Јас имам повеќе забуни. Еве на пример знам дека се пишува петти. Ама што е со тринаесетти, тринаесеттиот и другите двоцифрени броеви? Дали треба да се пишуваат со две т, или не? Потоа не знам дали е точно поддржка, или треба со едно д и со ш место ж? Имам уште некои нејасни работи, ама сега не ми текнуваат, ќе ги пишам друг пат.
Браво за темава... Не мислам дека е направена да се се навреди некој ... Едноставно сите ќе научиме нешто повеќе или ќе се потсетиме на тоа што сме го заборавиле... Поздрав до сите !!!
Редните броеви се пишуваат со двојно т. Поддржи => поддршка. не знам колку пати се обидувам да го испратам постов. Интернетов ме УБИ.
Според македонската граматика кога се работи за бројни придавки прв, први, првиот; прва, првата; прво, првото итн.; втор, втори; трет, трети; четврт, четврти; петти; НО шести; седми; осми; деветти; десетти; единаесетти... дваесетти; дваесет и први... стоти, илјаден; две илјаден; милионити; Но, кога се работи за одредена бројност за лица тогаш се употребува двајца, тројца, четворица, петина, петмина... осмина, осуммина, деветмина, десетмина, стомина, двестемина, илјадмина; Пример: Петина од учениците добија слаби оценки. Петтиот ученик доби петка. А поддршка е дефинитивно со две ДД.
Значи од 11 до 20 со две т? Овде ми беше дилемата, за другите знам. А поддршка требало, а јас си пишувам поддрЖка
А, се пишува оддамна, или од дамна?! И уште нешто, за минато определено свршено и несвршено време. Телефонира (го земам примеров зашто ич не ми е јасно) >Минато о. несвршено 1.Телефонирав 1. Телефониравме 2.Телефонираше 2.Телефониравте 3.Телефонираше 3. Телефонираа И сега како ќе биде за свршено? А во книгата примерот за свршено е.. Еднина 1. Отидов 2. Отиде 3. Отиде Множина 1. Отидовме 2. Отидовте 3. Отидоа И сеа ако напишам телефонирав, ќе биде исто ко несвршено.
Одамна мислам дека е со едно д. Телефонира е исто и во минато свршено. Пр. Веќе телефонирав таму. А несвршено: Додека телефонирав.
Во свршено е: Јас телефонирав Ти телефонира Тој телефонира Телефониравме, телефониравте, телефонираа. Ич не ми отиде умот накај другите лица
Ајде ќе се надоврзам затоа што имам прашање воедно. Телефонирав, не е минато определено несвршено? Јас се бунам тука малку, нека ме поправи некој ако знае, но ако го споредам ова со друг глагол, на пример чита Прочитав, прочита, прочитавме итн би било минато определно свршено, но Читав, читаше, читавме би било минато определено несвршено или погледав, погледа, погледавме - минато определено свршено гледав, гледаше, гледавме - минато определено несвршено А за телефонира тогаш? Како би било? Сега сум збунета. Мислам дека имаше ова врска со свршени и несвршени глаголи, ама веќе сум заборавила.
Трендафилка да се јави на должност Јас мислам дека "телефонирав, телефонира, телефонира, телефониравте..." е свршено, а "телефонирав, телефонираше, телефонираше, телефониравте..." е несвршено. Значи само второ и трето лице еднина се разликуваат.
Да, да и јас ја повикувам! Тренди - хелп! Епа некако ме буни ова телефонира во второ лице еднина, не ми иде. Ајде чекам на одговор од македонист некој, ах бре, не се ни чудам што паднав прв пат на испит кај Бојка македонски...
Епа, тогаш можеби во свршено време би било - изтелефонирав Па можеби и глаголот си е некаков посебен, што не може да се определи минато свршено и несвршено време
Е ајде де основно што учиме! Ај да беше со прости глаголи ама телефонира, регистрира. Многу се бунам...
Минато определено несвршено време или ИМПЕРФЕКТ - основното значење е искажување на дејство во одвивање, однодно траење и генерално се искажува со формите на несвршените глаголи. ед. 1. Јас телефонирав 2. Ти телефонираше 3. Тој/Таа телефонираше мн. 1. Ние телефониравме 2. Вие телефониравте 3. Тие телефонираа додека, Минато определено свршено време или АОРИСТ е искажување на заокружено дејство во еден определен момент од минатото. За образување на ова време обично се употребуваат глаголи од свршен вид, а во многу ретки случаи, најчесто во народниот говор има образување од несвршени глаголи, а би изгледало вака: Една вечер спав надвор. Три дни лежав болен. Ако од телефонира образуваме АОРИСТ би изгледало вака ед. 1. Јас телефонирав 2. Ти телефонира (наставка нема) 3. Тој/таа телефонира (наставка нема) мн. 1. Ние телефониравме 2. Вие телефониравте 3. Тие телефонираа Работата во случајов е тоа што телефонира, исто како и вечера, руча, информира итн, е т.н. двовидски глагол. Припадноста свршен-несвршен може да се определи само од контекстот во реченицата.
Аууууу браво, браво за темава! Кожата ми се ежи кога ке видам зборови со правописни грешки. Луѓе бее, описменете се еднаш па веќе! Најчесто се среќаваме со зборовите од типот на: кој - употребено за множина. КОИ е во множина аман. Кој е еднина. Па идеме, нај убав, нај добар, нај многу, се пишува заедно! Македонски не е со Ќ. Не знам, не сакам, не можам, одделно! Тука се и наЈако, поДршка наместо наЈЈако, поДДршка и така натака. Па дај да не го срамиме Блаже Конески, човекот поставил темели да се описменуваме, нема ние допрва да воведуваме правила и кодекси во македонскиот јазик.
Колку да се знае: Зборовите што завршуваат на -ски, -ство и -ствен не подлежат на регресивна асимилација, што значи : робство , а не ропство ; судски , а не сутски ; здравствен, а не здрафствен .