Ако е со голема почетна тогаш може да биде лично бугарско или руско име. Има една турбофолк пеаќка од Бугарија се вика Деси Слава.
Си требала да ја пишеш целата реченица каде што си го видела зборот. Вака не знаеме што значи. Гледам пишувале дека е име, ама не мора да значи. Кај нас у Куманово се употребува деси. Пр. Знаеш ли што ми се деси? Превод: Знаеш ли што ми се случи?
Лизне. Се спзнав, се отепав. Се спзга надвор, замрзнал снегот. Дојдов за друго да прашам. Отсекогаш ме бунело ова себеси, себе си, себеси се... Ај некој постручен малку да ми разјасни.
Јас го имам слушнато во смилата на да се слизнеш, си се слизнал. А Дузи сигурна си дека постои збор себеси напишано заедно? Се сеќавам по македонски учевме за скратени форми: себе си; себе се.
Епа и тоа ме буни мене, за индиректен предмет, можеш да кажеш себеси си и себе си. Како нели, себеси си помогнав/себе си помогнав. Малку необјаснето и непотребно искомплицирано, затоа да си прашам овде. Не дека тој што треба ќе ми објасни, јас се сама треба да си укопчам. :geek:
Кога зборуваме за нас самите нешто тогаш го пишуваме одделно пр. Себе си', си реков продолжи понатаму. Во спротивно го пишуваме заедно. Пр.Се расипа и себеси и другите.
Баш беше дискутирано за себеси понапред во темава, еве го одговорот на Lioness: literatura-i-umetnost/pravopis-t1691/250.html И не се пишува надреден знак на си.
Не , грешка имаш ! Убаво ти испратиле линк погоре . Надреден знак се пишува на се ' ( кога мислиш на oна дијалектно кажано , '' све '' што ја подразбира на пример околината , светот и т . н . ) . Додека ниту на се , ниту на си како лично - повратни заменки не се пишува надреден знак .
Која беше разликата помеѓу зошто, зашто, затоа што и бидејќи. А ако има 3 реченици: Тој не отиде на училиште зошто беше болен. (ова е грешно - зошто се употребува само во прашања) Тој не отиде на училиште зашто беше болен. Тој не отиде на училиште бидејќи беше болен. Кое од овие другиве 2 е точно? Мене повеќе ми оди со затоа што.
Зошто - се користи за прашања, но и во зависни прашални реченици (а се среќава и во некои изрази). Затоа + што = зашто; - се користи во причински зависносложени реченици, како и во исказни реченици. Бидејќи - се користи во зависносложени причински реченици, за нивно поврзување. Инаку, примерот што го наведе погоре, мислам дека најдобро би одел со „затоа што“. А може некаде да се сретне и со другиве зборови.
Глупаво и обично прашање, но ете ќе се замисли човек кога ќе затупи само со факултетски книги Четвртти или четврти? Според правилото како што се сеќавам со 2 т требаше ама да си прашам...
Четврти Ама тоа што велиш со 2 т беше правилото... Некако чудно ќе четвртти . Го немам видено вака. Јас мислам дека е со едно т. И трети ќе е со едно , што знам двосмислено некако
Кога на некој збор има префикс, без пример безпари, сум зборавила и малку се бунам, -правилно беше безпари или песпари?? И за многу други ситуации, безполезно,безначајно итн, итн. БЕЗ или БЕС незнам стварно,па прашувам да не грешам веќе и да не се мислам на секоја ситуација
Правилно е со С кај беспари и бесполезно поради едначење на согласките по звучност. П е безвучна значи таа пред неа треба да се изедначи, па З преминува во безвучната од соодветниот пар. Н е звучна, така што нема потреба З да се менува во безначајно. корелативни парови звучна: б д г в з ж (-) ѕ џ ѓ безвучна: п т к ф с ш (х) ц ч ќ http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0% ... 1%81%D1%82
Значи ако добро те разбирам, зборовите кои започнуваат на безвучни согласки имаат префикс бес а звучните, без ?
Не пишува баш во прирачников за матура, а и нешто потспомна професорката - дали кога имаме избројана множина (на пр. 5 снопа) до бројот 5 имаме со снопа (1,2,3,4,5 снопа), а се натака е снопови (6,7,8... снопови)?