Присутен или присатен ??? Читам некои научни трудови од истакнати интелектуалци и оп „...либералната традиција е присатна...“ и ко по стандард почнав да јадам бубрези како не доликува интелектуалец да употребува србизми во публкувани трудови, кога Петко се убаци со контрааргумент дека присутен (за што јас сметан дека е литературно) бил србизам, а присатен (за што јас сметам дека е србизам) било литературно. На гугл не наидов на конкретни информации, па ај некој нека ме просветли.
Јас мислам дека е присутен, затоа што е изведено од присуство, присуствува. Не е присаствува или присаство...
Како иден професор по македонски ј-к сафрава ми се крева кога ќе видам грешки од типот на незнам, сваќам, сеуште, плоштат, друк итн. Сега ја читам Страданијата на младиот Вертер од Гете и не можам да ви опишам колку правописни грешки има ! просто да не веруваш дека во книга која поминала низ лектор и коректор може да е така преведена Абе У е тоа вашето скопско... дојди Охрид да видиш дали некој вика У
Па јас и секојдневно читајќи ги дневните весници, нема еднаш да не најдам правописна грешка. Јас не знам дали некој им проверува на новинарите што пишуваат. Или им дале отказ на лекторите, навистина не знам. Туку решавам дилема, и конечно ми се реши....ако некој има контрааргумент ве молам пишете ми, во спротивен случај останувам на своето Гледам често се пишува еФтин наместо еВтин. Па се замислив и јас, бидејќи јас по инерција го пишувам со В. И си реков, да, во ред, заради едначење по звучност се слуша Ф но бидејќи е турцизам се замислив, прочепкав по речници и сепак е со В. Исто така во глава ми бие едно нешто. Охриѓанец, прилепчанец, скопјанец, чаирчанец....сето ова е со мала буква (кога се наоѓа во средина на реченица) а не со голема. Придавките исто така се со мала - македонски, англиски, француски, никогаш со голема. Но затоа пак Македонија, Франција, Словенија, Македонец, Французин, Словенец - со голема. И така Се надевам дека сум во право, дилемиве сакам да ги избришам од глава веќе
Во право си нема за што контрааргумет жители на поголеми области си се голема а овие македонски , шпански итн. си се со мала доколку завршуваат на -ски, а ако е своина на пример ако завршува на -ва, -во итн. си е со голема пр. Мариовата топка итн.
Тоа е затоа што најверојатно ниту поминала низ лектура, ниту е преведена од професионален преведувач. што е случај со најголем дел од преводите во нашиве издавачки куќи. За мизерни пари најмуваат луѓе кои го "познаваат" јазикот, а не се обучени преведувачи и кои треба да го завршат преводот со рок "треба да биде готово до вчера", а не ретко во нашиве издавачки куќи се преведува од српски и слично, без да се погледне оригиналот. Затоа си имаме книги во кои Микеланџело станал Мајкл Анџело, shortcut- кратка фризура итн итн.
И за тоа си во право ама јас после видов изданието е печатено 50 и некоја година па можно е уште јазиков наш не бил утврден немал стаж а за лектори не се ни знаело
Е сега јас значи тотално се збунив. Вака сега сакам да ги разјаснам овие поими,а досега не сум се консултирала со професорката по Македонски значи вака. Зборов сФаќа - ( разбира) се пишува со сВаќа или сФаќа? Почесто во весници сум го сретнувала и со двете букви.Но како е правилно едни пишуваат,инаку други инаку.И искрено и јас почнав да ги пишувам така со двете букви. Ако правилно се пишува сВаќа мене ме потсетува на она ( мајката од зетот и мајката од невестата се сваќи) Ај девојки просветлете ме
^^ Анна-Баннана сФаќа е правилно. Свати е сосема нешто друго. Примери еве ти: Тој сфати дека не треба да оди по тој пат. Таа сваќа сака да се меша несекаде. Edit: не видов дека thinkerbell ме претекла
Ма јас веќе одамна престанав да се замарам со тоа колку се неписмени сите. Приметувам грешки ама веќе не ни реагирам. Порано се тепав за глупости и поправав, ама веќе не. И новинари, и лектори, и филолози, и магистри и доктори на науки, се кладам и претседателот прави некоја правописна грешка. Да ви покажам скрипти од мојот факултет, пишувани од проф. д-р. ќе се изнасмеете, сестра ми е пописмена, ако пишува НАЈ убаво. Кој е писмен, за него е писмен. Кој е неписмен, пак, за него е неписмен. Си купив јас лани Речник на зборови на македонски јазик, секое зборче за кое се двоумам, си го барам таму и раат. Како да не, ќе им исправам криви дрини. Ако ме плаќаат некој ден за тоа, арно, ако не, чиао тути, нека шетаат неписмени сите.
Вчера кога ја поминував македонската граница, видов на една табла горе запишано: Добродојдовте во Република Македонија Возите внимателно и уживајте во престојот Неколку пати препрочитав за да видам дали пишува така, истото беше. Не е правилно возете или само мене така ми се чини?