Каде можам да го купам комплетниот правопис на македонскиот јазик и отприлика која цена е? Дали е голем или мал? Ако има и помало издание која е цената ако знаете?
Последниот правопис, "новиот", мислам дека е издание 1999 година, на времето чинеше околу 300 ден. сега би требало да е поевтин. Во Просветно дело, до гимназијата ЈБТ. Не е многу голем, темно сина е корицата. Не е многу добар, патем... ама само тој си го имаме.
мијачките или Мијачките градители? (се однесува на Мијаците) Јас мислам дека би требало да биде со мала буква зашто е во функција на придавка во случајов, ама наидов на една статија (која патем е и лекторирана) и во насловот стои со голема буква
^^^ Според правописот, припадници на народи, племиња и етнички групи се пишуваат со голема буква, во случајов Влав, Ром, Мијак, но придавки изведени од географски и етнички називи се пишуваат со мала почетна буква: европски, лондонски, мариовски, брсјачки, мијачки. Мијачки градители е сепак според мене придавка изведена од етнички назив, и јас во текст би го употребила со мала буква, т.е. мијачки градители. Сепак, ако грешам нека ме поправи некој.
Пак јас Во фуснота го сретнав следново: Име, презиме на авторот, нав. дело, па после годината на издавање итн. Дали може некој да ми каже скратеницата нав.дело што заменува? Во прв момент помислив дека е како ibid во странските изданија, ама после видов дека за тоа на македонски си се употребува зборот исто, па не ќе да е тоа :/ Ако знае некој да ми одговори би му била многу благодарна
Нав.дело, значи насловот на делото/книгата, после или пред името на авторот, се става, обично во книгите е прво насловот на делото, потоа кој е авторот, годината на издавање и каде е издадено делото, зависи. Додека ibid се става кај фуснотата, op.cit. кога одредена фуснота се повторува во некоја книга пример.Но ibid не е замена за тоа нав.дело.
Да да, јасно ми е тоа, но јас го најдов како нав. дело во конкретен пример. Во книгава што ја читам има фуснота и долу пишува Анета Светиева, нав.дело, 73-74. Е сега, мене ми треба кое е тоа дело за да можам да го најдам :/ Затоа мислев да не ја има функцијата на ibid, односно претходно да не било ставено, ама не најдов дело од истата авторка во претходните фусноти и сега ептен ме збуни.
Те разбирам, веројатно тоа нав.дело се мисли на насловот на книгата, бидејки се користат само ibid и op.cit во фуснотите, како и тоа дека секое дело мора да ги има, дали е книга, семинарска и сл.Да не пак, тоа нав.дело е грешка или пак нешто што не се употребува веќе во фуснотите ?Оти само ibid и op.cit ги има сега.
Мислам дека нав. е кратенка за "наведено дело". Провери убаво да не го навеле некаде претходно во книгата, би требало да го има.
Дефинитивно мијачки градители (мијачки е придавка од Мијак, Мијаци). Придавки се пишуваат со мала буква. А ако книгата е лекторирана, за жал тоа е доказ дека сега има лектори и „лектори“. Или, пак, некој го позајмил името како лектор, а не ја ни видел. За пари има и тоа, ама тоа е веќе друга тема, како и разликата од лектор до лектор. Инаку, ова нав. дело, досега не сум го сретнала, а многу читам. Веројатно е наведеното дело, или можеби е превод некој, преведувачот така се снашол, а лекторот не ни видел. Дефинитивно презема (без в). Види и во речник.