За сите кои ги интересира, еве корисен податок: Според правописот на македонскиот литературен јазик правилно е бурекЧилница, значи со Ч (наместо најчестата грешка во Македонија - бурекџилница). Според правописната норма, правилни се именките пиварница, млекарница, железарница, наспрема пивара, млекара, железара. Сепак, поради распространетоста сите ги употребуваат вториве форми, иако не се во духот на нормата. Но, сепак се во духот на разговорниот јазик. Тоа е.
^^Хмм видиш а сите или барем повеќето велиме бурекЏилница, добро е да се знае како е правилно. Јас од малецка сум шашардисана со јазициве, ама по македонски бев порано експерт. Е сега излегов од пракса што би се рекло, и секогаш ме буни едначењето по звучност. Град - граТче, чоколадо - чоколаТце итн. Сепак многу ме вади од такт, а ни самата не знам зошто, кога некој вели, сВаќам наместо сфаќа. Тој сваќа, јас сваќам, ајде сваќе - аќе - е - е - е... Или јас сум грешка? Или пак маскеМбал, па нели е со Н т.е. маскеНбал? Ах да, и уште едно прашање, се вели кожни панталони, чевли итн. или кожЕни? Ова во последно време ми создава проблеми Јас мислам дека се вели КОЖНИ...ама?!
Не ми иде бурекЧилница некако. Ова бурекЏилница полесно доаѓа на јазик, а секако и така се слуша. Па нели Џилница се додава, како на пример чајЏилница итн...
Не ми оди ниту на мене, ама правописот вика така. Тоа беше уште на првиот час правопис - бурекЧилница, сФати и деминутив од маст - мавца уво-увце и изненадувањето на денот: пушка.... пувче!
Правописот во главно јас си го знам. Ама колку го почитувам е тоа е прашалник. знам дека е чуВства, а не чуства знам дека незнам се пишува не знам знам дека неможам е не можам знам дека неме оставаш е не ме оставаш ама по навика пак си грешам
Многу е убаво да ја имаме оваа вредна и корисна тема на форумов.Иако ова е форум,потребно е да го користиме литературниот јазик, бидејќи сметам дека најдобра слика за оние кои виртуелно ги познаваме може да создадеме преку изразувањето на личноста.Знам дека правам грешки и сакам тие да ги поправам, никогаш не сум реагирала бурно на критиките кои ги добивам за грешките, бидејќи знам дека се добронамерни. И да, сите знаеме дека поубаво кога ќе видиме средено мислење, со соодветни зборови, а не некое со сите мали букви, без точки, запирки...
И на мене ми влегуваат во очи честите грешки на форумов , но не толку колку што ми сметаат грешките на новинарите кои водат емисии или спикерите кога читаат вести. Многу лошо звучи кога ќе изговорат со погрешен акцент или кога ги читам преводите од филмовите и ги препознавам правописните грешки . Тогаш губам контрола . Но , ништо не ми смета повеќе од тоа кога читам книга со македонски превод , па тоа е ужас . Грешка до грешка . Лошото е во тоа што денес секој може да преведува и тоа без да се лекторира , така се губи смисолот на содржината . Затоа читам книги на англиски или српски јазик . Не можам да ја поднесам таа непрофесионалност . Според моето мислење единствено професионалци треба да бидат јавни личности и така правилно ќе дојде до израз македонскиот литературен јазик . Што се однесува до разговорниот стил не ми пречи комуникација во дијалект или жаргон , неписменоста најмногу се огледува во нашите медиуми , училишта и слушајте ги нашите пратеници и ќе разберете за што ви зборувам .
Малку дискутабилно... И сама не знам како е правилно зашто сум го среќавала во двете форми. Користам филозофија, ама не сум 100% сигурна дека е правилно... Зборот значи љубам мудрост (така нешто деее), а мудрост е софија... Трендафилка да се изјасни молам
Филозофија е на англиски и на француски е со с односно s Philosophie Philosophy ( ама сепак се чита со з) Филозоф- филозофија ако било философија ќе било философ ...
И јас го употребувам филозофија. И на факултет беше дискутабилно, ретко кој професор е посветен и вистински запознаен со сите промени, јазикот е жив, отворен систем кој се менува секојдневно, а за жал, ни таму не се сите најкомпетентни. А нашиот последен правопис во актуелна употреба е близу ужасен, од него и нема што да се научи. Јас сум се определила за филозофија од проста причина што ми звучи глупаво и сосем неприродно да изговарам - филоСофи , наместо филозофи. А и на прагот на факултетот убаво си пишува - ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ Ова е едно од оние прашања - што е постаро, кокошката или јајцето, секој може да си одбере за себе. Транскрипција е една работа, ама природноста на јазикот значи да остане колку-толку во духот на народната традиција, а ние сите имаме тенденција за назализација на гласовите. Значи мојот конечен одговор е - ФИЛОЗОФИЈА. А вие како милувате.
Ова верувам дека ќе ни е од корист, дури и јас често го грешам, а многу е едноставно: Сложените релативни сврзници добиени од заменките КОЈ, ЧИЈ и ШТО се пишуваат слеано: којшто, којашто, коешто, коишто, чијшто, чијашто, чиешто, чиишто. Но одделно се пишуваат релативните сврзници: кај што, каде што, колку што, каков што, каква што, какво што, какви што. Правилно: освен што, само што, макар што, така што, НО Правилно: тукушто или штотуку (слеано секогаш).
Трендафилке да прашам јас пак... Евтино или ефтино? Секогаш сум во дилема кога треба да го напишам, па се решавам за ф, ама не знам дали го грешам. Ќе ти досадувам јас вака почесто изгледа.