Мислам дека и на претходните страници имаме дискутирано за истово. Да не се повторувам, но пак ќе речам дека мислењево ти е грешно. Постои зборот опуштено и има поразлично значење од зборот отпуштено. Побарај го Македонски правопис со правописен речник од Блаже Конески, и ќе се увериш.
За зборот отпушен/опуштен, 20 пати прашав и истиот одговор го добивам. До сега ги прашував тие што ми предавале македонски јазик и ми кажувале дека правилно е отпуштен. Ако сакате направете ме неписмена, ама дома немам речник. Ако случајно ми дојде при рака, ќе видам. Затоа што кого и да прашам, џабе ми е, не можам никого да убедам. Ќе треба да сликам, за да докажам. Единствено ако не ме излажале. Опкружување и окружување, е исто. И така и така е правилно. Е па, А бе... се пишува одвоено? Јас одвоено ги пишувам. А порано се` си мислев дека се пишува маана. Мана е, така?
Не, дефинитивно. Вуала е француски збор - voilà, инаку во буквален превод значи - тука. Инаку, зборот се користи најчесто за да се побара внимание, да се искаже некакво задоволство и сл. И овој зборов „тадам“, дефинитивно не е литературен збор. Се користи во разни случаи, но најчесто да се искаже нешто што се случило наеднаш, или кога се соопштува некаква вест, но како и да е, не е литературен збор. Мислам дека е жаргон.
Мислам дека на темава и фали компетентно лице што ќе даде сигурен одговор, а не одоговори од типот јас мислам... а врска си немаат со граматика. Еве забележав грешка во коментарот над мене во врска со voilà. Според она што досега сум го учела и сретнала во литературата тој збор се употребува за повели или еве, на, а ici е буквален превод на тука.
Се согласувам со тебе дека фали компетентно лице на темава. Но сепак, бидејќи ова е форум можат сите членови да си дадат мислење за што и да е. Инаку конкретно за мојот коментар со voilà, и јас го имам учено како - еве. Но, се користи и за нештата што горе ги наведов. А го споменав тоа дека се преведува како -тука- бидејќи честопати на интернет го имам среќавано со такво значење. Како што кажав, ова е форум и секој има право на мислење, а има право и да згреши, доколку тоа се случи затоа се тука другите членови кои ќе го поправат (на пример, во некои вакви теми). ПС. Темава не е за граматика, туку е за правопис.
1. Voilà значи тука само кога после тоа ќе се додаде заменка или прилог. 2. Најчесто користено значење му е како there you have it или кога не знам, ќе направиш колач и си возбуден, оскуден превод на македонски би било: ете! 3. Може да се сретне и како кратенка за се согласувам. Односно наместо je suis d'accord или touché да се употреби voila. Markusa2 повели е tiens. Јас до сега не сум го сретнала како voila. Се извинувам ако грешам. Од мене еден апел до тие што пишуваат блогови барем. Ниту една од нас не умее правописно и литературно да се изрази на највисоко ниво, ама има многу трагични случаи што кога гледаш не може да не те заболат очи. -СписаниЈа, не списаниа; -Дезенирани хулахопки, не дизајнирани холахопки; -Кроз не е македонски збор; -Специфично, не специвично. _______________________________________________________________________ И едно прашање, конзумира или консумира? Со с некако повеќе кон бугарски ме води ама да си прашам.
[СДК] Сакам да кажам... ... не е секој експерт за сопствениот јазик, ниту го интересираат граматички правила, збороред, правопис и сл., и тоа е во ред, ајде да речам, не ти се заморува паметот со тоа. Ама кога ќе слушнам фЛизура и реЛна, верувајте коса ми се крева. Флизура бе... бев на флизер. Лично за мене, не постои полесен начин да откријам дека си тупава и неупотреблива. Флизура имала госпожата од големото добро утро... цц, од самиот збор како го пишувам значи, така ми се ежат влакненцата на раката.
[СДК] Сакам да кажам... Лелеее баш пред некој ден прочитав на фб некој беше напишал во статус флизура. Ми идеше да влезам во мониторот, да го исшамарам и избоксувам и да му кажам сељачиште едно, копук закоравен!!! А додуша и сељак си беше типот што го пиша тоа, ем од село + сељак = Сакал да се пофали дека има нова флизура, кретен недоквакан! Па како може толку да биде ограничен некој не ми е јасно. Нели проба да изговори “фриз“ или “флиз“ и да види кое поправилно звучи и дека фризура е вистинскиот збор. Или зашто некои дегени упорно викаат “страм“ наместо “срам“, после имаш примери како “страмота“ наместо “срамота“ и ред други такви. Што ви е бе луѓе? Свашта држи оваа планета, пакувам куферите и одам на Марс чим НАСА даде одобрување.
[СДК] Сакам да кажам... Што да правиме со парХет, тепиК, сТрам, тАраса, кромиТ, праС, Зид, сабаЉе, синоЈКа, и уште мал милион? Барем осново било задолжително од памтивек.
[СДК] Сакам да кажам... Ко ке слушниш некој да ги изговарат зборојве така не ми е толку трагично колку ко ќе видам напишано,на пример на форумов.Во збор ајде де да ти се испуштит така,ама свесно некој да напишит флизура или па ОхриТ ејј то е веќе
[СДК] Сакам да кажам... Не знам за вас, ама јас од возрасна жена со завршено високо образование имам слушнато бизМисмен, да не зборам за случаите каде буквата -т на крајот си ја лапнуваат како десерт (радос, младос) или пак каде -ж се заменува со -ш (надеш, падеш, копнеш)... Да...би требало на овие кутри души да им се организира бесплатен курс по македонски јазик. Греота е.
[СДК] Сакам да кажам... Да се надоврзам, мене ми се крева коса кога ќе слушнам љубоФ, крФ ( не се однесува за островот). и ред други работи. А па кога еден пост е напишан без интерпукциски знаци, точка, запорка, проред, нова реченица,катастрофа!!!!