Знам дека Англичани се пишува со голема буква. Но, дали Англичаните е исто со голема буква? Ми создава дилема ова. Ако знае некој за сигурно нека каже.
и наведената множинска форма е со голема почетна буква. http://www.femina.mk/out/?id=1d74b6602c ... Dundefined
Подражава е литературен македонски збор? Пр: „Те подражавам во твојата одлука.“ Едит: Сега најдов дека всушност „подражава“ значи да се имитира некој, а „поддржува„ е да дава поддршка.
^ За ова прв пат читам. Не ни знаев и речиси сум сигурна дека не постои зборот „подражава“ како таков и со такво објаснување! Колку и да го има на виртуелниов речник...
Постои. Ако имитација е на некој начин интернационализам, подржавање е македонскиот синоним. Спојлер Не знам како не сте го сретнале досега во учебници по македонски јазик.
Ми треба апостроф (со ф е ?) во се, не, и. Ќе пукнам колку проклето глупаво изгледа. Исто така онаа промената по звучност е зезната. П-б, в-ф - Леб, но лепче - И аман, не е матријал, туку материјал, - Чувство, не чуство !!
Правилно е апостроф, но тоа на кое ти мислиш, а кое се користи во сè, нѐ, ѝ , не се вика апостроф, туку надреден знак. А апострофот се пишува како замена на испуштени гласови, обично и главно пред вокалното р. Пример 'рѓа, 'рти, за'ржи, итн.
Една продавница која се занимава со делови за автомобили и која па никако не можам а да згрешам да не ја видам има на својата табла напишано неколку делови од кој и филтерот, но во неговата множинска форма. Мислам дека секогаш не им верувам на моиве очи, но очигледно сакам да биде така...напишано е ФИЛТЕРИ. До кога ќе се случува ова? Исто така инженеринг, кога ќе го напишат инжињеринг. Па каде се видел овој правопис. Навистина го сакам нашиот јазик и може секогаш не зборувам литературно, но вакви кардинални грешки не правам.
Не знам дали на мојава забелешка ѝ е тука местото, ама морав да пишам. Повеќе пати на форумов имам сретнато како зборот рекламација се употребува со исто значење како реклама. Рекламација е всушност спротивно од реклама. Затоа на многу каси може да сретнете натпис Не примаме рекламации!
Сакам да кажам дека во македонскиот јазик не постои зборот ПОТЕШКОТИИ/ПОТЕШКОТИЈА , но и покрај тоа некои професори на факултетот постојано го употребуваат и тоа ужасно ме нервира..ццц.. )
еднина множина мој мои твој твои кој кои свој свои некој некои никој никои Пр. Моите другари, не мојте другари; твоите книги,не твојте.
заем, позајми... е сега како би дошло доколку "ние двајца" треба да дадеме нешто на заем? позајмиме, позејмиме, поземеме ?? Првото ми е најлогично... ама ми звучи некако како на дијалект? Другите две не се 100% Денеска се замислив баш на сред пишување порака срамота
Јас секогаш велам: Ќе ти дадам/земам на заем. Ќе ти дадеме/земеме на заем. Мислам дека вака е правилно
леле морам да го споделам ова овде намерно и го запишав сум пукнала во смеење ! На серијата на Канал 5 "Две фамилии" Класиката никогаш не ИЗУМРУВА