Мислам дека се вака: Белгиец,Белгијка Ирец,Ирќиња Австриец,Австријка Финец,незнам ваљда Финкиња Шпанец,Шпанка Швеѓанец,Швеѓанка Едит,кој и да беше под хитно да го врати прашањето на место.Јас се намачив да одговорам,а вие сте го избришале цц
Јас бев, извинете. Додадов уште некои земји. Андора Андореец/Андоранка? Ерменија Ерменеец/Ермененка? Кипар Кипарин/Кипарка? Чешка Чешкеец/Чешкиња? Данска Данец/Данка? Естонија Естонеец/Естононка? Ирска Ирец/Иреќиња? Малта Малтеец/Малка? Полска Полец/Полскиња?
Ерменец,Ерменка Кипарец,Кипарка Чех,Чехинка Данец,Данка Естонец,Естонка Ирец,Ирќиња За овие не сум сигурна Полак,?Полка Андорец,?:Андорка Малтежанин,Малтежанка
Бидејќи на многу места ја гледам грешкава, еве и тука да ја пишам, а потоа поправам. Значи, не се вели „преВзема“, туку „презема“, без „в“. пре- е префикс (хехе, ете ви игра на зборови ), a префикс прев- не постои.
Полјак, Полјачка Ирец, Ирка, а не Иркиња Финец, Финка... -иња како суфикс го нема во македонскиот литературен јазик, барем така беше јас кога учев. Другите ти се точни
Незнам дали прашањево ми е на место, но незнаев во која друга тема да пишам. Дали знаете што значи кратенката н.б.? Еве ја реченицата во која стои тоа, од книгата Оркански Височини: „Меѓутоа, откако станав од ручекот (н.б. ручам меѓу дванаесет и еден часот; ..)“
N.B. значи nota bene, латинска фраза со значење - забележете добро, обрнете внимание... во таа смисла.
Точно, јас заради ова ИЊА си го зафркнав колоквиумот по македонски. Значи освен во ТИЊА и некои такви други зборови, ИЊА како форма нема, не постои. Женските националности се сите со КА на крај. Или со други зборови, групата ВЗ не постои во македонскиот јазик.
Како е правилно основач или оснивач? Јас мислав основач ама во книга по македонски јазик сретнав оснивач. Како е точно?
Оф, а нашава баба по македонски упорна дека е реторско, и запнала по 100 пати го повторува. Јас и реков дека е реторичко, а она не, кај си го видела тоа.
Се молат новинарите во Сител да се описменат Само денес во случајно две избрани вести прочитав: нај активни, научиме Срамота.
Може има веќе наназад, срамота знам ама сепак да си прашам.. ДетаЉ или детаЛ.. Јас искрено си пишувам детаљ, ама некој ме искорегира дека е Л..
значи еве читам веб сајтови, весници, списанија, користат со Љ.. бу! И збориме за еднина.. е сега Љ или Л ми давате различни одговори ?