Не. Без разлика дали се 5, 6, 7 или повеќе имаат збирна и избројна множина. Барем ние така учевме колку што се сеќавам.
Зборот „некого“ е заменска и општа форма за директен предмет од зборот „некој“. А зборот „некој“ е заменка која се користи и пред неопределена именка (пр. некој човек, некој пријател...). Но, се користи и за нешто што не определено колку, најчесто за време или количество, (пр. некој час) или пак не е определено каков.
Вака јас сум седмо одделение и сега учиме правопис и многу сум збунета бидејќи наставничката ни вели дека треба да биде ќилим, а секаде на интернетов барам правопис и на википедија, и вика дека не треба да има ќ туку да биди килим, а од друга страна таа ни вика во кираџија треба без ќ.. диктат правиме денес па затоа да си прашам овде :\
Јас како што знам, праволно е свЕчено. Оти свечАно е србизам. Барем според песнава јас така мислам.. I uvek svecano obecam a znam da lazem u sebi
Братчед ми е од некој дијалкт, правилно е братучед ми. Свечено, тераса иако мислам дека балкон е најправилно.
Ме буни нешто, да си прашам Како е правилно, заглавје или заглавие? Јас го знам како заглавје, ама на сите онлајн речници пишува заглавие?
Како е правилно, зазема или завзема? Мислев дека е завзема , ама само што прочитав во неколку реченици без в беше.
Ова не е од правописот но има некои допирни точки.Вреди да се погледне. http://www.youtube.com/watch?v=88AkdxutbKU