како треба.
Сакав да прашам, дали откај е литературен збор? Го прочитав во една книга и ми остана во сеќавање, па сега ми текна да ве прашам.