Може ли колеги филолози, да ја објасните разликата помеѓу отсега и од сега, никој ниту на факултет не се помачи да ја објасни, а мене ми е една од неразјаснетите работи, иако е малтене ситница.
Но општо-прифатен е фактот дека во рекламите, насловите и комерцијалните говори е дозволена употреба на несекојдневни конструкции, а чиј ефект е привлекување на интересот на муштериите. Не е ова само кај нас особина, туку во секој можен јазик. Затоа и така ти изгледа, дека не е во духот на нашиот јазик. Па не е дека само не ми изгледа, мислам дека не е во духот на нашиот јазик. Неприродно ми е Можеби би било во ред доколку ние немаме некој сопствен термин/израз за нештото, но во конкретниов случај сметам дека можеме да си употребиме израз „за само хххх евра“ или нешто слично на тоа....Не знам, сепак мислам дека не треба да преземаме буквално се'. Треба да се потрудиме да си го сочуваме јазикот, после Цацко ни е крив што сите употребуваме србизми или какви било други попримени зборови...
Во принцип се користи „отсега“ како прилог, а „од сега“ е затоа што природно кога се слушаш себеси како велиш „отсега“, ти личи како да велиш „од сега...“ Така барем јас мислам. Пример: Отсега па натаму (наместо од сега, па натаму)...
Јас пак мислам дека е устен (усТа) ама не сум 100% сигурна Едит: Речникот од ВОРД исто усТен го препознава како правилен:
Грррр...!!! Морав, посилно од мене беше! Се извинувам однапред Мислам дека треба да се стави крај на Ц во многу случаи - преЦедател, светЦка, градЦка...
Во учебникот пишуваше дека круцијално е збор од македонско потекло .. ? Или само беше наведен како збор ? Во вториот случај не гледам проблем бидејќи " круцијално " е латинизам и како таков е прифатен во нашиот јазик . А најсоодветен македонски збор како замена за истиот би бил " суштински " . Во различна литература различно сретнувам . И лакот и лакт . Исто и нокт и нокот . Во зависност од тоа што сакаш да кажеш . Од дамнина се однесува на нешто што датира од дамнешни , стари времиња . Леле , ова не ми се верува ни дека го коментираме
Од кога тоа прибидејќи стана збор во употреба? Ќе може ли некој компетентен да ми каже дали сум во право или не, дека овој збор е непостоечки во нашиов правопис. Притоа да,бидејќи да, ама прибидејќи бе
Според мене тоа си е измислено зборче и не постои во правописот.Многу ми е глупаво и мене.И шо значи уствари? Можи да си се користи само бидејќи наместо прибидејќи.
Исто и заприметив. И ова си е измислен збор. И многу ме нервира кога ќе прочитам пренајмногу, пренајубаво и сл. Лигавење
НЕ сакам никој да се навреди, ама многу сељачки ми делува мене, прибидејќи ајде беее, и тоа кога ќе го изговори некој се ежам целата
Не е фЛизер туку е фРизер! Колку што знам флизер е оној што ги шиша т.е. стриже овците. А ние луѓето одиме на фРизер.