^ Фала Пред некој ден ме збунија кога в библиотека ми рекоја книгата имала 200 страни Си велам не беше страници...
Веќе тоа не е правопис..Така е во во самиот изговор на зборовите,чинам едначење на согласките по звучност се викаше ова. На пр. Пишуваш еж,а изговараш еш..
Се користат и двете зависно од ситуацијата. Заради Вид збор: Сврзник (заради тоа што) Сложен сврзник за изразување причинска или причинско-целна нијанса; затоа што. Примери: Таа се јави заради тоа што сакаше да ми го слушне гласот. Слично со: зашто (сврз.) Вид збор: Предлог 1. цел, намера Примери: Засилена активноста на пазарната инспекција заради сузбивање на шверцот со цигари. 2. Причина за извршување / неизвршување на дејството. Примери: Ни пропадна планот заради вашето доцнење. Поради Вид збор: Сврзник (поради тоа што) Сложен сврзник за изразување причинска поставеност на дел-речениците. Примери: Неможев да дојдам поради тоа што патиштата беа затрупани со снег. Вид збор: Предлог 1. Означува причина како мотив за некое дејство. Примери: Поради густата магла се случија многу несреќи. 2. Цел, намера Примери: Двајцата министри имаа средба во четри очи поради усогласување на ставовите. Слично со: заради (предл.)
СУКЊА, не суќна!!! Иако здолниште е правилно, но ако веќе се користи, Њ, а не Ќ. Исто ко во спанаќ, пола луѓе упорно спаЊак го викаат.
Често се пишува било кој, било кога ... правилно е кој било, кога било; исто и така да - правилно е така што. Прибидејќи не постои зашто нема смисла! Мислам дека овој збор се појави, на некој начин, на шега. И уште нешто, дијалектизмите може да се користат разговорно, но не и во пишана форма (освен во литературата), така што мора да пишувате здолниште. Во говорот може да го користите суќна.
Абре, едно е да пишам сВаќам, наместо сФаќам, а друго е да си пишам на дијалект затоа што така ми е позгодно. "У" наместо "во" не го сметам правописна грешка, туку за дијалект, затоа што повеќето што го употребуваат свесни се дека правилно е ВО, ама ради навика во говорењето користат У. И никому не му смета, баш е симпатично. Ама кога е прочитам атмосвера и геогравија ми се плаче од мака. сФашта.
Не знам дали има некој веќе напишано, ама страшно се иритирам кога ќе прочитам суЌна и наЌит. -суКЊа, а не суЌНа -наКит, а не наЌит