1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Како се вика на литературно македонски каиш?
    - Околустомачен-пантолодржник.
    Сега озбилно.
    Можеби така глупичко прашанце.
    Која е разликата меѓу лекар и доктор?
    Обично кратенките се на д-р. Т.е доктор.
    Тоа значи дека лекар е србизам, или? :?:
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Елена, мислам дека и лекар и доктор се зборови кои се во широка употреба.Лекарот не е србизам. Единствена разлика меѓу нив е тоа што под поимот доктор не се подразбира само човек кој лекува(лекар), туку може да биде професор доктор на било кој факултет, доктор на науки од било која област итн.
    И двата термини се синоними, така што кој и да го употребиш, нема да направиш грешка.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Еве бидејќи Геа ти одговорила за д-р. Лекар :P :D јас ќе ти одговорам за околустомачен-пантолодржник. :D
    Јас колку што знам литературно е ремен, ама многу почесто се користи едноставно како каиш.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Кога сме веќе тука, што е разликата меѓу клиника и болница?И иронија и сарказам :!: ?
     
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Клиника мислам дека е овие посебни оддели во медицината. Како клиника за инфективни болести, клиника за пластична хирургија и тн.
    А се‘ во склоп на горенаведените оддели(клиники) се вика болница.

    И второ и иронијата и сарказмот претставуваат исмејување на некој ‘покултурен начин‘, но кога иронијата е навредлива тогаш преминува во сарказам.

    Амо грешам, поправете ме.
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    А ова незнаев каде да го ставам, ќе го пишам овде, а што е со изговорот.
    Деновиве ми ги силуваа ушите се погрешен изговор на факултет.
    типично правичники
    НАЧЕЛА, со акцент на е неместо на првото а.
    Исто и ПОСТАПКА, со акцент на првото а, наместо на о.
    една другарка често вика ОПЕРА со акцент на е, наместо на о.
    Уф се ежам повеќе од неточен изговор отколку, да го згреши во пишувања.
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    22.397
    Пол:
    Женски
    Колку се нервирам кога ќе сретнам некаде, а во последно време и овде на форумов изрази кои НЕ треба да се пишуваат заедно, а се напишани така. На пример - Несакам, неможам, братми,мајками, незнам и сл. Сите овие се пишуваат одделно луѓе!
    И да, не е гинИколог, туку гинЕколог!
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.105
    Допаѓања:
    155.732
    Добро,дали нашето сеуште,станува америчкото your,you're?! Гледам се повеќе луѓе го пишуваат како се' уште,кое контекстот го менува или го пишуваат како се'уште. До мене е,до луѓево е?!
    Сеуште го памтам од средно училиште ко прешкртан пример на табла,се уште,како неисправно во одреден контест!
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Ние го учиме како се' уште, на писмени секогаш ми го има шкртано кога сум го пишувала слеано сеуште и без надреден знак. Често повторува професорката дека се пишува се' уште :?:
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.115
    Допаѓања:
    138.005
    Јас кога бев на факултет, правилно беше се' уште, и многу убаво се сеќавам на тоа затоа што ќе паднев од столче од што не ми се веруваше. А професоров мој тешко да згрешил :)
    Е сега прашањето е кога нешто се сменило, и дали воопшто е сменето или некој не бил во право.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Според мене одговорот на ова е следниов. Д-р е меѓународна кратенка за доктор, а во секоја земја има различни називи ако одиме конкретно кај нас треба да е Л-р зошто правилно е ЛЕКАР. Не ми текнува дали во Британија или во САД викаат физицист наместо доктор, така нешто беше, а тој се пишува Др. Се зема универзалниот израз, претпоставувам. Истото и за инженер важи, она инг што е. Или економист, универзални изрази што се употребуваат во повеќето земји, а и добро што е така, човек и да не знае странски јазик за најопштото да може да се снајде.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Кога сме веќе кај правописов, постои многу добар блог, само за таа тема и има одлични и поучни постови!
    Го препорачувам на сите ;)

    http://lektormk.blogspot.com/
     
    На Annath, Hipica, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.105
    Допаѓања:
    155.732
    Ондак мене професорката ми била неписмена,а и преведувачите на книги денес и добар дел од новинарите! :D Ваљда му доаѓа ко исклучок у слеани зборови.
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.761
    Пол:
    Женски
    Сè уште си е правилно, а тоа дека во книги тешко се среќава правилно, точно си е. :D
    http://lektormk.blogspot.com/2010/10/e-e.html
     
    На Annath, Hipica, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    4.244
    За повремените грешки со правописот, особено кога се во прашање надредените знаци : è, ѝ виновни се и тастатурите и луѓето кои ја составувале македонската подршка во windows наместо è ставиле руска буква Ёё (се чита „јо„ на руски, а во албански како ` во `рж) а ѝ-то воопшто го нема. На повеќето тастаури воопшто нема ни копче ниту за погрешното Ё односно во англиска подршка ги дава овие знаци: \ |

    Па нели сега веќе има Microsoft Windows лиценциран на македонски? Зошто ова не го средиле?
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    918
    Пол:
    Женски
    Знам дека сите правиме грешки, ама овие неколку зборови не ми излегуваат од глава: гинеколоК, АЈродром, фтор :o :o :worried:
     
  17. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно што ми зачкрипе во уши беше
    пирушка :lol: наместо пирошка :)
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    4.244
    Често прават грешка каде треба односно каде не треба „ф„

    погрешно: „Тaa свати дека тој е во право.„

    правилно: „Тој сфати дека таа е во право„ :lol:

    Да се свати значи да се стане сват на свадба, сфати значи да се разбере.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    'Деси' македонски збор е?Знаете што значи,нели? :^)
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.761
    Пол:
    Женски
    Не е македонски збор, македонскиот е случи.
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.