Иако решивме дека е детаЉ, јас сепак мислам дека е детаЛ. ДетаЉ е на српски. Ако не ме мрзи ќе проверам
Има едно три страни во темава за детаљ уназад и веќе е утврдено според правописот дека е детаљ и детали. Можете и да прогуглате малку.
Јас прво сама ќе се коригирам.... ,,кај именките на кои основата им завршува на Љ,во множинската форма пред И не се пишува Љ,туку Л. пр.беља-бели,рубља-рубли,детаЉ-детаЛи,детаЛен,детаЉна,детаЉно,, цитирано од Правописот на Македонскиот Литературен Јазик.
Сега видов нешто и да ви кажам ... буквата Ќ приметувам ја користите каде треба и не треба. Не е ќечап туку е кечап ... не е ќерамички туку керамички, не е суќња туку е сукња и еден куп погрешни примери на форумов има. Дај поработете малку на литературниот јазик, дијалекти чувајте за дома или на улица. И да, онаа фамозна проста реченица Те сакам е правилното, а не Сакам те
Баш сега забележав во една тема, многу феминки го користат оТЦенка кој според моите сознанија е оЦенка. Може е некој дијалект за кој што не сум упатена, ама многу ми смета кога ќе го прочитам.
Ако добро паметам, пред „е“ и пред „и“ не се става ќ. А сакам те е на дијалект (најверојатно источен). И навивачите се српски, не србски.
Да прашам едно прашање што поодама сакав да го поставам. Порано користев ми се допаѓа, ми се свиѓа, а понекогаш ми се бендисува. И тука на форумов имам забележано неколку форумџики како велат ме бендисува наместо ми се бендисува. Мислам дека откако го забележав тоа можеби и јас неколку пати сум го употребила... Па нели бендисува и допаѓа би требало да е исто. На пр. Ми се допаѓа фустанот. Ми се бендисува фустанот. Нели „Ме бендисува фустанот/Фустанот ме бендисува“ би било исто како „Ме допаѓа фустанот/Фустанот ме допаѓа“? малце смешно звучи нели? Како е правилно ми се бендисува, или ме бендисува?
Иманентно е српски збор. И не е правилно ни ми се бендисува, ни ме бендисува. Правилно и литературно македонски е ми се допаѓа.