Нe знам баш ама отсекогаш мислам дека зејтин и не е препорачливо да се користи во литературниот јазик.
^ Не, не, мене друго ме интересираше. Другарка ми е од друг град па се зачудив дека воопшто не ме ни разбра кога и го кажав зборов...јас цело време мислев дека се употребува во секојдневниот говор и дека е разбирлив. Тоа ме интересираше. Сепак кога зборуваме, значи при секојдневен говор, не зборуваме литературно туку со сленг Ме интересираше дали се употребува ширум Македонијава или е само во нечија локална употреба затоа што ме зачуди дека некој не би го познавал зборов. Да не е нешто ко бунела, или мисур, на пример...зборови кои знам дека ги користат гевгеличани на пример
Јас колку што сум запознаена сите знаат што е зејтин, кога идеш во било која продавница бараш зејтин а не масло Иако нели масло за готвење е литературниот израз, да се знае за какво масло се мисли.
Нешто мене што ме буни. Која е разликата помеѓу каде и кај? Исто значење имаат? Или кое е правилно: - Каде се наоѓаш? - Кај се наоѓаш? - Каде ќе одиш? - Кај ќе одиш? Мене каде ми личи како правилно, а кај кратенка некоја.
^Мислам дека за прашања и двата збора се употребуваат ,ама не и за потврдни реченици. Пр.ќе кажеш,јас сум кај некого,не може да кажеш јас сум каде некого. Значи,јас мислам дека и двата збора за прашање се употребуваат,ама само "кај" кај одговори. Каде си? -Кај баба ми.
Јас мислам дека е обратно -СВИЃА е правилно,а и дали воопшто овој збор постои во македонскиот литературен јазик?
Влада на Република Македонија. Со голема буква. Сфиѓа не е ниту со В, ниту со Ф, од проста причина што не постои таков глагол кај нас, туку - допаѓа.
Претпоставувам дека не постои,не е наш збор,но кога веќе го употребуваме мислам дека се пишува свиѓа,а не сфиѓа.
Тоа да, допаѓа е литературно. Ама кога веќе не сме до толку литературно настроени нека не извртуваат зборови. Се почесто гледам буквата Ф ја користат... дали е некој нов имиџ или што??
А бе Ацерола, нели имам пишано сфиѓа не - свиѓа да ... кој знае нема да му е проблем. Читај ме подоле во постови.
Јас па во глобала со Ф го пишувам сега дури забележав во друга тема, за зборовите што не се од наша литература не сум посветила толку внимание, ама ете, за друг пат ќе си знам што да правиш, српскиот ми е како француски