И ова е една од тие дилеми Според едначење по звучност, логично би било ф => в нели, се слуша Фторник, а нормално пишуваме Вторник. Некаде го среќаваме со В, некаде со Ф, морам да кажам дека некој период интензивно го среќавав со Ф, значи ефтино, и ми беше сосем ок, се додека некој паметен не го воочи ова: Зборот потекнува од грч. „φτηνός“ (фтинос). -- Brainmachine Според транскрипцијата на македонски , правилно е ЕВТИН. Со В. УШТЕ НЕШТО (корисно) Печатар е човек кој работи во печатница, а печатач е уред кој печати...
Атмосферски притисок, атмосферска вода, атмосферски слој, предизборна атмосфера Значи и атмосфера со ф
Левучар или левичар? (малку бегам од темава зашто е до јазикот, не до правописот, ама бидна, вќе прашав)
Трендафилка ако може да ми кажеш како е правилно..."треба да се земе во предвид" или ..."треба да се земе предвид"? Професорката ми ја врати цела семинарска заради тоа во, ама мене некако не ми иде да стои само предвид?
"Треба да се земе предвид" или "Треба да се земе во вид", ако сум грешка Трендафилка нека ме поправи. И знам дека мал милион пати сум ја прашала, ама се заборавам , па Тренадафилка пак ќе те прашам Двапати или два пати?
Правилно е да се земе предвид. Ако видиш од што е составен зборот ќе биде појасно. Пред + Вид. Да се стави "во" пред овие два збора е нелогично.
Не знам дали е литературен зборов, ама ќе прашам: Имам слушнато некои викаат муабет а некои моабет. Како е?
Фемина мислам дека е два пати би стоело петпати вака ? И исто во дилема сум и јас учевме лани дека кај едно од времнињата беше минато несвршено ама глаголот од кога ќе го измениме во трето лице треба да се додаде ј на ова мислам пример : 1.Пеев 1.Одев 2.Пееше 2.Одеше 3.Пешее 3.Одеше 1.Пеевме 1.Одевме 2.Пеевте 2.Одевте 3.Пееа или Пееја ? или 3.Одеа не би требало одеја? Ама мислам нешто професорката кажуваше како помеѓу две самогласки требало да стои согласка и затоа овде во трето лице кога пишувам некогаш пишувам со ј некогаш без. Инаку минато несвршено е времево да беше свршено ќе беа испеаа и изодеа е и тие треба со ј испеаја и изодеја или како првите? Изгледа кај сите глаголи не е исто, би требало да има исклучоци, тоа сакав да знам.