Колку што ми останало во сеќавање од предавањата по мак.јазик во прва или втора година на факултет, правилно е презема без в. пре + зема = презема ПРЕ е префикс, а прев не е ниту префикс, ниту некој друг збор. А глагол взема не постои во македонскиот јазик . ЕДИТ: Грешно сум видела, мислев дека прашуваш како е правилно, но нека стои објаснувањево
Матријалната бе Не сите ама голем дел од правнициве сме си малку неписменки на моменти. А тек па изгоров, страшни сме некогаш Седам денес и читам го напишал професоров на презентацијата. Материјална! И што е правилно за пепељара, пепелотресник
Правилно е насмејаа, така? Или не е така? Мислам дека треба да е така, а во учебникот на ќерка ми за второ одделение стои насмеаја, и сега се збунив Речиси сигурна сум дека е грешка, ама па учебник за второ одделение, децата сега се описменуваат, зарем би си дозволиле такви грешки???
пепелољушпоодсончогледикикирикитресник тогаш за точак/велосипед би требало да биде меѓуножнодупетрескало
^ Оваа е барок стил.Во тој период не смееле да напишат заби туку "мебел во усната празнина" и слично.
Правилно е беСчујно бидејќи имаме едначење по звучност. Во овој случај имаме регресивна асимилација при што едначењето по звучност е според втората согласка. Значи првата согласка се адаптира според звучноста на втората, ако е безвучна и таа станува безвучна, ако е звучна и таа станува звучна. без + чујно Значи бидејќи з е звучна согласка, а втората согласка ч е безвучна, добиваме бесчујно.
Дали некој може да ми објасни како се акцентираат зборовите што завршуваат на две самогласки, како на пример „завршуваа“ . Професорката по македонски ни кажа дека во македонскиот правопис стоело дека кога на крајот од зборот стојат две самогласки тие не се делат и имаат заеднички акцент. Дали е ова точно?
^ Не сум баш сигурна, но мислам дека се делат, и се акцентираат како и секој повеќесложен збор на третиот слог од крајот на зборот. за - вр - шу - ва - а