Уште нешто. Не е „Сакам да е потсетам“. Туку: „Сакам да ја/го потсетам“. Иако често во нашиов дијалект се користи т.е. така го изговараме ние.
Неколку пати, во учебникот по македонски, го среќавам зборот: противставени. Пр.: - Основната сижетна линија во романот се развива врз две противставени сфаќања: ... - ... сите се прикажани од аспект на две противставени гледања на животот. - С.П. и Д.К. постојано се противставуваат еден на друг и заемно се потсмеваат. Се мисли на спротивставуваат? Од зборот спротивности/спротив?
Bо првите две реченици има значење на различни (спротивставени), а во третата во смисла се контрираат, завземаат различен став. Bо секој случај значењата се исти. И не постои збор спротив, спротивности - да.
Отсега или оттсега? Класната ни рече дека е оттсега, ама на форумов ниту еднаш не го сретнав така, а во учебникот е напишано со две Т. Како е точно?
на места или наместа? на пр. Платното беше грубо на места излитено. или Платното беше грубо наместа излитено. ?
Платното беше грубо, на места излитено. Не се пишува никако заедно, туку се чита како еден збор, бидејќи е акцентска целина. И запирка треба да има после "грубо".
Ми ја погодивте темава. Што од професионална гледна точка, што заради тоа што си сум малку така, перфекционист, отсекогаш ми пречеле овие правописни грешки. Баш пред некој ден реагирав во еден наш електронски медиум дека очајно мора да вработат лектор. Па не може човек да им ги чита текстовите без еден куп правописни грешки да му ги избодат очите (Освен тоа има и еден милион грешки во преводот, но тоа е друга тема.) И замислете, јас на најфин и најкултурен начин им давам до знаење дека еден така посетуван сајт не смее да си дозволи такви лапсузи и им давам идеи како да го подобрат и променат тоа, а тие ми враќаат меил во кој стои дека ако не сакам, не морам да го читам нивниот сајт. Па и така ќе биде.
Зборот наместа постои (го има и во македонско-англискиот речник на чичко Зозе) и во дадениот пример се користи слеано, не одделно и треба да стои запирка после грубо. Времето ќе биде облачно, наместа со повремен дожд и грмежи. Трендафилка мислам дека студираше македонски јазик, па таа може да ни каже како е точно. Спојлер Се извинувам Трендафилка ако ти ја погрешив професијата
BlackMarket нема потреба да се извинуваш. Претходно некоја фемика имаше напишано дека се пожалила на некоја веб страна за правописни грешки, па да си кажам и јас. Сто пати имам забележано дека новинарите многу често прават грешка и наместо ПЛОТУН, што значи едновремена стрелба од повеќе огнострелни оружја, пишуваат или кажуваат ПЛУТОН. Мене коса ми се крева и не можам, а да не реагирам. Имам неколку пати оставено коментар на веб страни на електронски весници и никогаш не ми го објавиле коментарот. Последно, имаше некоја статија за Тоше и пишуваше дека испукале пет ПЛУТОНИ во негова чест. Пак оставив коментар и пак ништо. Во ред, не го објавиле зошто е критика за сторена грешка, ама барем да ја попраават или да не ја повторуваат.
Е па тоа е трагедијата на нашиот менталитет. Друго е ние меѓу себе како си збориме и вака по форуми што си пишуваме на кого како му дојде, а друго е содржина од јавен карактер. И последно нешто што ме изнервира беше задачата од факултетот, каде што зборот претставува беше напишан представува, и тоа 3 пати! За мојата нервоза да биде поголема, истата задача беше ''дотерана'' со зборчето ГРАТСКИ. Значи не е грешка, туку општо непознавање на изедначувањето по звучност. На факултет ли се прават вакви грешки, срамота е. Тоа е, Sweety-Tweety, ти можеш да продолжиш да ги поправаш, но ако самите не сакаат да бидат писмени, нема лек.
Да, се пишува слеано, но може да се пишува и разделено, ако логичкиот акцент паѓа на нив. пр. Не еднаш, сто пати ти имам кажано. "Македонски правопис со правописен речник" - Крум Тошев и Блаже Конески
^ Вц школка, филџан, чаша се значењата и вака е правилно, шоља во македонски јазик не постои, иако е многу често употребуван.