Ве молам кажете ми сборот СЕ' (по нашки СВЕ) каков вид на збор е ( во морфолошка смисла)? фала однапред
Од што толку ги грешат работиве луѓево, понекогаш и јас си го доведувам во прашање моето знаење. А и од читање на толку погрешно напишани зборови, веќе ги занемарувам и ги прифаќам ко нормални, што ме плаши. Апел до неписмените да се описменат бидејќи не онеписменуваат и нас писмените И сега, како жртва на такви брутални неписмењаци, морам да прашам иако сум едно 80% сигурна кое е точното, дали е правилно засрами се или засрамисе? Вака напишано и повеќе сум сигурна дека е одделено, ама ај пак да си прашам. И и и, мојата вечна дилема, чуство или чувство? (Ќе ми кажете ама пак нема да запомнам и пак ќе го грешам )
^ Нимерија, ова е мое мислење, незасновано врз граматички правила и факти. Засрами се (одделно), и чувство. П.С: Незасновано заедно се пишува?
Глупо е по „тин“, а глупаво си е правилно.. А ми одат на нерви луѓето што велат „преВземено“, или „величеНствениот“ а треба „преземено“ и „величествениот“ Има доста вакви грешки со кои се лаже народот..
Помина е правописно колку што знам... А пројде, не е? Многу често се користи прошол... И за уште нешто се двоумам... Пази е србизам, а правилно е внимавај?
Накнадно и надокнадува е правилно. Во врска со ова, многу често среќавам феминки кои стомак го пишуваат како стомах. Од каде тоа?
Многу се израдував кога ја видов темава. Почнав со ред да си читам, од стр. бр. 1, но решив да продолжам некој друг ден, кога нема да имам многу работа. Браво за тој/таа што ја започна. Многу е важно да сме свесни каде грешиме, да знаеме како правилно треба да се изразуваме, да знаеме што е наше и како да си го зачуваме јазикот. Меѓутоа, треба да се направи и разлика помеѓу формалниот и неформалниот стил. Луѓе, на социјални мрежи, па и на форуми, не можете да убиете некој што пишува на дијалект, со жаргони, на латиница и со кратенки. Мене сето тоа органски ме нервира, но ете така, си се помирив дека мрежите и форумите се места за неформални средби. Можам да се потрудам да пишувам литературно, со кирилична поддршка, па дири и во мејл (поточно е-пошта). Страшното е што се случува на телевизија, во деловната комуникација, во маркетингот, па и во високото образование. Некогаш и професорите не знаат како правилно се изговара некој збор. Имаше една што, наместо „доколку“ пишуваше „во колку“ (како и „воглавном“ итн.). Меѓу најодвратните грешки, поради кои секогаш ме лазат морници се - „к“ наместо „ќ“, „сеуште“ наместо „сѐ уште“, „Вторник, Среда...“ (значи, со мала буква се пишуваат и овие, а и месеците), како и промашен изговор на тросложни и повеќесложни зборови. И едно појаснување. Кога ќе најдете во преведена книга зборови од некој дијалект, не паничете. Преку дијалектите си го збогатуваме јазикот. Сакав уште нешто да кажам ама ми избега мислата. Поздрав! П.С.: Читателката е од Скопје! :Р