Не е , правилно е од каде, и јас по книги сретнувам чудни изрази, неправилни, особено сега во оваа што ја читам, преводот е за останување без зборови
Оф топик, Spoiler Јас имам голем проблем со србизмот.Значи со моите по дома зборувам српски,со цела фамилија,со дечко ми..а кога искачам надвор,или вака со вас треба нели да вртам на македонски..или обратно. Е тука се дешава една опасна турлитава Плус и самиов скопски дијалект си има многу србизми во него,па ми е уште потешко. Еден збор македонски еден спрски...па тек на телефон,на пример ако сум со другарки и мама ми ѕвони...абе човек пре ќе помисли шпански дека зборувам.Мајка ми многу ми се лути пошто многу често знам да се испреплетам,и да и кажам нешто у смисол-Ја сум јадела напоље.И кога ќе се слушнам што сум кажала....Ми вика боље на македонски кажи ми ,него ли со тоа твојот јазик. Е сеа мајка ми и другарките ми се најмал проблем.Туку кога треба некој формален разговор,т.е. за разговор не е проблемот ,зошто јас прилично ги знам кои се зборовите на литературно македонски,туку правописот, кога треба да напишам нешто формално,на литературно.Пола саат се мислам за некои зборови како правилно се пишуваат,и се осеќам многу неписмена. Па сакав да ви кажам...ако видите некои грешки по мои постови во правописот на македонските зборови,ве молам ако можете потенцирајте ми,за да можам што подобро да се научам.А ако видите србизми,не само како зборови ,туку и цели фрази,тоа е пошто ме мрзело да размислувам на македонски,па не се ни трудам некогаш на форумов да се ПРЕОБРАЗАМ.Наши сме си Он топик, зборовите одеднаш,однадвор,одвнатре....се пишуваат споено со од или посебно?
Добри се вака, споени Оф топик Spoiler и јас имам огромен “проблем’’ со србизмите, ги пукам насекаде, дедо ми србин, мајка ми такоџе, некако овде пробувам да сум помакедонски
Сексапил е правилно. Sex appeal. И хУлахопки не холахопки ко што читам на 5 минути. Кога сме веќе тука, едно е дизајнирани, друго е дезенирани. Сите можни чорапи на светов се дизајнирани, сеедно дали се еднобојни или со шари. Има еднобојни, клот хулахопки, а ако има шара тогаш се дезенирани.
За квасец впрочем нема множина. Тоа е именка која не се брои. Исто е како да кажеш соловите. Множина се користи, но само кога се работи за коцка квасец.
квасец - 2 Јас секогаш вака ги пишувам сите намирници. Шала настрана , ако затреба за нешто посериозно, мислам дека најправилно е да се пише 2 коцки квасец. Нешто како 2 коцки лед(не може да се каже 2 леда) на пример. Штознам.
Забележав нова тема, ,,Џонглирање‘‘. Малку ме зачуди Џ-то, јас се мислам дека е со Ж. Проверив http://www.makedonski.info/show/%D0%B6% ... 1%80%D0%B0 и со Ж е.
Не знаев каде да го напишам ова, ама сабајле на, за жал не знам кое радио, слушнав еден БИСЕР. Зборува типов, млати млати млати, се прави паметен, мудрува, па како тоа има широко познавање за музиката, бла бла бла.... И вика, сега, време е да го слушнеме хитот на неделата - Аа, ааај ееем СИКСИ енд ајјјј нооооу ит! Ама онака самоуверено си го кажува, Боже мили. Ми идеше да се јавам во редакција и да се преслушаме со тој дали е Секси или Сикси. Мислам, можеби не е правопис, ама е правоговор, работиш во радио мајка му стара, секси ако не знаеш да прочиташ, што знаеш. До каде е симнат стандардот на новинари и новинарки, после неписмени, епа ќе има.
Малку ме збуни, проверив овде http://www.makedonski.info/search/%D0%9 ... 1%9A%D0%B5 и вака пушува. Незнам дали мислиш за истиот збор.
Го видов тоа уште пред да го поставам прашањето, ама дополнително ме збрка. Крстарење е збор кој порано постојано сум го сретнувала, а сега вака во дигитални речници го нема Инаку мислам на крстарење/крстосување(?)со брод, јахта и т.н. Добро, нема врска. Ќе видам утре, ќе побарам некој правописен речник, денес не ми текна.
Доста често забележувам тука како се мешаат поимиве Фонд- основа, темел на нешто; акумулирани пари, капитал; Фонт- комп. збир на екрански или печатарски (принтерски) знаци со специфична форма; фонтот содржи иразни големини и стилови (третмани) на формата, како полуцрни и курзивни; Значи кога не можете да пишувате на кирилица го немате соодветниот фонт
Анкета на телевизија: Дали Фејсбук го сваќате озбилно? .... неможат ... (не ми текнува кој што не можеше точно) Срамота!