^ Српски за набљудува. И кошаркаши е на српски. Здравство, никако здраство Вчера во брзање сум го напишала второто на едно место, сега кога го видов... Туку се среќаваат, литературно е, или мора се сретнуваат?
не знам дали да се смеам за ова линков горе или да плачам не можев да оставам коментар инаку ке му напишев ...
Сепак, и јас сум некако убедена дека правилно е реторско прашање. Мислам дека во нашиот јазик е правило присвојните придавки да завршуваат на -ски, -ска, -ско. Со исклучоци (граматика - граматички и сл.). Во речник ли пишува дека е правилно реторичко прашање?
Еве ме пак малку: лакт - лакотот - лакти (исто важи и за нокт) крстарење е крстосување перцепција, но перципира корекција, но коригира сукња - здолниште монистра е мониста (без р) Полјак, Полјакинка (иња не, но -инка дефинитивно треба да навлезе) Кинез - Кинезинка (не Кинеска, за да не е исто со придавката кинеска, а и нема потреба кога постои старата наставка -инка, која треба да ја искористиме) Чехинка Малта - Малтежанец - Малтежанка. И реторичко прашање - кое се однесува на реторика.
Оштета или отштета? Јас мислев дека е правилно оштета, а во последно време се' почесто среќавам отштета.
Знам дека имаше правило дека не може да стојат три согласки една до друга, па според тоа би требало да е оштета.
Повторувам, а не пофторувам. И повториВ, а не пофториф. Често е присутно ова на форумов... Внимавајте малку повеќе на вакви „ситници“.
откако а не одкако исклучи, а не искључи уклучи, а не укључи Најмногу ме иритира што се почесто на нашите Тв можеме да слушнеме новинари кои не зборуваат литературно македонски и употребуваат зборови како искЉучи, искача и ред други.
Според мене,на форумов има слобода во пишувањето,никој не е обврзан да пишува литературно македонски, чисто од култура нели може, ако кригираме така треба секој пост да се коригира,а тоа не е фер.Може да се укаже на ептен страшна грешка, но сепак тоа некој може да го смета за навреда,повеќето од нас говориме на дијалект.А новинарите не зборуваат литературно македонски туку зборуваат ,,скопски,,,тоа им е нов јазик,со оглед на тоа што тие се меѓу првите примери како треба литературно да се зборува.
Од кога жити мајка круцијално е македонски збор?! Crucial-important or essential as resolving a crisis (смајлиштосекрсти) не можам да му се изначудам на учебников мој.. до толку ли има дебилни луѓе.. ај да речеш дека е само тоа ај ај ама исто така сретнуваш и други зборови што дури не се ни македонски?! Толку плитки професори нема да има овој свет никогаш.. Демек да изгледаат дека имаат поголемо знаење.. ма бегај таму
И двата збора постојат, но со различно значење. Оштета- да нанесеш штета некому. Отштета- да надоместиш за сторена штета.
Без оглед на тоа што сум филолог, имам некои сомневања во последно време во врска со некои работи кои многу често ги среќавам, а ми го параат увото. Знам дека има тука поупатени од мене, па би сакала да чујам (т.е. прочитам) мислења и ставови. На пример, многу необична и чудна за нашиот јазик ми е конструкцијата „Веќе од хххх евра“, најчесто во реклами за автомобили ја среќавам, а мислам дека и во други почнаа да ја употребуваат. Едноставно, не ми оди, не можам да ја склопам во духот на нашиот јазик. Тоа е попримено од хравтскиот, Хрватите си го презеле од германскиот.... Мислам, сите ја разбираме смислата, но нешто сепак многу ми отскокнува. Кажете ми, нешто јас не сум во ред со мајчиниов јазик, или не е баш во духот на македонскиот јазик?
Јас тоа го помнам како правилото -ски, -ство, -ствен... Така не заборавам каде д не се едначи по звучност. Но општо-прифатен е фактот дека во рекламите, насловите и комерцијалните говори е дозволена употреба на несекојдневни конструкции, а чиј ефект е привлекување на интересот на муштериите. Не е ова само кај нас особина, туку во секој можен јазик. Затоа и така ти изгледа, дека не е во духот на нашиот јазик. Исто така би Ве упатил и на правилото КБ, односно кој било, не било кој / каде било, не било каде / што било, не било што...