Прибидејќи како збор не постои. Само бидејќи. Кога веќе сум на темава, да си кажам. Многу често слушам ВО предвид. Не е точно. Само предвид е правилно, без ВО. Не може да биде и ВО и ПРЕД. И не е маршута туку маршРута.
Тоа прибидејќи почнало да се користи на одредено говорно подрачје,или дијалект па се прифатило на повеќе места, но во не е влезено во Правописот на македонскиот јазик. Иако при говорена форма слушаме круКче, пишуваната форма на овој збор е круГче.
Да се поправам моја грешка обратно сум напишала, да нема забуни круКче е правилно, бидејчи постои едначење по звучност = круг + -че = КруКче Спојлер грешки се случуваат кога Осман го слушам во позадина
ПантолоНи, не пантоломи. Петмина, не петорица. Сукња, не суќна. (Знам дека здолниште е правилно, ама најчесто се користи суќна.) Иако споено се пишува или не? И ако, иако? Да се цитирам уште еднаш.
Е ај кажете женски, како е правилно суќна или сукња??? Од преѓе се мислам,и со сестра ми не се разбравме
Сукња е правилно. Всушност литературно е здолниште, ама многу почесто користиме сукња. А суЌна е можеби некој дијалект, затоа што многу често го гледам во модни критики зборот и многу грдо ми звучи.
Сукња е "правилно", а литературно правилно е здолниште. Зборот сукња потекнува од зборот-сукно, груба волнена ткаенина (шајак), нај често валана. Сукно има и на главата на Александар Македонски, на сребрена пара, која се смета дека ја печател Птоломеј Први, египетски владетел, пријател и генерал на Александар Македонски. Сукно била ткаенина што ја симболизирала победата над Персијците, кои во тоа време во борбите носеле сукно на главите.